Википедија:Во вашето училиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од WPSU)
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Поврзано:
  • Средни училишта
  1. ОХВП ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
  2. ППЃП СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  3. РЕЦС СОУ „Цар Самоил“ - Ресен
  4. СКЗЦ СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
  5. КАДД СОУГ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  6. ППКЈП СОЕПТУ „К. Ј. Питу“ - Прилеп
  7. ППМА Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
  8. КУГД Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  9. ВЕЈТ ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

  • Основни училишта
  1. ОХКР ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

mini
mini
mini
mini

„Википедија во вашето училиште“ е проект кој има за цел да овозможи поголема свесност за проектите на Викимедија во училиштата. Доколку сте наставник во некое училиште кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно вклучете се во проектот. Доколку сте википедијанец кој сака да помогне во одржување на обука за училиштата слободно вклучете се во проектот. Викимедија Македонија исто така има свои активности кои имаат за цел одржување на презентации и размена на досегашните искуства во поглед на вклучувањето на учениците во проектот, како и кратки предавања за техниката на уредување на статиите, нивната категоризација и други особености на Википедија. Сите заинтересирани со вклучување во проектот ги споделуваат своите искуства и дефинираат заеднички цели.

Постојат повеќе форми на соработка:

  • Наједноставно е да се одржи презентација на Викимедија проектите во училиштето.
  • Предавање пред ученици од училиштата заинтересирани за повеќе информации за проектите на Википедија.
  • Предавања на учениците со цел да се стекнат со основни сознанија за Викимедија проектите.
  • Организирање на работилници со практични вежби за користење на Википедија, за уредување на Википедија или на било кој друг Викимедија проект.
  • Организирање на вики-проекти во кои учениците ќе се вклучат на организиран начин во подобрувањето на содржините на Викимедија проектите.

На оваа страница ќе дознаете како наставниците ширум Македонија ја користат Википедија во образовниот процес. Учениците ја подобруваат Википедија со содржини од наставните предмети кои ги изучуваат, со помош на нивните наставници и со online помош на активните википедијанци.

mk-eduatlists.wikimedia.org е-поштенски список во кој членуваат наставниците заинтересирани за примената на Википедија во образованието.

Активности[уреди извор]

  • Подобрување на страницата за вашето училиште
  • Формирање на вики-секција во вашето училиште
  • За секој предмет правам статија која ја нема на википедија
  • Преведуваме статии на другите јазични изданија на википедија
  • Подигнуваме фотографии, карти, скици и други цртежи на Заедничката ризница со кои ги илустрираме нашите статии
  • Од бит-мапирани карти правиме векторски карти
  • Во мојата паралелка по мојот предмет секој ученик прави статија која ја нема на википедија
  • На крајот од полугодието избирам најдобра статија во мојата паралелка по секој наставен предмет
  • Се одржуваат редовни вики средби во моето училиште на кои се разменуваат искуства
  • Наши ученици се прифатени од вики-заедницата како рамноправни челнови
  • Наши ученици се промовирани во администратори на википедија
  • На крајот од школската година бираме најдобри статии кои ги направиле нашите уеници
  • На крајот од школската година бираме најактивен наставник кој работел на подобрување на википедија
  • Учествуваме на вики-конференции и семинари каде ги разменуваме своите искуства со останатите училишта

Соработка со училишта[уреди извор]

Вики проект[уреди извор]

Вики проектите се понапредна форма на соработка со училиштата, преку кои одредена група на ученици се фокусира на подобрување на содржините на википедија и останатите Викимедија проекти кои се во фокусот на нивниот интерес. Најчесто вики-проектите се раководени од наставник-ментор од училиштето кој ја координира работата на учениците, задава теми на секој ученик поединечно и врши оценка на неговата работа. Во групата е пожелно да има еден или повеќе ученици кои веќе имаат познавања во уредување на википедија како би можело останатите ученици во групата следејќи го нивниот пример, полесно да завладеат со вештините на уредување.

На Википедија на македонски јазик постојат мноштво вики проекти, а некои од нив се и проекти во кои активно учество земале и ученици во некои од училиштата со кои Викимедија Македонија има остварено соработка.

Следниве училишта се вклучени во подобрување на содржините на Википедија преку координирање на својата работа на посебна страница, вики-проект, преку која ја координираат својата работа:

  1. СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје, вики-проект ВП:ЈБТ 15/16, ВП:ЈБТ 16/17
  2. mini СОУ „Цар Самоил“ - Ресен, вики-проект РЕЦС
  3. mini ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, вики-проект ОХВП
  4. mini СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, вики-проект ППЃП
  5. СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, вики-проект СКЗЦ
  6. mini Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци, вики-проект КАДД
  7. mini СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ - Прилеп, вики-проект ППКЈП
  8. mini Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, вики-проект ППМА
  9. mini Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово, вики-проект КУГД
  10. ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, вики-проект ВЕЈТ

Вики секција[уреди извор]

Вики секциите се формираат на ниво на училиште. Училиштето обезбедува просторија каде се одвиваат активностите во рамките на секцијата. Секциите се раководени од наставниот кадар во училиштето. Членовите на вики секцијата соработуваат меѓу себе и остваруваат соработка со вики секциите од другите училишта во форма на размена на искуства, работа на заеднички проекти, учество на натпревари и сл.

Следниве училишта имаат формирано вики-секција во своето училиште:

  1. СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Скопје, вики-проект ВП:ЈБТ 15/16
  2. mini ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, вики-проект ОХВП
  3. mini СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, вики-проект ППЃП
  4. СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, вики-проект СКЗЦ
  5. mini Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, вики-проект ППМА
  6. ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес, вики-проект ВЕДЧ
  7. СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија
  8. СОУ „Перо Наков“ - Куманово
  9. СОУ „Моша Пијаде“ - Тетово
  10. mini Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  11. ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, вики-проект ВЕЈТ

Подобрување на училишната вики-страница[уреди извор]

Следниве училишта пројавиле интерес за вклучување во подобрувањето на содржините на Википедија, преку подобрување на вики-страницата на своето училиште:

  1. СОУ „Цар Самоил“ - Ресен, вики-проект РЕЦС
  2. mini ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, вики-проект ОХВП
  3. mini СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, вики-проект ППЃП
  4. СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, вики-проект СКЗЦ
  5. СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ - Битола, вики-проект БТЃН
  6. СУ „Партенија Зографски“ - Скопје, вики-проект СКПЗ
  7. АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје, вики-проект СКБП
  8. СОУ „Ванчо Прке“ - Виница, вики-проект ВИВП
  9. ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес, вики-проект ВЕЈТ
  10. СУ „Јане Сандански“ - Струмица, вики-проект СРЈС
  11. СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе, вики-проект СНКР
  12. ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово, вики-проект БЕАР
  13. СУ „Наце Буѓони“ - Куманово, вики-проект КУНБ
  14. СЕОУ „Гостивар“, вики-проект ГОГО
  15. ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес, вики-проект ВЕДЧ
  16. ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес, вики-проект ВЕКН

Избор на најактивни[уреди извор]

Фотографија од доделувањето на наградите за најактивна училишна вики секција, најактивен ученик и најактивен наставник, Охрид, септември 2013 година

Комисија за избор[уреди извор]

Комисијата за избор на најактивни училишни викисекции, ученици и наставници за учебната 2012/2013 година има за цел да ја разгледа работата на училиштата, наставниците и учениците во рамките на проектот, да ги разгледа пристигнатите номинации и да направи избор на најактивни/највредни учесници во следниве категории: училишна викисекција, ученик и наставник.

Комисијата за учебната 2012/2013 година е составена од тројца членови: проф д-р Димитар Трајанов декан на ФИНКИ, Димче Грозданоски претседател на Викимедија Македонија и Борис Попов, професор по информатика во СУГГС „Орце Николов“ - Скопје.

Комисијата може да додели прва, втора и трета награда во секоја од предвидените категории. Врачувањето на наградите ќе биде направено јавно на настан кој ќе биде организиран во текот на месец септември 2013 година.

Комисијата ги разгледа придонесите на учесниците во проектот и во соработка со наставниците задолжени за поддршка на училишните викисекции направи избор во соодветните категории.

Најактивна училишна викисекција[уреди извор]

Изборот се прави врз основа на тоа кое училиште активно пристапило кон формирање на училишната викисекција, продолжило со активности за нејзино одржување кои резултирале со создавање на училиштен википроект преку кој on-line се координира работата на менторите и учениците. Најдобро работата на училишната викисекција може да се оцени преку оценка на училишната вики-проектна страница. Ако истата е содржајна и редовно ажурирана од повеќе корисници, тоа е показател дека секцијата е со високо ниво на активност.

Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност на училишна викисекција доделена е на викисекцијата при СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, втората награда доделена е на викисецијата при СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје и третата награда доделена е на Микросам Академијата од Прилеп.

Најактивен професор[уреди извор]

Изборот се прави врз основа на тоа кој професор активно пристапил кон формирање на училишната викисекција, продолжил со активности за нејзино одржување кои резултирале со создавање на училиштен википроект преку кој on-line се координира работата на менторите и учениците, ги поттикнал наставниците и учениците активно да се вклучат во работата на викисекцијата и во подобрувањето на содржините на википедија, бил предложен од страна на мнозинството членови на училишната викисекција како најактивен професор.

Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност доделена е на Билјана Богдановска професор во СГУГГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, втората награда доделена е на Билјана Рошкоска професор во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп и третата награда доделена е на Наташа Неданоска професор во ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид.

Најактивен ученик[уреди извор]

Изборот се прави врз основа на тоа кој ученик активно учествувал во работата на училишната викисекција, помагал на останатите ученици во совладувањето на вештините за работа со Википедија, создаал мноштво содржајни статии на википедија и/или помогнал во значително подобрување на постоечките статии на Википедија, учествувал во одржувањето на училишната проектна страница, се стекнал со дополнителни привилегии и углед на Википедија препознати и потврдени од страна на постоечката локална викизаедница. Ученикот е предложен од страна на своите ментори и поддржан од своите соученици активни во училишната викисекција и на Википедија.

Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност доделена е на Благојче Дишоски од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, втората награда доделена е на Игор Костадиноски од Микросам Академија - Прилеп и третата награда доделена е на Даниел Здравески од ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид.

Панел дискусија[уреди извор]

Во рамките на петтата конференција „ICT Innovations 2013“ на 14 септември ќе се одржи панел дискусија „Wikipedia education program in Macedonia“. Учесници во дискусијата ќе бидат професори и ученици од најактивните училишни викисекции. Повеќе инфо: www.ict-act.org

Поврзано[уреди извор]