Прејди на содржината

Vagabond (манга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Vagabond
Корицата на првиот том, вклучувајќи го Мусаши Мијамото
バガボンド
(Bagabondo)
Жанрепика
историски
боречки вештини
ТворецЕиџи Јошикава
Манга
АвторТакехико Иноуе
ИздавачKodansha
Англиски издавачViz Media
ИмпринтMorning KC
СписаниеMorning
Оригинално прикажување 3 септември 199821 мај 2015 (на пауза)
Тома37
Икона за портал Портал: Аниме и манга

Vagabond (јапонски: バガボンド, македонски: Скитник) — јапонска епска манга за боречки вештини, напишана и илустрирана од Такехико Иноуе. Таа претставува измислен приказ на животот на јапонскиот мечувалец Мијамото Мусаши, заснована на романот „Мусаши“ од Еиџи Јошикава.

Објавувана е во сеинен-спизанието за манга Morning на Kodansha од септември 1998 г., со поглавја собрани во 37 тома танкобон до јули 2014 г. Viz Media ја лиценцирала серијата за англиско објавување во Северна Америка и ги има објавено сите 37 тома до април 2015 г. Серијата е на неопределена пауза од мај 2015 г.[1]

Мангата има над 82 милиони примероци во тираж, што ја прави една од најпродаваните манги на сите времиња. Во 2000 г., Vagabond ја освоил 24-тата награда за манги на Kodansha за општа категорија, како и Гран-при на шестата културолошка награда „Тезука Осаму“ во 2002 г.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Приказната започнува во 1600 г., по одлучувачката Битка кај Секигахара. Двајца 17-годишни младинци, Такезо Шинмен и Матахачи Хониден, кои учествувале на страната што претрпела пораз, лежат ранети на бојното поле.

На крајот успеваат да побегнат од таму и си ветуваат еден на друг дека ќе станат посилни. Тие наоѓаат привремено прибежиште кај една жена по име Око и нејзината ќерка Акеми, но набргу се нападнати од бандата Цуџиказе, и во хаосот на борбата, нивните патишта се разделуваат. Матахачи бега заедно со Око и Акеми. Мислејќи дека оставениот Такезо загинал во нерамноправната борба, тој се жени со Око, станува пијаница и го заборава сопственото ветување.

Меѓутоа, Такезо ја победува навалата разбојници. За да стане подобар мечувалец, тој одлучува да стане скитник и да талка по светот, предизвикувајќи ги силните противници. Но пред тоа, Такезо се враќа во своето родно место, селото Мијамото, за да ѝ соопшти на мајката на Матахачи, Осуги Хониден, дека нејзиниот син е жив. Осуги не му верува, затоа што Матахачи би се вратил дома во тој случај. Таа го обвинува Такезо за смртта на нејзиниот син, затоа што токму тој со својот пример го натерал да отиде во војна.

Селаните се обидуваат да го фатат „злосторникот“. Такезо, пак, се бори со своите прогонители, но на крајот се предава на монахот Такуан Сохо. Тој требало да го погуби, но наместо тоа го принудува да ја преиспита целта на својот живот. Од детството, момчето не знаело за љубов, навикнало да верува дека силата е единственото нешто што може да заштити и има смисла. Такуан му дава ново име за конечно да ја прекине врската со минатото — Мусаши Мијамото.

Така, Такезо Шинмен умрел тој ден, но започнала приказната за друг човек, која ќе покаже како била искована легендата за признат мајстор на мечот.

Историја на создавање

[уреди | уреди извор]

Такехико Иноуе започнал да го работи Vagabond со размислување за тоа каков всушност бил јунакот од романот на Еиџи Јошикава. За да се оддалечи од спортската манга, Иноуе сакал да создаде приказна сосредоточена на поедноставни концепти, како што се „животот и смртта“, „човечката состојба“ и слично. Наспроти попопуларните приказни за подоцнежните години на Мусаши во „просветлена состојба“, авторот сакал да покаже како еден млад човек доаѓа до тоа просветлување, оставајќи ја зад себе својата животинска природа.

Во 2009 г., авторот изјавил дека успевал да ги објавува поглавјата навреме само благодарение на екипа од пет помошници. Такехико ги цртал само ликовите, додека помошниците работеле на заднината.

  1. バガボンド (37) [Vagabond Vol. 37] (Japanese). Kodansha. Архивирано од изворникот 20 декември 2014. Посетено на 1 декември 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]