Tyne–Wear derby

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тимовите се загреваат пред почетокот на дербито.

Tyne–Wear derby е името за локалното дерби помеѓу два фудбалски клуба Њукасл Јунајтед и Сандерленд. Дербито е и меѓуградско ривалство во Северноисточна Англија помеѓу два града Њукасл и Сандерленд одалечени само десет милји меѓудругото. Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одиграл во 1883 година, а првиот натпреварувачки дуел двата клуба го имале во 1888 година во натпревар од ФА Купот, во кој Сандерленд победил со 2-1. До денес, Њукасл победил 53 пати, Сандерленд забележал 45 победи и на 45 пати играле нерешено. На последниот дуел меѓу двете екипи што се одигра на 4 март 2012 година, имаше многу искри на тернот и беа покажани два црвени картона, а натпреварот заврши 1-1 па така двата тима си поделија по еден многу важен бод во Премиер лигата.