Tool (бенд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Tool
Tool во живо.
Од лево кон десно: Кери, Кинан, Џоунс, Ченселер
Биографски податоци
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиАлтернативен метал
арт рок
пост-метал
прогресивен метал
прогресивен рок
Период на активност1990–
ИздавачиTool Dissectional
Volcano
Zoo
RCA
СоработнициA Perfect Circle
Green Jellÿ
Puscifer
Tapeworm
Мреж. местоtoolband.com
Членови
Мејнард Џејмс Кинан
Адам Џоунс
Дени Кери
Џастин Ченселер
Поранешни членови
Пол Д'Амур

Tool ━ американска рок група од Лос Анџелес. Формирана во 1990 година, составот на групата ги вклучува вокалистот Мејнард Џејмс Кинан, гитаристот Адам Џоунс и тапанарот Дени Кери. Џастин Ченселер е басист на групата од 1995 година, заменувајќи го нивниот оригинален басист Пол Д'Амур . Tool има освоено четири Греми награди, изведено турнеи низ целиот свет и продуцирано албуми на врвот на топ листите во неколку земји.

До денес, бендот има издадено пет студиски албуми, едно ЕП и еден Бокс сет. Тие се пробиле со хеви метал звук на нивниот прв студиски албум, Undertow (1993) и станале доминантен бенд во алтернативното метал движење со објавувањето на нивниот последователен албум Ænima (1996). Нивните напори да ја обединат музичката експериментација, визуелната уметност и пораката за лична еволуција продолжиле во Lateralus (2001) и 10.000 Days (2006), стекнувајќи критичко признание и меѓународен комерцијален успех. Нивниот последен петти студиски албум, Fear Inoculum, бил објавен на 30 август 2019 година, со широко критичко признание. По објавувањето, бендот продал над 13 милиони албуми само во САД.[1]

Поради вметнувањето на визуелна уметност од страна на Tool и долгите и сложени изданија, бендот е генерално опишан како стилистички-трансцендентен, и како дел од прогресивниот рок, психоделичниот рок и Арт рокот. Врската помеѓу бендот и денешната музичка индустрија е амбивалентен, и на моменти обележан со цензура и приватниот однос на бендот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tool by the Numbers: 10 Things to Know About the Band's Chart History“. Billboard. Архивирано од изворникот August 7, 2019. Посетено на August 6, 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]