Timesand

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Timesand
Во живо на Скопско лизгалиште 2004
Биографски податоци
ПотеклоСкопје/Куманово, Македонија
ЖанровиПрогресив/хеви метал
Период на активност2003-сѐ уште
ИздавачиДемо бенд
Мреж. местоwww.timesand.net
Членови
Балтик
Божо
Ице
Дојчин
Поранешни членови
Гиго (2003-2004)
Васко (2003-2004)

Timesand (се чита: Тајмсенд изведено од The Sands of Time) е прогресив/хеви метал музичка група од Македонија формирана во 2003 година.

Музиката може да се опише како премин помеѓу мелодичен хеви и прогресив метал (со прогресив и мелодичен дет металски гитарски рифови и структури во поновите песни и доминантна хармонија).

Текстовите се на англиски јазик и претежно се со тематика на живот, форми и облици на човековиот карактер, внатрешни војни и чувства.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бендот започна како мелодичен хеви метал бенд при крајот на 2002 година. Пред конечниот состав, бендот претрпе неколку измени со членовите и песнита, за Божо, Балтик, Ице и Гиго да го дефинираат идниот звук на бендот. Неколку месеци подоцна, Васко се придружува на бендот за да го комплетира составот.

Бендот започна со интензивни настапи на концерти и фестивали по државата и издаде демо ЦД Diary of Hate на почетокот на 2003 година. Дискот претежно беше самостојно дистрибуиран и со мала помош од страна на Terror Blast Distro. За брзо време дискот беше распродаден низ Македонија и исто така беше пратен на странски веб-магазини за критика. Diary Of Hate доби добри и позитивни критики од доста веб сајтови и фанзини од странските и поранешните југословенски држави и вебзини како што се Metal Observer Webzine[1], Metal Maniacs Webzine[2], Silent Scream Zine[3], Butcherian Vibe Webine[4], единствената забелешка беше за не толку добриот квалитет на снименото ЦД.

Бендот доби лојални фанови уште од почетокот, презентираќи тотално различен метал стил не толку присутен на македонската сцена.

Поради проблеми со промовирање на дискот и присуствување на проби и концерти, Васко го напушта бендот помеѓу концертите во 2004. Бендот одржа 2-3 концерти без басист, пред да се приклучат уште два басисти кои исто така го напуштија бендот пред да воопшто настапат на сцена, поради други ангажмани со бендови или факултет.

Еден од поважните настапи е како предргупа за полскиот дет метал бенд Vader во Скопје 2004 година.

Бендот настапи на уште три концерти и одлучи дека треба да се прекине со свирење и да се започне со спремање на нов материјал и воедно да се најде постојан басист.

Компониран е доволно материјал за прв албум кој ќе го заокружи стариот материјал и се планира да се издаде кон крајот на 2010 година.

Изданија[уреди | уреди извор]

Наслов Издадено
Diary Of Hate (Демо) Март, 2003

Diary Of Hate - Демо 2003[уреди | уреди извор]

Песни

  1. "Diary Of Hate" - 4:39
  2. "Towards The Absolute" - 4:05
  3. "Pale Eternity" - 4:46
  4. "Savage Tears" - 4:08

Членови на албумот

  • Балтик - Вокал / Божо - Гитари / Ице - Гитари / Васко - Бас / Гиго - Тапани

Членови[уреди | уреди извор]

Моментални членови[уреди | уреди извор]

  • Балтик - Вокал (2003-)
  • Божо - Гитари (2003-)
  • Ице - Гитари (2003-)
  • Дојчин - Тапани (2004-)

Поранешни членови[уреди | уреди извор]

  • Гиго - Тапани (2003-2004)
  • Васко - Бас (2003-2004)

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]