The Sims 3

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од The sims 3)
Симс 3 (2009-2010)

The Sims 3 е симулациска игра на животот; дел од серијалот The Sims. Издадена е на 2 јуни 2009 од Electronic Arts и е изработена од Maxis.

За играта[уреди | уреди извор]

The Sims 3, како и претходните итерации се концентрира на контролирање на животот на ваши или веќе создадени луѓе. Тие минуваат низ 7 развојни стази и потоа умираат; можат да се дружат, вработат, да имаат своја куќа и слично. За разлика од The Sims 2, цртите помеѓу екстреми на карактерот на една личност се заменети со 5 особини; персонализацијата е проширена и нема прозорци за вчитување за одење низ градот.

Понови верзии на играта вклучуваат мемории, колекција на ресурси, пливање во океанот и друго.

Додатоци[уреди | уреди извор]

Додатоците вклучуваат нови особини, интеракции и предмети.

Име Датум на издавање Особини
World Adventures 13 ноември 2009 Авантури во трите нови одредишта; откривање мистерии
Ambitions 1 јуни 2010 Нови професии: архитект, пожарникар, истражувач, стилист
Late Night 26 октомври 2010 Одење во клубови и барови; формирање група; слава
Generations 31 мај 2011 Рекреација за сите возрасти; забави, нови работи за игралишта
Pets 18 октомври 2011 Мачки, кучиња и коњи кои можат да се контролираат; натпревари
Showtime 6 март 2012 Нови професии: акробат, магионичар, пејач; јавни настапи
Supernatural 4 септември 2012 Врколаки, вештери, самовили, вампири, зомби; еликсири, магии
Seasons 15 ноември 2012 Годишни времиња и појави; температура; сезонски фестивали
University Life 5 март 2013 Одење во универзитет; учење, придружување на социјални групи
Island Paradise 25 јуни 2013 Престојување во одморалишта; пловење по океанот со пловила
Into the Future 22 октомври 2013 Одење во иднината; користење напредна технологија и превоз