The Wolf Among Us
| The Wolf Among Us | |
|---|---|
| Изработувач(и) | Telltale Games |
| Издавач(и) | Telltale Games |
| Режисер(и) |
|
| Продуцент(и) | Крис Шројер |
| Дизајнер(и) |
|
| Програмер(и) |
|
| Уметник(ци) | Дејвид Боган |
| Писател(и) |
|
| Композитор(и) | Џаред Емерсон-Џонсон |
| Серијал | Fables |
| Погон | Telltale Tool |
| Подлоги | |
| Датум на издавање | Епизода 1
Епизода 2
Епизода 4
|
| Жанр(ови) | графичка авантуристичка игра |
| Режим(и) | едноиграчки |
The Wolf Among Us (македонски: Волкот меѓу нас) — епизодна авантуристичка игра развиена и објавена од Telltale Games. Таа е заснована на серијалот стрипови Fables на Бил Вилингам, на кој му служи како предисторија. Играта се состои од пет епизоди што биле објавувани во текот на 2013 и 2014 г., а физички изданија за конзолите PlayStation 3, PS4, PS Vita, Xbox 360 и Xbox One биле достапни од ноември 2014 г.[1] Во играта, играчот го управува Бигби Волк, шерифот на Фејблтаун (англ. Fabletown) — тајна заедница сместена во Њујорк во 1980-тите, составена од разни фантастични ликови од бајките и фолклорот. Бигби мора да истражи серија загадочни убиства, кои се први што се случиле во Фејблтаун по долго време.
The Wolf Among Us добила главно потврдни одзиви за нејзиниот текст, атмосфера и карактеризација, иако била критикувана за одредени технички проблеми и некои гледишта на играчкиот процес. Во јули 2017 г., Telltale најавил дека е планирана втора сезона за 2018 г., но компанијата морала да се затвори во 2018 г. поради „ненадминливи потешкотии“, по што нејзините средства биле купени од LCG Entertainment. Една од првите оригинални игри од оваа нова компанија, која работи под името Telltale Games, ќе биде продолжението, The Wolf Among Us 2, кое било најавено во декември 2019 г.[2]
Играчки процес
[уреди | уреди извор]The Wolf Among Us е авантуристичка игра со интерфејс „посочи и притисни“, каде што на играчот му се дава можност да ја истражува околината и да општи со ликовите од гледиште на главниот лик на играта — Бигби Волк. Како и во претходната игра на студиото (The Walking Dead), играчот може да го избере понатамошниот развој на заплетот со помош на многуваријантни дијалози со другите ликови, како и преку непосредни дејства за време на играта, кои ќе влијаат не само на настаните во тековната игра, туку ќе се одразат и на развојот на следните епизоди. На пример, изборот на осомничениот или понатамошниот правец на истрагата. Како и во The Walking Dead, важните одлуки на играчот се регистрираат, а врз основа на нив се составува статистика за изборот на сите играчи, која се прикажува на крајот од секоја епизода.[3]
Приказна
[уреди | уреди извор]Дејството на играта The Wolf Among Us се случува во 1986 г., неколку децении пред настаните во првиот стрип од серијалот Fables.
Со текот на годините, многу од волшебните и мистичните земји опишани во митовите и легендите биле освоени од загадочен тиранин. За да се заштитат од непријателот, многу суштества и ликови, познати како „Бајки“ (англ. Fables), побегнале во реалниот свет и создале енклава наречена Фејблтаун, првично во колонијална Америка, а денес сместена во современ Менхетн. За да го сокријат своето присуство од луѓето (наречени „Простаци“), сите нечовечки Бајки мораат да набават волшепства што им овозможуваат да го прифатат човечкиот лик. Во спротивно, тие се преселуваат во скриена селска заедница надвор од градот, позната како „Фарма“. Бајките не ја сакаат Фармата, сметајќи ја за нешто повеќе од удобен затвор, и претпочитаат да избегаат во Фејблтаун при прва прилика. Главниот лик на играта е Бигби Волк (Bigby Wolf), попознат како Големиот Лош Волк (The Big Bad Wolf), кој е шериф на Фејблтаун и е одговорен за заштита на Бајките од остатокот од светот и за спроведување на законите во Фејблтаун.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Yoon, Andrew (2013-08-20). „The Wolf Among Us season begins early October, spans five episodes“. Shacknews. Архивирано од изворникот 2021-03-07. Посетено на 2013-09-17.
- ↑ „Why The Wolf Among Us Remains Telltale's Best Game“. Desiblitz. 4 June 2017. Архивирано од изворникот 14 август 2017. Посетено на 13 август 2017.
- ↑ Tach, Dave (2013-05-16). „The Wolf Among Us will include an 'evolution of choice' born from The Walking Dead, dev says“. Polygon (англиски). Посетено на 2025-10-08.