Трогс (англиски: The Troggs; на почеток се викале Troglodytes)[4][5] ― англиска рок-група основана во Ендовер, Хемпшир во мај 1964 година. Нивни најпознати песни биле: „Wild Thing“, „With a Girl Like You“ и „Love Is All Around“; сите тие се искачиле на врвот на американската топ-листа и во САД биле продадени во над 1 милион примероци за што добиле сертификат за „златна плоча“.[6] Песната „Wild Thing“ се наоѓа на 257-мо место на списокот од „500 најдобри песни на сите времиња“ објавен од списанието Ролинг Стоун и имала влијание врз развојот на гаражниот и панк рокот.[7]