Прејди на содржината

Ramones

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од The Ramones)
Ramones
Рамонс во живо во 1980
Животописни податоци
ПотеклоФорест Хилс, Квинс,
Њујорк, САД
ЖанровиПанк рок
Период на активност1974–1996
ИздавачиSire Records
(САД & Велика Британија, 1976–1992)
Radioactive Records
(САД, 1992–1996)
Chrysalis Records
(Велика Британија, 1992–1996)
Мреж. местоwww.ramones.com
Поранешни членови
Ди Ди Рамоун
Џони Рамоун
Џо Рамоун
Томи Рамоун
Марки Рамоун
Ричи Рамоун
Елвис Рамоун
С.Ј. Рамоун

Ramones (се чита: Рамоунс) — американска панк-рок група основана во Њујорк во 1974 година. Иако за време на постоењето имала умерен комерцијален успех, денес групата се смета за многу влијателна во панк-културата. Многумина ja посочуваат како првиот панк-рок состав.[1] Сите членови за презиме си го присвоиле псевдонимот Ramone (Рамоун); тие биле инспирирани од Пол Макартни, кој се најавувал во хотелите под името Пол Рамон. Тие одржале точно 2 263 концерти на бројните турнеи кои речиси без престан траеле 22 години. Во 1996 година, одржале проштален концерт во Лос Анџелес и се распаднале.[2]

Сите четворица оригинални членови на групата починале до 2014 година: пејачот Џои Рамон (1951-2001), басистот Ди Ди Рамон (1951-2002), гитаристот Џони Рамон (1948-2004) и тапанарот Томи Рамон (1949-2014).[3] [4] [5] [6] Другите преживеани членови од Рамонс: басистот Си Џеј Рамон (кој го заменил Ди Ди во 1989 година и останал со групата до нејзиното распаѓање) и тапанарите Марки Рамон, Ричи Рамон и Елвис Рамон, и понатаму се активни во музиката.

Рамонс се наоѓаат на 26-то место на списокот од „100 најдобри музичари на сите времиња“ објавен од списанието „Ролинг Стоун[7] и на 17-то место на списокот од „100 најдобри хард-рок-музичари“ според VH1.[8] Во 2002 година, списанието Spin ги ставило Рамонс на второ место на списокот на „Најдобри групи на сите времиња“, веднаш зад Битлси.[9] На 18 март 2002 година, основачките членови на групата и Марки Рамон, биле примени во Куќата на славата на рокенролот.[10] [11] Во 2011 година, групата добила Греми награда за животно дело.[12] [13]

Поранешни членови

[уреди | уреди извор]
  • Џои Рамон (Џефри Хајман) – пејач (1974–1996), тапани (1974); починал 2001 година
  • Џони Рамон (Џон Камингс) – гитари (1974–1996), придружни вокали (1981); починал 2004 година
  • Ди Ди Рамон (Даглас Колвин) – бас, придружен и главен вокал (1974–1989); гитара (1974); починал 2002 година
  • Томи Рамон (Томас Ердели) – тапани (1974–1978), придружен вокал (1976), продукција (1976–1978, 1984), дополнителна гитара (1976–1978); починал 2014 година
  • Марки Рамон (Марк Бел) – тапани (1978–1983, 1987–1996), придружни вокали (1981)
  • Ричи Рамон (Ричард Рајнхард) – тапани, придружни вокали (1983–1987)
  • Елвис Рамон (Клем Бурк) – тапани (1987)
  • Си Џеј Рамон (Кристофер Џозеф Вард) – бас, придружен и главен вокал (1989–1996)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Ramones (1976)
  • Leave Home (1977)
  • Rocket to Russia (1977)
  • Road to Ruin (1978)
  • End of the Century (1980)
  • Pleasant Dreams (1981)
  • Subterranean Jungle (1983)
  • Too Tough to Die (1984)
  • Animal Boy (1986)
  • Halfway to Sanity (1987)
  • Brain Drain (1989)
  • Mondo Bizarro (1992)
  • Acid Eaters (1993)
  • ¡Adios Amigos! (1995)
  1. „The Ramones“. MTV. Архивирано од изворникот на 2012-05-12. Посетено на 2009-11-05.
  2. Schinder (2007), pp. 559–560.
  3. Powers, Ann (April 17, 2001). „Joey Ramone, Raw-Voiced Pioneer of Punk Rock, Dies at 49“. The New York Times. Посетено на November 3, 2009.
  4. Pareles, Jon (June 7, 2002). „Dee Dee Ramone, Pioneer Punk Rocker, Dies at 50“. The New York Times. Посетено на November 3, 2009.
  5. Sisario, Ben (September 16, 2004). „Johnny Ramone, Signal Guitarist for the Ramones, Dies at 55“. The New York Times. Архивирано од изворникот на April 17, 2009. Посетено на November 3, 2009.
  6. „Tommy Ramone dies aged 62“. The Guardian. Australian Associated Press. July 12, 2014. Архивирано од изворникот на July 12, 2014. Посетено на July 12, 2014.
  7. Празен навод (help)
  8. „100 Greatest Artists of Hard Rock“. VH1. Архивирано од изворникот на October 25, 2012. Посетено на November 5, 2009.
  9. „50 Greatest Bands Of All Time“. Spin. February 2002. Архивирано од изворникот на August 25, 2013. Посетено на November 5, 2009.
  10. „Ramones“. Rock and Roll Hall of Fame + Museum. September 15, 2004. Архивирано од изворникот на July 10, 2015. Посетено на July 9, 2015.
  11. Vineyard, Jennifer (March 19, 2002). „Vedder Rambles, Green Day Scramble As Ramones Enter Hall“. VH1. Архивирано од изворникот на December 2, 2008. Посетено на November 5, 2009.
  12. Sterndan, Darryl (February 13, 2011). „Ramones Honoured with Lifetime Achievement Grammy“. Toronto Sun. Архивирано од изворникот на February 15, 2011. Посетено на February 13, 2011.
  13. „Ramone Family Acceptance at Special Merit Awards Ceremony“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на August 6, 2011. Посетено на February 21, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]