Човекот со златен пиштол (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од The Man with the Golden Gun)

„Човекот со златен пиштол“ (англиски: The Man with the Golden Gun) — британски филм за тајниот агент Џејмс Бонд од 1974 година, во режија на Гај Хамилтон.

Факти за филмот[уреди | уреди извор]

Филмот „Човекот со златен пиштол“ е дело на режисерот Гај Хамилтон, кој претходно режирал три филмови од серијалот за Џејмс Бонд, и тоа: „Голдфингер“, „Дијамантите се засекогаш“ и „Живеј и остави ги другите да умрат“. Главните улоги во филмот ги толкуваат Роџер Мур, Кристофер Ли, Брит Екланд, Мод Адамс, Ерве Вилшез, Клифтон Џејмс и Бернард Ли. Овој филм, е деветтото продолжение на циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Делумно, филмот е снимен според истоимениот роман на Јан Флеминг.[1] [2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Франциско Скараманга е платен убиец, познат како "Човекот со златен пиштол", кој своите жртви ги усмртува со златни куршуми. Но, тој е познат и по тоа што никогаш не ја промашува својата цел и без грешка ги завршува сите поставени задачи. Франциско добива задача да го ликвидира Џејмс Бонд.[3] [4] [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, бр. 807, 13.12.2013, стр. 3.
  2. Антена, бр. 832, 562.2014, стр. 16.
  3. Антена, бр. 807, 13.12.2013, стр. 3.
  4. Антена, бр. 832, 562.2014, стр. 16.
  5. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 26.