The Hangover

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мамурлак или The Hangover е американска комедија, на Тод Филипс. Филмот е напишан од Џон Лукас и Скот Мур, а произведен од Тод Филипс и Даниел Голдберг. Учествуваат Бредли Купер, Ед Хелмс, Зак Галифианикис, Хедер Греам, Џастин Барта и Џефри Тамбор, и е произведен од Legendary Pictures со буџет од 35 милиони долари. Дејството следи четири пријатели кои патуваат во лас Вегас за ергенска вечер, само за да се разбудат следното утро не сеќавајки се на ништо и да им фали младоженецот, чија венчавка треба да се случи следниот ден. Филмот е инспириран од вистинска животна авантура, и е пуштен во Северна Америка на 5 јуни 2009 година. Мамурлак има бруто од 467.4 милиони долари, рангирајки се како 10, во највисоко буџетен филм за 2009, и прими многу други награди и номинации.

Дејство[уреди | уреди извор]

Филмот започнува во Лос Анџелес со невестата, Трејси (Саша Барес), примајки телефонски повик од Фил (Бредли Купер) кој и кажува дека тој и останатите кумови неможат да го најдат младоженецот Даг ( Џастин Барта). Два дена пред венчавката, Даг и неговите најдобри пријатели Фил, Стју (Ед Хелмс) и набргу шурак Ален (Зак Галифианакис) возат во Лос Анџелес за ергенската забава на Даг. Таткото на Трејси, Сид (Џефри Тамбор) им го позајмува неговиот автомобил, сребрен старомоден мерцедес, за нивното патување. Четворицата земаат вила во Цезарс Палас (Caesars Palace) хотел и казино, потоа се искачуваат на кров и наздравуваат за ноќта што никогаш нема да ја заборават. Следното утро, тројцата кумови се будат во апартманот, без меморија од претходната ноќ, и набргу сваќаат дека недостасува Даг. Апартманот е во груб неред: тигар во купатило, бебе во плакар, на Сту му недостасува заб, еден од апартманските душеци е закачен надвор на статуа. Фил носи болничка алка, а во џеб има клучеви од полициски автомобил наместо од мерцедес. Додека ги навраќаат нивните постапки, докторот на локалната болница ги информира дека имале траги од руфис (погрешно изговарајки го како руфолин низ целиот филм) во нивната крв, објаснувајки ја загубената меморија, и дека биле дојдени од венчавка. Ја наоѓаат црквата, и дознаваат дека Сту, и покрај планирањето да ја запроси неговата злобна девојка Мелиса (Рејчел Харис) се венчава со Џејд (Хедер Греам), која излегува дека е мајка на бебето што е во плакар. На паркингот пред капела, тие избегнуваат напад од двајца азиски гангстери. Збунети, го посетуваат домот на Џејд и го враќаат бебето, но се уапсени од двајца полицајци кои ги обвинија за крадење нивен автомобил. Полицајците објаснија дека мерцедесот е најден. Фил преговара ослободување во замена за нивна волонтерска работа како мети за Тасер демонстрација. Потоа го добиваат чудесно неоштетениот мерцедесот од конфискација. Додека возат, откриваат гол азиец (Кен Јонг) во багажник. Човекот ги напаѓа со хебла и бега. Ален признава дека им ставил руфис во нивниот пијалок, претходната вечер мислејки дека апчињата се екстази. Се враќаат во хотелската соба и го наоѓаат Мајк Тајсон кој го бара украдениот тигар и ја слуша “In the air tonight”. Тајсон го удира Ален и им наредува да го вратат животното во неговата вила. Му даваат руфис за да можат безбедно да го стават во мерцедес, но тој се буди и ја уништува целата внатрешнст на автомобилот и го гребе Фил на врат. Го туркаат автомобилот последен километар со будниот тигар во неа. Тајсон им покажува сигурносна снимка од нив како го крадат тигарот, во обид да им помогне да го најдат Даг. Продолжувајки да бараат, тројцата уште еднаш се соочуваат со азиските насилници, кои го гураат мерцедесот во столб. Изгледа дека се водени од маж кој го најдоа во багажникот, гангстер по име Лесли Чоу. Според Чоу, кумовите имаат 80,000 долари негови пари, кои случајно ги зеле претходната ноќ кога Ален грабнал погрешен (идентичен како негов) паричник. Ноќта Чоу отишол да си ги земе парите од Фил, а тој го фрлил во багажник, барајки од него да му биде негов среќен заводник. Чоу бара да му ги вратат во замена за Даг, кој тој го киднапирал. Неможејќи да најдат пари, Ален го користи неговото знаење броење на карти да победат со играње блекџек. Подоцна, се наоќаат со Чоу, ги трампаат парите за за Даг, но Чоу киднапирал друг човек по име Даг (Мајк Епс), кој излегува дека бил дилер на дрога кој му продал на Ален руфис. Дилерот сфаќа дека тој ги измешал пакетчињата и му продал на Ален руфис по грешка. Без никаква опција, Фил е присилен да се јави на Трејси и да признае за нивниот пропуст. Од како Сту и “блек дог“имаат краток разговор, Сту одеднаш сфаќа каде е Даг. Прекинувајќи го Фил и смирувајќи ја Трејси дека се е во ред, се враќаат во Вегас. Сту им ја кажува неговата теорија дека Даг мора да е на хотелскиот покрив, одкако тоа било слична шега која Фил му ја направил на Даг во минато, и дека прозорци не се отвараат во хотели во Лас Вегас. Сту заклучува дека сигурно Даг го има фрлено душекот обидувајќи се да побара помош. Враќајки се на покривот, го наоѓаат Даг, соблечен и сериозно изгорен. Имаат помалку од четири часа до венчавката. Пред заминување, Сту се среќава со Џејд и се согласуваат дека неможат да останат венчани, но ветуваат да се видат следен викенд за да видат што ке се развие помеѓу нив. Џејд му кажува дека го извадил забот поради облог од Ален. Брзајќи кон дома, Даг ги наоѓа 80,000 долари на Чау во неговиот џеб. Пристигнуваат дома и Даг се венчава со Трејси, Фил среќно се враќа на неговата жена и син, а Сту гордо и луто раскинува со Мелиса. По завршување на забавата, Ален ја наоѓа дигиталната камера на Сту гледајки ги сите настани на кои неможеа да се сетат, и сите четворица се согласуваат да ги изгледаат фотографиите само еднаш пред да ги избришат доказите. На крај, сликите од камерата се покажани.


Учествуваат:

Бредли Купер како Фил Венек, најдобар пријател на младоженецот, училишен наставник на кој му е досаден брачниот живот. Ед Хелмс како Сту Прајс, е заболекар заглавен во лоша врска, пријател на младоженец. Зак Галифианакис како Ален Гарнер, кој набрзо ке биде шурак на младоженец. Џастин Барта како Даг Билис, набрзо ке биде младоженец кој е одведен во Вегас од негови 3 најдобри пријатели само за да биде изгубен откако ке бидат дрогирани. Хедер Греам како Џејд, љубезна стриптизета и самохрана мајка. Саша Барес како Трејси Гарнер, невеста. Рејчел Харис како Мелиса, омразена девојка на Сту. Џефри Тамбор како Сид Гарнер, татко на невеста. Брајан Колен како Еди Палермо, сопственик на капелата. Роб Ригл како полицаец Френккин, кој ги се одмаздува одкако ке украдат полициски автомобил. Клео Кинг како Лесли Чоу, Вегаски гангстер кој ги бара изгубените пари и навидум го киднапира Даг. Мајк Епс како “блек дог“ дилер на дрога сменет со Даг Билингс. Џернард Брукс како Леонард, десна рака на Мајк Тајсон. Иан Антони Дејл како Чоу број 1. Џилиан Вигмен како Стефани Венек, жена на Фил. Сондра Кури како Линда Гарнер, мајка на невеста. Натали Феј како Лиса, хотелска собарка во Цезарс Палас. Непознат како Тајлер, бебето на Џејд, кого дечките го викаа Карлос.

Кратки појавувања[уреди | уреди извор]

Мајк Тајсон како самиот себе. Тајсон не бил заинтересиран за проектот додека не дознал дека Тод Филипс раководел со “Old School”, кој Тајсон го обожавал. Тод Филипс, филмскиот директор, како г-дин Крипи, кој храбро се појавува во лифт носејќи очила за сонце и е придружен од жена. Мајк Валели како Неко, како човек во брза испорака. Вејн Њутон како самиот себе. Керот Топ како самиот себе. Ден Финерти и Ден Бенд, свадбен бенд. Лусинда Џени во незборувачко прикажување, како кумовите се приближуваат на блекџек маса, камерата снима преку Џени.

Пишување[уреди | уреди извор]

Дејството наводно е инспирирано од вистински настан кој му се случил на Трип Винсон, пријател на извршниот продуцент на Мамурлак, Крис Бендер. Винстон исчезнал од негова ергенска забава во Лас Вегас, будејки се во стриптиз клуб со премногу голема сметка која тој треба да ја плати. Оригиналното сценарио напичано од Џон Лукас и Скот Мур беше продадено на Ворнер Брос (Warner Bros) за повеќе од 2,000,000 долари. Приказната беше за тројца пријатели кои го губат младоженецот во Вегас на негова ергенска забава и потоа мора да реконструираат што се случило. Сценариото беше преправено од Џереми Гарлик и директорот Тод Филипс, кој ги додал Мајк Тајсон, негов тигар, бебе, и полициско патролно возило.

Распоредување[уреди | уреди извор]

Хелмс, Галифианакис и Купер биле случајни познаници пред Мамурлак да се сними, на што Хелмс рекол дека верува тоа ке им помогне за ја воспостават однос и хемија помеѓу нивни ликови. Хелмс призна на Филипс за донесување три момци кои се многу различни, но навистина го цени меѓусебниот хумор и осетливост. Хелмс исто така рече дека приказна за три лика кои се збижуваат покажа со пријателство помеѓу трите актери: како поминуваш по 14 часа заедно за три месеци, гледаш многу старни на некого. Поминавме низ многу работи заедно, и тоа не направи вистински пријатели.

Снимање[уреди | уреди извор]

Петнаесет дена снимање се случиле во Невада.

Хелмс рече снимање на Мамурлак бараше повеќе физички напор за разлика од другите негови улоги, и дека изгубил единаесет килограми. Рече дека најтежок ден на снимање му била сцената со г-дин Чау го удира неговиот автомобил и го напаѓа главниот лик, за што Хелмс рекол дека тоа бара многу обиди и дека било болно, како неколкуте удари и повлекување од прозор при што ги повредил колената. Исчезнатиот заб не е визуелно направен, туку е природно: на Хелмс тој заб никогаш не му израснал, и ставил забен имплант како тинејџер кој бил отстранет за снимање. Во поглед на јасните снимки во последниот слајд шоу каде ликовите примаат фелацио во лифт, Галифианакис потврдил дека протетика била употребена за сцената, и дека тој бил засрамен најмногу од сите додека ги креирале тие фотографии. „Ке помислите дека нема да бидам јас тој што ке е посрамен, но бев. Не го ни сакав тоа таму. Понудив многу пари на асистентот на Тод да го убеди да го извади тоа од филмот. Но тоа сепак беше таму“ Сцените вклучуваат животни, повеќе тренирани животни. Тренери и безбедносна опрема дигитално се отстранети од последната верзија. Животни како тигар што беше сокриен на плочки и беше носен како багаж.


Музика[уреди | уреди извор]

Музика за филмот ја компонирал Кристоф Бек. Филмот има оклу 20 песни, кои се содржат од музика на Кени Вест, Дислексис Спидридерс, Дензинг, Донас, Ашер, Фил Колинс, Бел Старс, Т.И. Вуфмадер и Дан Бенд. Дан Бенд имаше верзија од синглот на 50 Сент, Candy Shop. Right Round на Фло Рида е пуштена на крај. Филмот ја користи песната на Кени Вест, Can’t Tell Me Nothing за која Зак Галифианакис направил алтернтивно музичко видео.

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Филмот имал неколку промоции и соработници. Хотелот Цезар Палас кој се појавува во филмот, и нивен соработник казино хара, му понудиле посебен договор како и ресторанот за брза храна Вајт Касл и компанијата “Peter Thomas Roth”.

Благајна[уреди | уреди извор]

Мамурлак докажа дека е финансиски успех. На првиот ден на пуштањето филмот достигнал 16,734,033 долари, победувајќи го високио буџетен Land of the Lost. На крајот од викендот, Мамурлак имал 44,979,319 долари. Од 17 декември 2009 година, филмот заработил 277,322,503 долари кои сочинуваат само 16.2% од негиот домашен пазар. Направи дополнителни 190,094,219 долари од меѓународниот пазар, а вкупно 467,416,722 долари од целиот свет, што го направи шести назаработувачки филм во 2009 година во Америка.

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот примил повеќе позитивни критики. Испитувачката веб страна Ротен Томатосен изјавила дека 78% од дадените критики се позитивни, базирани на 203 испитаници. Веб страната Метакритик, која користи нормализиран гласачки систем, филмот добил рејтинг од 73/100. Филмски критичар Роџер Еберт му дал три и пол ѕвезди од четири. Мамурлак е смешен филм. Секоја ситуација е смешна. Повеќето дијалози се смешни. Мајкл Срагоу во неговата критика за Балтимор Сан, го нарекол филмот „расипана дупка од евтина вештина и вулгарност“. Многу критичари го забележаа слабиот развој на ликови, посебно женските. Исто така приговараа за женомрзие и стереотипи, посебно за аискиот гангстер.


Награди и номинации[уреди | уреди извор]

На 17 јануари 2010, Мамурлак прими Златен Глобус за најдобра кинематографија-музичка или комедија. Именуван е како еден од најдобрите десет филмови од Американски филмски институт. Филмот освои Најдобар ансамбал од Детроит филмско критичко општество. Сценариото беше номинирано за Writers Guild of America и BAFTA награда.