The Cult

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Cult
The Cult на настап во 2018 година
Животописни податоци
Познат(а) и какоDeath Cult (1983–1984, 2023)
ПотеклоБрадфорд, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1983 (1983)–1995
  • 1999–2002
  • 2006–денес
Издавачи
Мреж. местоthecult.us

The Cult англиска рок-група основана во Брадфорд во 1983 година. До јануари 1984 година настапувале под името Death Cult, што било еволуција на името од претходната група на фронтменот Ијан Астбери, Southern Death Cult. Кон средината на 1980-тите во Обединетото Кралство имале многу приврзаници и биле познати како пост-панк и готик-рок-група, а кон крајот на 1980-тите успеале да се пробијат во САД каде се етаблирале како хард-рок-група. Групата често го менувала составот; членови со најдолг стаж се Астбери и гитаристот Били Дафи, а тие двајцата биле и главни текстописци на групата.

Групата објавила вкупно 11 студиски албуми.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоци (1981-1984)[уреди | уреди извор]

Во 1981 година, во Брадфорд, фронтменот и текстописец на групата Иан Астбери основал група под името Southern Death Cult.[1] На Астбери му се придружиле гитаристот Баз Бароус, басистот Бери Џепсон и тапанарот Аки Наваз Куреши; првиот концерт го имале во нивниот роден град Брадфорд на 29 октомври 1981 година.[2] Групата била пионер на пост-панк и готик-рок музиката и успеале да добијат признание од критиката и приврзаници од љубителите на таа музика.[2]

Во 1983 година, Астбери ја растурил групата и со гитаристот Били Дафи ја основал групата The Cult, прво под името Death Cult. Покрај Астбери и Дафи, во групата членувале: басистот Џејми Стјуарт и тапанарот Рејмонд Тејлор Смит (подоцна познат како Реј Мондо). Во септември 1983 година, Мондо бил депортиран во неговата родна земја Сиера Леоне и како негова замена дошол Најџел Престон. Синглот „ Gods Zoo “ беше објавен во октомври 1983 година.

Првиот студискиот албум на The Cult, Dreamtime, бил објавен во 1984 година. Албумот содржел неколку песни изведени под името Death Cult и се пласирал на топ-листите во ОК.

Успех на поп-сцената (1985-1990)[уреди | уреди извор]

Во јуни 1985 година, по неговото сè понепредвидливо однесување, Престон бил отпуштен од групата. Тапанарот од Биг Кантри, Марк Бжезицки, бил избран како замена за Престон, а исто така се појавил и во спотот за песната „She Sells Sanctuary“. The Cult го завршиле снимањето на нивниот втор студиски албум, Love во јули и август 1985 година. Музиката и имиџот на групата биле префрлени од нивните панк-корени кон стил под влијани од психоделијата од 1960-тите. Love успешно котирал на топ-листата, и успеал да стигне до 4-то место во Обединетото Кралство каде што бил продаден во 100.000 примероци.[3] Во светски рамки албумот бил продаден во над два и пол милиони примероци. Од албумот произлегле два хита Rain и повторно снимената Revolution. Со Electric, нивниот трет албум, кој го продуцирал Рик Рубин, The Cult развиле нов, погруб стил на хард-рок музиката и стекнале нова публика.

На концертите во САД, Тhe Cult, тогаш во состав: Астбери, Дафи, Стјуарт, Ворнер и Кид Хаос, биле поддржани од тогаш непознатата група Guns N' Roses. Во јуни 1987 година, групата се појавила и на фестивалот Роскилде во Данска. На крајот од турнејата, албумот Electric веќе имал златен сертификат во ОК и бил продаден во околу 3 милиони примероци ширум светот, но во групата се појавило големо нетрпение меѓу членовите. Хагис ја напуштил групата на крајот од турнејата. Астбери и Дафи го отпуштиле Ворнер и му дале отказ на менаџерски тим на групата. Заедно со Стјуарт се преселиле во Лос Анџелес. The Cult потпишале нов менаџерски договор и напишале 21 нова песна за нивниот следен албум.

За следниот студиски албум, Стјуарт свирел бас-гитара, а Џон Вебстер бил доведен за да свири на клавијатури. За време на пробите и за снимањето на демо-снимки, Крис Тејлор бил на тапани, а идниот тапанар на Kiss Ерик Сингер ја презел таа улога за време на втората демо-сесија. The Cult потоа како тапанар за сесијата го ангажирале Мики Кари, а аранжерот на звук од Aerosmith, Боб Рок, бил ангажиран како продуцент. Албумот Sonic Temple бил сниман во Ванкувер од октомври до декември 1988 година, а бил објавен во април следната година. Албумот се пласирал во топ-10 и во ОК и во САД, каде бил сертифициран со злато и платина, соодветно.

Во Европа, групата била на турнеја со Aerosmith, а во САД, откако објавиле уште еден сингл „Sun King“, 1989 година ја поминале на турнеја како поддршка за Металика пред започнат своја турнеја подоцна истата година. Во февруари 1990 година, татко му на Астбери починал од рак; како резултат на тоа бил откажан преостанатиот дел турнејата. По завршувањето на турнејата, групата била на раб на распаѓање поради тоа што Стјуарт се повлекол од музиката и се преселил во Канада за да биде со неговата сопруга, а Сорум заминал да им се придружи на Guns N' Roses.

Ceremony и тужба (1991–1993)[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, Астбери и Дафи го спремале нивниот следен студиски албум. Албумот Ceremony добил мешана критика, а ниту продажбата на албумот не била толку добра како нивните претходни три студиски албуми; бил продаден во само околу еден милион примероци ширум светот. Од албумот биле објавени само два официјални сингла: „Wild Hearted Son“ и „Heart of Soul“.

Групата била тужена од родителите на индијанско момче прикажано на сликата од корицата на албумот Ceremony, за наводна експлоатација и за неовластена употреба на ликот на детето. Родителите изјавиле дека момчето чувствувало дека е проколнато поради тоа што групата ја палела неговата слика и дека се здобило со „емотивни лузни“.[4] Оваа слика на момчето била запалена и во спотот за песната „Wild Hearted Son“. Поради оваа тужба било одложено објавувањето на Ceremony во многу држави.

The Cult и прво распаѓање (1994–1998)[уреди | уреди извор]

Во октомври 1994 година, со истата постава, групата го издала албумот The Cult,[5] [6] продуциран од Боб Рок.[6] Обожавателите на групата овој студиски албум обично го нарекуваат „Black Sheep“ (Црна овца), поради сликата со црна овца на корицата.[7]

За време на турнејата Black Rain во Јужна Америка во пролетта 1995 година, и покрај фактот што веќе биле снимени уште неколку нови песни, турнејата била откажана по настапот во Рио де Жанеиро во март, а групата се распаднала наведувајќи неодредени проблеми на претходната турнеја во Јужна Америка. Неколку месеци подоцна Астбери основал гаражен бенд наречен Holy Barbarians, а во 1997 година започнал и соло-кариера.

Прво обединување и втора пауза (1999–2005)[уреди | уреди извор]

Фронтменот Ијан Астбери во 2011 година

Во 1999 година, Астбери и Дафи со поранешниот тапанар Мет Сорум и басистот Мартин Ленобл повторно ја основале групата the Cult. Во 2000 година, групата ја снимила песната Painted on My Heart, за саундтракот од филмот Gone in 60 Seconds и била издадена како сингл. Во 2001 година бил објавен албумот Beyond Good and Evil. Од 2002 година следел уште еден долг период на неактивност.

Второ обединување (2006–2010)[уреди | уреди извор]

Настап на The Cult во 2009 г

И покрај изјавата на Астбери од 2004 година дека нема да има повторно обединување,[8] во јануари 2006 година The Cult објавиле дека се обединуваат само за „некои свирки“ во текот на годината.[9] [10] Првиот концерт се одржал на 1 март 2006 година во Филмор Вест во Сан Франциско. Летото во 2006 година тие биле на турнеја во централна и источна Европа и ги имале нивните први концерти во Бугарија, Полска и Србија. Следела турнеја во Обединетото Кралство со единаесет концерти, како и уште неколку концерти во Соединетите Држави, а завршиле со јужноамериканска турнеја во декември.

Астбери во февруари 2007 година објавил дека ги напушта Riders on the Storm и дека се враќа во Cult. Тој изјави: „Решив да продолжам понатаму и да се фокусирам на сопствената музика и наследство“.[11] На 21 март 2007 година, било објавено дека групата ќе оди на турнеја низ Европа со The Who. Турнејата го вклучувала и првиот настап на групата во Романија и Хрватска.

На 29 мај 2007 година, групата потпишала договор со големата метал дискографска куќа Roadrunner Records.[12] [13] Нивниот осум студиски албум, насловен како Born into This, бил издаден на 16 октомври.[14] Во 2008 групата повторно заминала на турнеја за да го промовира албумот Born into This.

The Cult ја започнале 2010 година со продолжување на нивната турнеја Love Live и објавиле неколку датуми за концерти во САД, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија. [15] Групата објавила EP составено од 4 песни, „Capsule“.[16]

Choice of Weapon и Hidden City (2011–2017)[уреди | уреди извор]

Основачките членови Ијан Астбери (лево) и Били Дафи на настап во 2016 година

На 11 мај 2011 година било објавено дека the Cult потпишале договор со Cooking Vinyl Records, и дека таа дискографска куќа ќе го издаде новиот студиски албум на почетокот од 2012 година.[17] Во мај 2012 година, групата го издала нејзиниот деветти албум Choice of Weapon, продуциран од Крис Гос и Боб Рок. Песната Луцифер била достапна како бесплатно преземање од веб-страницата на групата. The Cult го издале нивниот десетти студиски албум Hidden City во февруари 2016 година.

Under the Midnight Sun (2018–сега)[уреди | уреди извор]

Во април 2019 година, Cult објавиле дека со светска турнеја ќе ја прослават 30-годишнината од објавувањето на нивниот четврти студиски албум Sonic Temple. Турнејата започнала на 2 мај во Хјустон и требало да заврши во 2020 година.[18] [19]

На 15 август 2020 година, Дафи на својот Твитер профил објавил дека групата го снима единаесеттиот студиски албум.[20] Попречени од COVID-19 пандемијата, снимањето на албумот одело споро. На 7 јули 2022 година, групата го објавила насловот на албумот, Under the Midnight Sun, а истиот бил објавен на 7 октомври 2022 година.[21]

Членови[уреди | уреди извор]

Сегашни членови

  • Иан Астбери – главен вокал, перкусии (1983–1995, 1999–2002, 2006–денес)
  • Били Дафи – гитари (1983–1995, 1999–2002, 2006–денес)
  • Џон Темпеста – тапани, удиралки инструменти (February 2006–денес)
  • Чарли Џонс – бас, придружен вокал (August 2020–денес)
  • Мајк Манган – клавијатури, придружен вокал (2022–денес)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Dreamtime (1984)
  • Love (1985)
  • Electric (1987)
  • Sonic Temple (1989)
  • Ceremony (1991)
  • The Cult (1994)
  • Beyond Good and Evil (2001)
  • Born into This (2007)
  • Choice of Weapon (2012)
  • Hidden City (2016)
  • Under the Midnight Sun (2022)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Southern Death Cult“. Deathrock.com. Архивирано од изворникот на 2018-04-02. Посетено на 15 January 2007.
  2. 2,0 2,1 „Southern Death Cult“. Red Sun Press. Архивирано од изворникот на 10 February 2012. Посетено на 15 January 2007.
  3. „British Phonographic Industry certifications database“. Bpi.co.uk. Архивирано од изворникот на 2 July 2016. Посетено на 16 July 2011.
  4. Празен навод (help)
  5. Erlewine, Stephen Thomas. „The Cult Biography“. AllMusic. Посетено на 12 August 2023.
  6. 6,0 6,1 Franck, John. „The Cult - The Cult Review“. AllMusic. Посетено на 22 March 2011.
  7. Demarais, Kirk (9 September 2009). „The Do's and Don'ts of Self-Titled Record Albums“. Monkey Goggles. Архивирано од изворникот на 12 May 2011. Посетено на 14 March 2011.
  8. „IAN ASTBURY Has No Future Plans With THE CULT“. Blabbermouth.net. 30 April 2004. Посетено на 24 September 2021.
  9. „THE CULT: First Show Announced“. Blabbermouth.net. 16 January 2006. Посетено на 24 September 2021.
  10. „THE CULT: San Diego Show Announced“. Blabbermouth.net. 17 January 2006. Посетено на 24 September 2021.
  11. „Frontmen leaving bands“. CNN.com. The Associated Press. Архивирано од изворникот на 17 February 2007. Посетено на 16 February 2007.
  12. Blabbermouth. „The Cult frontman comments on Roadrunner deal“. Blabbermouth.net. Архивирано од изворникот на 16 September 2007. Посетено на 29 May 2007.
  13. „The Cult to release new album via Roadrunner“. Side-line.com. Архивирано од изворникот на 20 May 2011. Посетено на 16 July 2011.
  14. „The Cult“. Roadrunner Records. 14 August 2007. Архивирано од изворникот на 9 July 2011. Посетено на 16 July 2011.
  15. „The Cult official website“. Архивирано од изворникот на 21 July 2010.
  16. The Cult Facebook. Facebook.com. Архивирано од изворникот на 2 February 2021. Посетено на 16 July 2011.
  17. „The Cult Signs With Cooking Vinyl Records“. Blabbermouth.net. 11 May 2011. Архивирано од изворникот на 14 May 2011. Посетено на 11 May 2011.
  18. „THE CULT To Celebrate 30th Anniversary Of 'Sonic Temple' With Special Los Angeles Concert In June“. Blabbermouth.net. 2 April 2019. Архивирано од изворникот на 5 April 2019. Посетено на 24 May 2019.
  19. „THE CULT Announces 'A Sonic Temple' Tour Dates In North America And U.K.“. Blabbermouth.net. 9 April 2019. Архивирано од изворникот на 13 April 2019. Посетено на 24 May 2019.
  20. „THE CULT Is Recording New Album At Legendary ROCKFIELD STUDIOS“. Blabbermouth.net. 15 August 2020. Архивирано од изворникот на 31 October 2020. Посетено на 16 August 2020.
  21. „THE CULT Announces 'Under The Midnight Sun' Album, Shares 'Give Me Mercy' Single“. Blabbermouth.net. 7 July 2022. Посетено на 7 July 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]