The Cranberries

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
The Cranberries
Ноел Хоган и Долорес О’Риордан
Noel Hogan and Dolores O'Riordan of The Cranberries in Barcelona, 2010
Биографски податоци
Познат(а) и како The Cranberry Saw Us
(1989–1991)
Потекло Лимерик, Ирска
Жанрови
Период на активност
  • 1989–2003
  • 2009–денес
Издавачи
Соработници Jetlag
Мреж. место cranberries.com
Членови
Поранешни членови
  • Ниал Квин
  • Долорес О’Риордан
  • The Cranberries — ирска рок-група формирана во Лимерик во 1989 година од водечкиот пејач Ниал Квин, гитаристот Ноел Хоган, басистот Мајк Хоган и тапанарот Фергал Лоулер. Квин бил заменет од страна на пејачката Долорес О'Риордан во 1990 година[1]. Иако е широко поврзана со алтернативен рок, звукот на бендот, исто така, вклучува инди-поп, пост-панк, ирски фолк и поп рок елементи[2].

    Групата добила меѓународна слава во 1990-тите со својот деби албум, Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?, остварувајќи голем комерцијален успех. Од Cranberries се продадени над 40 милиони плочи ширум светот. Четири од албумите се нашле во топ 20 албуми на Билборд 200 табелата(Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?; No Need to Argue, To the Faithful Departed and Bury the Hatchet)[3].

    На почетокот на 2009 година, по шестгодишнна пауза, Cranberries повторно се обединиле и започнале турнеја во Северна Америка, по што следеле турнеи и во Латинска Америка и Европа[4][5]. Бендот го снимил својот шести албум Roses во мај 2011 година и го издал во февруари 2012 година. Албум што ги опфаќа претходните песни заедно со Ирскиот камерен оркестар, бил издаден во април 2017 година[6].

    На 15 јануари 2018 година, пејачката Долорес О’Риордан била пронајдена мртва во хотелска соба во Лондон. Таа неодамна пристигнала во Лондон за снимање на нов материјал.

    Наводи[уреди | уреди извор]

    1. Beaumont-Thomas, Ben. „Dolores O'Riordan, lead singer of the Cranberries, dies aged 46“, „The Guardian“, 15 јануари 2018.
    2. „The Cranberries – Band“. архивирано од изворникот на 14 април 2011 г.. https://web.archive.org/web/20110414120620/http://www.cranberries.com/band.asp. посет. 29 април 2011 г. 
    3. „American Chart“. Billboard.com. архивирано од изворникот на 1 август 2008 г.. https://web.archive.org/web/20080801201840/http://www.billboard.com/bbcom/esearch/searchResult.jsp?configType=BBCOM_SIMPLEDEFAULT&pubList=Billboard&an=bbcom&action=Submit&kw=&exposeNavigation=true&keyword=The%2BCranberries&submit.x=27&submit.y=14&submit=Submit&searchType=ARTICLE_SEARCH. посет. 24 јуни 2008 г. 
    4. „The Cranberries Reunite After Six Years“. SPIN.com. http://www.spin.com/articles/cranberries-reunite-after-six-years. посет. 12 ноември 2009 г. 
    5. „CRANBERRIES HIT SOUTH AMERICA!/FIRST OFFICIALLY ANNOUNCED TOUR DATE FOR EUROPE!“. Dolores O'Riordan. архивирано од изворникот на 31 август 2009 г.. https://web.archive.org/web/20090831111453/http://www.doloresoriordan.ie/news-all.asp. посет. 24 декември 2009 г. 
    6. „The Cranberries Announce New Acoustic Album Something Else, Share “Linger”: Listen“. 14 март 2017. http://pitchfork.com/news/72242-listen-to-the-cranberries-new-acoustic-version-of-linger/. посет. 23 март 2017 г.