Прејди на содржината

Tesla Cybertruck

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tesla Cybertruck
Tesla Cybertruck во Фримонт
Tesla Cybertruck во јуни 2023 г.
ПроизводителTesla
Период2023 — сѐ уште
Произведен воСАД Остин, САД
Сегменттеренска камионетка
Каросерија4 врати, камионетка
Погонски распоредзаден погон / погон на сите четири тркала
Моторелектричен
Преноснема (непосреден пренос)
Меѓуос. раст.3.635 мм
Должина5.683 мм
Ширина2.032 мм
Висина1.796 мм[1]
Тежина2.995 — 3.104 кг
ДизајнерФранц фон Холцхаузен
Сам Џафари
Врати4
Моќност600 — 845 КС (450 — 630 kW)

Tesla Cybertruckелектромобил камионетка во стил киберпанк (индустриска естетика), која ја произведува компанијата Tesla.[2][3] Наведената носивост е околу 1,6 тони. Во зависност од моделот, со едно полнење камионетката треба да помине до 500 милји (околу 804 км).[4]

Производството на верзиите на Cybertruck со погон на сите тркала со два и три мотори било планирано да започне кон крајот на 2021 г., а на моделот со еден мотор и погон на задните тркала — кон крајот на 2022 г.,[5] но почетокот бил одложен за 2022 г., а потоа за почетокот на 2023 г.[6][7] Во јануари 2022 г., сите спомнувања за почеток на производството на автомобилот во 2022 г. биле отстранети од веб-страницата на Tesla.[8]

Производството на возилото започнало во јули 2023 година, а во ноември истата година започнале првите испораки.[9][10]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 2012 и 2013 г., Илон Маск дискутирал за создавање камионетка со големина слична на Ford F-250. На почетокот на 2014 г., Маск предвидувал дека ќе бидат потребни 4–5 години до почетокот на работата на возилото.

Во 2016 г., Илон Маск најавил создавање камионетка со сосема нови одлики. Тој исто така ја спомнал можноста за создавање шасија и систем за потпирање за изградба на камионетка или помал комби-фургон. Кон крајот на 2017 г., размерите биле определени како приближно слични на Ford F-150. За време на презентацијата на Tesla Semi и Tesla Roadster во ноември 2017 г., била прикажана слика од камионетка способна да превезува друга камионетка. Идеите за овој модел се разработувале најмалку 5 години.

Во 2018 г., Tesla работела на два типа на својата камионетка. Првиот тип бил на платформата на Mercedes-Benz Sprinter со електричен погон, батерија и електроника од Tesla. Вториот тип бил развој на целосно сопствена платформа на Tesla, што барало повеќе време. Прототипот на оваа камионетка бил отфрлен во текот на подготовките за промоцијата во 2019 г.

Во март 2019 г., веднаш по премиерата на Tesla Model Y, Илон Маск покажал слика од камионетката и изјавил дека таа ќе биде изработена во стил киберпанк и дека нема да им се допадне на сите поради нејзините футуристички облици и стилот на лично заштитено возило.

За време на презентацијата што се одржала ноќта меѓу 22 и 23 ноември 2019 г., Илон Маск ги демонстрирал материјалите од кои е направен Tesla Cybertruck.[11][12] Тоа биле нерѓосувачки челик и особено цврсто стакло. Меѓутоа, стаклото пукнало за време на тестот на презентацијата кога главниот дизајнер на компанијата, Франц фон Холцхаузен, фрлил метално топче во неа за да ја покаже нејзината цврстина.[13] Илон Маск се пошегувал велејќи дека „имаат на што да работат“ и дека тоа ќе биде избришано од снимката.

На крајот од презентацијата, Маск го претставил и Tesla Cyberquad — целосно електричен четирицикл. Тој бил влезен во Tesla Cybertruck преку рампа и можел да се полни непосредно од возилото преку вградениот приклучок од 120 волти.

Производството на возилото започнало во јули 2023 г., а во ноември истата година започнале првите испораки.[9][10]

Во април 2024 г., компанијата ги повлекла сите 3.878 возила за да поправи критичен дефект на педалата за гас.[14]

  1. „Dimensions, Weights, and Cargo Capacity“. www.tesla.com (англиски). Архивирано од изворникот 2024-04-24. Посетено на 2024-05-03.
  2. Santos, Jerome (2019-03-04). „Tesla Blade Runner: Everything We Know About Elon Musk's 6-Seater Pickup Truck“. International Business Times (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 2019-11-23. … will have a "cyberpunk, Blade Runner-like" look, … a futuristic design.
  3. „Tesla Cybertruck: Elon Musk's Pickup Truck Has Arrived“. Wired (англиски). ISSN 1059-1028. Архивирано од изворникот на 2019-11-23. Посетено на 2019-11-23.
  4. Tesla Cybertruck Архивирано на 23 ноември 2019 г.
  5. „Design Your Cybertruck“. Tesla website. 2019-11-22. Архивирано од изворникот на 2019-11-22. Посетено на 2021-09-16.
  6. „Tesla quietly delays Cybertruck to 2022“. Engadget (англиски). Архивирано од изворникот 2021-08-08. Посетено на 2021-08-08.
  7. Jin, Hyunjoo (2022-01-14). „Exclusive: Tesla delays initial production of Cybertruck to early 2023 - source“. Reuters (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-31. Посетено на 2022-02-20.
  8. Yekikian, Nick (2022-01-07). „Tesla Cybertruck Looks Delayed Again, Indefinitely“. Edmunds (англиски). Архивирано од изворникот 2022-01-10. Посетено на 2022-01-10.
  9. 1 2 „Tesla Finally Delivers its First Cybertrucks“. Investopedia (англиски). Архивирано од изворникот 2024-04-22. Посетено на 2024-04-22.
  10. 1 2 Maruf, Ramishah (2023-07-15). „Tesla builds its first Cybertruck four years after unveiling prototype | CNN Business“. CNN (англиски). Архивирано од изворникот 2023-07-16. Посетено на 2023-07-17.
  11. „Tesla представила пикап Cybertruck“. РИА Новости. 2019-11-22. Архивирано од изворникот на 2019-11-27. Посетено на 2019-11-27.
  12. „Как новый пикап Tesla может изменить мировой авторынок — и почему это самый амбициозный проект Илона Маска“. Esquire (руски). Архивирано од изворникот 2020-10-25. Посетено на 2021-02-20.
  13. Пётр Лохов (2019-11-25). „Почему Cybertruck так странно выглядит? Из-за чего на презентации у него треснуло стекло? Эта машина вообще кому-то нужна? Что стало известно о новом пикапе от Tesla“ (руски). Meduza. Архивирано од изворникот 2019-11-27. Посетено на 2021-12-02.
  14. Weatherbed, Jess (2024-04-19). „Tesla recalls all 3,878 Cybertrucks over faulty accelerator pedal“. The Verge (англиски). Архивирано од изворникот 2024-04-21. Посетено на 2024-04-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]