Низобјективно мерење

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од TTL мерење)

Низобјективно мерење (анг. Through-the-lens или TTL) — фотографски поим кој се однесува на функција кај фотоапаратите со можност за мерење на нивото на светлиноста на еден кадар низ објективот. Потоа овие информации се користат за избирање на соодветна експозиција (осветлување), и/или контролирање на количеството на светлина која ја оддава блицот поврзан со фотоапаратот.

Низобјективното мерење (TTL) најчесто се среќава кај рефлексните фотоапарати (SLR). Сликозафатникот може да биде сместен во пентапризмата (или пентаогледалото) која дава исправена слика на кадарот. Меѓутоа низобјективните мерни системи исто така можат да се најдат и во други видови на фотоапарати. Сите дигитални апарати имаат низобјективно мерење, со тоа што таму мерењето го врши самаиот сликозафатник. Кај дигиталните рефлексни фотоапарати (DSLR), мерењето го врши мерен/автофокусен модул сместен на дното на рефлексната коморка, под самото огледало.

Кај низобкејтивното мерење на блицот, самиот блиц блеснува еднаш или повеќепати пред да се отвори блендата, така озовможувајќи му на апаратот да ја потребната блиц-силата потребна при самата експозиција. По измерниот блесок, блендата се отвора и блицот светнува со јачината која му ја одредил апаратот со мерењето. За разлика од ова, апаратите кои не го мерат блицот низ објективот користат сетилник за светлина на самиот блиц за да ја одредат правилната експозиција; во овој случај не се употребува мерниот систем на фотоапаратот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]