TRT Avaz

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
TRT Avaz
TRT Avaz logosu.png
Отпочната21 март, 2009
СопственикТурска радио-телевизија (TRT)
Формат на слика4:3 (576i, SDTV)
Државатурција
Јазиктуркиски јазици
Претходно имеТРТ Турк
Веб-странаwww.trt.net.tr/trtavaz
Достапност
Сателитска телевизија
Турксат 2А12015 H, SR 27500, FEC 5/6
Турксат 3А11094 H, SR 24444, FEC 3/4
Еутелсат W3AДигитурк канал 57 (11637 H, SR 30000, FEC 3/4)

TRT Avaz (македонски: ТРТ Аваз) е турски телевизиски канал кој е под Турската Радио Телевизија (ТРТ) и е наменет за Пан Туркискиот свет и Балканот. Беше отворен на 21 март 2009, и се емитува широко на Балканот, Туркиската Централна Азија, Блискиот Исток и на Кавказот. Емисиите се емитуваат на албански, азербејџански, босански, казашки, киргиски, узбекистански, и туркменски, со превод на турски јазик, и вклучува документарци, културни и музички програми како и локални филмови и телевизиски серии. Публиката истотака има шанса да научи турски јазик преку туторијали.

Каналот има моќ да достигне гледаност од 250 милиони гледачи во 27 држави и 13 автономни региони низ Источна Европа, Западна и Централна Азија, опфаќајќи простор од Бугарија до Авганистан. Каналот е сепак блокиран во Кина поради турскискиот сепаратизам во Ујгурскиот автономен регион.

Името на каналот беше за првпат објавено од страна на турскиот претседател Абдула Ѓул како "Аваз" зборот кој значи "глас" во многу централно-азиски јазици, вклучувајќи го и турскиот. На свеченоста, по повод отворањето на ТРТ Аваз, покрај турскиот претседател присуствуваа бројни музички ѕвезди од Азербејџан, Актан Исабејев од Киргистан, познатата узбекистанска пејачка Севара Незархан, Јескаливе Нагима од Казахстан, Лејла Јушиќ од Босна и Херцеговина како и големата турска пејачка ѕвезда Таркан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]