Прејди на содржината

TON 618

Од Википедија — слободната енциклопедија
TON 618
[[File:|1089px|alt=]]
Податоци од набљудување (Епоха )
СоѕвездиеЛовечки Кучиња
Ректасцензија12ч 28м &1000000000000024900000024,9с[1]
Деклинација+31° 28′ &1000000000000003800000038″[1]
Црв. помест.2,219[1]
Оддалеченост3.18 Гпс (1.04×1010 сг)[1]
Типквазар[1]
Привидна величина (V)15,9[1]
Забележителностихиперсјаен квазар,
најголема позната црна дупка
Други ознаки
FBQS J122824.9+312837, B2 1225+31, B2 1225+317, 7C 1225+3145[1]
Поврзано: Квазар, Список на квазари

TON 618 — многу далечен и крајно сјаен квазар (технички: хиперсјаен, broad-absorption line, radio-loud quasar) сместен влизу северниот галактички пол во соѕвездието Ловечки Кучиња. Има огромна црна дупка, една од најмасивните познати во вселената, со можна маса 66 милијарди пати поголема од онаа на Сонцето.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Објектот е првпат забележан во 1957 г. во прегледот на бледи сини ѕвезди (претежно бели џуџиња) оддалечени од рамнината на Млечниот Пат, но неговиот карактер бил непознат сè до 1963 г.[3] кога било прифатено постоењето на квазарите. На фотографиите направени со Шмитовиот телескоп (преч. 0,7 м) во опсерваторијата „Тонанцинтла“ во Мексико, објектот е забележан како „убедливо виолетов“ и е заведен во Тонанцинтланскиот каталог под број 618.[4]

Во 1970 г. во Болоња е спроведена радиосмотра со која е најдено радиозрачењето на TON 618, и со тоа е утврдено дека се работи за квазар.[5] Потота астрофизичарката Марија-Хелена Улрих во опсерваторијата „Макдоналд“ ги добила спектритена TON 618 и пронашла дека оддавните линии се типични за квазар. Гледајќи го црвеното поместување на линиите, Улрих заклучила дека TON 618 е многу оддалечен, што значи дека е меѓу најсјајните познати квазари.[6]

Супермасивна црна дупка

[уреди | уреди извор]

Се смета дека TON 618 како квазар има насобирачки диск од мошне врел гас се виори во вител над џиновска црна дупка во средиштето на галаксијата. Се проценува дека светлината што ја оддава квазарот е со старост од 10,4 милијарди години. Околната галаксија не видлива од Земјата бидејќи самиот квазар е посветол од неа. Со апсолутна величина of −30,7, сјае со јачина од 4×1040 вати, 140 трилиони пати повеќе од Сонцето, и со тоа е меѓу најсјајните објекти во вселената.[1]

Како и другите квазари, TON 618 има спектар со оддавни линии од постуден гас доста подалеку од насобирачкиот диск, во широколиниското подрачје. Спектралните линии му се необично широки,[6] што значи дека гасот се движи многу брзо (7000 км/с судејќи според водородната бета-линија)[2] Од ова може да се заклучи дека средишната црна дупка има особено силна влечна тежа.

Големината на широколиниското подрачје може да се добие со пресметување на светлината на квазарското зрачење што го осветлува.[7] Земајќи го законот за гравитација, големината на ова подрачје и брзината на кружење покажува дека TON 618 има 66 трилиони Сончеви маси.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „NED results for object TON 618“. NASA/IPAC EXTRAGALACTIC DATABASE.
  2. 2,0 2,1 2,2 Shemmer, O.; Netzer, H.; Maiolino, R.; Oliva, E.; Croom, S.; Corbett, E.; di Fabrizio, L. (2004). „Near-infrared spectroscopy of high-redshift active galactic nuclei: I. A metallicity-accretion rate relationship“. The Astrophysical Journal. 614: 547–557. arXiv:astro-ph/0406559. Bibcode:2004ApJ...614..547S. doi:10.1086/423607. Посетено на 21 October 2017.
  3. „1963: Maarten Schmidt Discovers Quasars“. Observatories of the Carnegie Institution for Science. Архивирано од изворникот на 2019-02-01. Посетено на 21 October 2017.
  4. Iriarte, Braulio; Chavira, Enrique (1957). „Blue stars in the North Galactic Cap“ (PDF). Boletín de los Observatorios de Tonantzintla y Tacubaya. 2 (16): 3–36. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-22. Посетено на 21 October 2017.
  5. Colla, G.; Fanti, C.; Ficarra, A.; Formiggini, L.; Gandolfi, E.; Grueff, G.; Lari, C.; Padrielli, L.; Roffi, G.; Tomasi, P; Vigotti, M. (1970). „A catalogue of 3235 radio sources at 408 MHz“. Astronomy & Astrophysics Supplement Series. 1 (3): 281. Bibcode:1970A&AS....1..281C. Посетено на 21 October 2017.
  6. 6,0 6,1 Ulrich, Marie-Helene (1976). „Optical spectrum and redshifts of a quasar of extremely high intrinsice luminosity: B2 1225+31“. The Astrophysical Journal. 207: L73–L74. Bibcode:1976ApJ...207L..73U. doi:10.1086/182182.
  7. Kaspi, Shai; Smith, Paul S.; Netzer, Hagai; Maos, Dan; Jannuzi, Buell T.; Giveon, Uriel (2000). „Reverberation measurements for 17 quasars and the size-mass-luminosity relations in active galactic nuclei“. The Astrophysical Journal. 533: 631–649. arXiv:astro-ph/9911476. Bibcode:2000ApJ...533..631K. doi:10.1086/308704. Посетено на 21 October 2017.