T-Home

Од Википедија — слободната енциклопедија

T-Home е едeн од заштитните знаци на Групацијата Дојче Телеком (Deutsche Telekom AG) кој се користи за распознавање на производи и сервиси наменети за дома. Името е избрано со намера да направи јасна разлика од сервисите и производите за во движење, достапни под брендот T- Mobile. Воведувањето на T-Home како бренд за производите, услугите и забавните содржини за комуникација во домот не сугерира засебен правен субјект.

T-Home брендот за првпат е воведен од страна на Deutsche Telekom во 2006 година, кога со T-Home е брендиран еден од производите за широкопојасен интернет пристап дотогаш познат како T-DSL. Овој пакет покрај интернет пристапот вклучувал и дополнителни телевизиски програми достапни на личен сметач и телевизор. Овој сервис и понатаму останува достапен на германскиот пазар, под името T-Home Entertain Comfort.

За време на презентацијата на новата корпоративна стратегија на Deutsche Telekom на 1 март 2007 година, Главниот извршен директор Рене Оберман објавува дека новиот бренд идентитет треба да биде фокусиран кон корисниците, а постечките брендови треба радикално да се поедностават, по што се донесува одлука за воведување на нов бранд T-Home, кој ќе се користи во обраќање кон приватните корисници во Германија.

Вистинското значење и промовирање на брендот се случува на 19 мај 2007, кога под T-Home капата се појавуваат сервисите за приватни корисници, и тоа за фиксна телефонија, интернет, широкопојасен интернет и интернет телевизија (IPTV), кога истовремено во Германија се напушта T-Com брендот. Оттогаш до сега, T-Home брендот го имаат прифатено и воведено Македонски Телеком во мај 2008 и Magyar Telekom во септември 2008. Останатите земји каде што Deutsche Telekom е присутен, до почетокот на 2009 година, како Хрватска, Црна Гора, Словачка сѐ уште го користат T-Com брендот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]