Tереза Меј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
The Right Honourable
Тереза Меј
 MP
Theresa May official portrait.jpg
Премиер на Обединетото Кралство
Монарх Елизабета II
Minister for the Cabinet Office Бен Гумер
Дамјан Грин
Дејвид Лидингтон
На должноста
19 January 2009 – 11 May 2010
Водач Дејвид Камерон
Сенчи Џејмс Пунрел
Ивет Купер
Претходник Крис Грејлинг
Наследник Ивет Купер
Државен секретар во сенка за жени и еднаквост
На должноста
2 July 2007 – 11 May 2010
Водач Дејвид Камерон
Сенчи Хариет Хермен
Претходник Елеанор Леинг
Наследник Ивет Купер
На должноста
15 June 1999 – 18 September 2001
Министер во сенка за жени
Водач Вилијам Хаг
Сенчи The Baroness Jay of Paddington
Патриција Хевит
Претходник Џилијан Шеперд
Наследник Керолин Спелман
Лидер во сенка на Домот на Комуните
На должноста
6 December 2005 – 19 January 2009
Водач Дејвид Камерон
Сенчи Џеоф Хун
Џек Строу
Хариет Хермен
Претходник Крис Грејлинг
Наследник Алан Данкан
Државен секретар во сенка за култура, медиуми и спорт
На должноста
6 May 2005 – 8 December 2005
Водач Мајкл Хауард
Сенчи Теса Џовел
Претходник Џон Витингдејл
Наследник Хуго Свир
Државен секретар во сенка за животна средина, храна и рурални прашања и Државен секретар во сенка за транспорт
На должноста
6 November 2003 – 14 June 2004
Водач Мајкл Хауард
Сенчи Маргарет Бекет (Животна средина)
Алистер Дарлинг (Транспорт)
Претходник Дејвид Лидингтон (Животна средина, храна и рурални прашања)
Тим Колинс (Транспорт)
Наследник Тим Јео
Државен секретар во сенка за транспорт
На должноста
6 June 2002 – 23 July 2002
Водач АјанДанкан Смит
Сенчи Алистер Дарлинг
Претходник Себеси (Транспорт, локална самоуправа и региони)
Наследник Тим Колинс
Државен секретар во сенка за транспорт, Државен секретар во сенка за заедници и локална самоуправа
На должноста
18 September 2001 – 6 June 2002
Водач Ајан Данкан Смит
Сенчи Стивен Бјерс
Алистер Дарлинг
Претходник Арчи Норман (Животна средина, транспорт и региони)
Наследник Себеси (Транспорт)
Ерик Пиклс (Локална самоуправа и Региони)
Лични податоци
Роден(а) Theresa Mary Brasier
1 октомври 1956 (1956-10-01) (63 г.)
Истборн, Сусекс, Англија
Партија Конзервативна Партија
Сопружник Филип Меј (в. Грешка: погрешен формат за време)
Родители
  • Хуберт Брејзер
  • Зејди Мери Барнс
Живеалиште 10 Downing Street (official)
Установа St Hugh's College, Oxford
Потпис
Портал tmay.co.uk

Марија Тереза Меј (/ tərizə/; [1] родена на 1 октомври 1956 година) е британски политичар, која служи како премиер на Обединетото Кралство и лидер на Конзервативната партија од 2016 година. Работела како министер за внатрешни работи од 2010 до 2016 година. Меј за прв пат била избрана за пратеник во 1997 година. Идеолошки, таа се идентификува како конзервативец. [2]

Меј порасала во Оксфордшир и се школувала на Колеџот Св. Хју, Оксфорд. Работела во Банката на Англија, а од 1985 до 1997 година во Здружението за услуги за средување на плаќања, исто така работела како советник за Дурсфорд во Мертон. Од 1999 до 2010 година, Меј имала голем број улоги во опозициските кабинети во сенка. Таа била и претседател на Конзервативната партија од 2002 до 2003 година.


По формирањето на коалициска влада по изборите во 2010 година, Меј била назначена за министер за внатрешни работи и министер за жени и еднаквост, откажувајќи се од втората улога во 2012 година. Со повторната победата на конзервативната партија на изборите во 2015 година, таа станала најстариот министер за внатрешни работи во последните 60 години. За време на нејзиниот мандат таа се залагала за реформа на Полициската федерација, имплементирала линии во политиката за дроги, вклучувајќи ја и забраната на растението кат (khat), го надгледувала воведувањето на избраните полициски и криминални комесари, депортацијата на Абу Кадада, создавањето на Националната агенција за криминал и донела дополнителни ограничувања на имиграцијата.[3]

Во јули 2016 година, по оставката на Дејвид Камерон, Меј била избрана за лидер на Конзервативната партија, со што станала втората жена премиер по Маргарет Тачер. Како премиер, Мај го започнала процесот на повлекување на Обединетото Кралство од Европската унија.

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Родена на 1 октомври 1956 година во Истборн, Сасекс, Меј е единственото дете на Заидее Мери (1928-1982) и Хуберт Бразиер (1917-1981). [4] Нејзиниот татко бил свештеник на Црквата на Англија (англо-католичката црква),[5] и капелан во болница во Истборн. [6] Мајка ѝ била поддржувач на Конзервативната партија. [7]

Првично учела во основното, државно училиште во Heythrop, по што продолжила во Школата за девојки на Свети Јулијана. Потоа во Римокатоличката независна школа во Begbroke, која била затворена во 1984 година. [8][9][10]

Кога имала 13 години, Меј добила место во поранешната Гимназија на Holton Park Girls, државно училиште во Wheatley. Подоцна Меј се дошколувала на Универзитетот во Оксфорд, каде што дипломирала со диплома од втор степен во 1977 година.[11]

Брегзит[уреди | уреди извор]

Како премиер, Мај го посети Единбург за да се сретне со Никола Стурџон

За време на референдумската кампања во 2016 година, Тереза Меј го поддржала останувањето на Обединетото Кралство во Европската Унија, но не водела интензивна кампања. Меј за време на референдумот критикувала одредени аспекти на ЕУ.[12] [13] Политичките новинари шпекулирале дека Меј не зела големо учество во дебатата за да ја зајакне својата позиција како иден кандидат за водач на Конзервативната партија. [14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ball, James (17 July 2016). „This Is What It's Like To Work In Government For Theresa May“. BuzzFeed News. Архивирано од изворникот на 6 September 2017. конс. 6 June 2017. 
  2. Quinn, Ben. „Theresa May sets out ‘one-nation Conservative’ pitch for leadership“, „The Guardian“, 30 јуни 2016.
  3. Rentoul, John. „Boring and competent Theresa May is what the nation needs after shock Brexit vote“, „The Independent“, 1 јули 2016.
  4. The International Who's Who. Europa Publications. 2004. стр. 1114. 
  5. Gove, Michael. „Mrs May is our first Catholic prime minister“, „The Times“, 9 март 2017.
  6. Бразиер, Хуберт, Керкфорд's Clerical Directory 1977-79 , Oxford University Press
  7. McSmith, Andy. „Theresa May: Iron lady in waiting“.
  8. Kite, Melissa. „How clashes with Theresa May led Dame Pauline Neville Jones to quit“, „The Sunday Telegraph“, 15 мај 2011.
  9. Screaming arrival“, „BBC News“, 8 мај 2000.
  10. Sullivan, Paul (2012). The Little Book of Oxfordshire. New York: History Press. ISBN 978-0-7524-8243-9. https://books.google.com/?id=oXU7AwAAQBAJ&pg=PT230&lpg=PT230&dq=St.+Juliana's+Convent+School+for+Girls+1984#v=onepage&q=St.%20Juliana's%20Convent%20School%20for%20Girls%201984&f=false. посет. 5 јули 2016 г. 
  11. "Листа на класа на Универзитетот Оксфорд". Тајмс (Лондон). 11 јули 1977 година стр. 14.
  12. Bennett, Asa. „Theresa May wants you to stay in the EU. Has she blown her chances of ever being Tory leader?“, „The Daily Telegraph“, 25 април 2016.
  13. McTague, Tom. „Theresa May, the anti-Boris who just might be Britain's next PM“, 3 јуни 2016.
  14. Bennett, Asa. „Theresa May's silence speaks volumes about her leadership ambitions“, „The Daily Telegraph“, 16 јуни 2016.