Tамбора (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тамбора
Caldera Mt Tambora Sumbawa Indonesia.jpg
Воздушен поглед на купата на планината Тамбора, формирана во текот на огромната ерупција во 1815.
Највисока точка
Надм. вис. 2722 м [1][2]
Истакнатост 2722 м [1][2]
Координати 8°14′48″ ЈГШ 117°57′30″ ИГД /  [1]
Географија
Место Сумбава, Мали Сундски Острови, Индонезија
Геологија
Старост на карпата 57,000 години
Вид планина Стратовулкан/Купа
Последен избув 1967 ± 20 години

Тамбора е стратовулкан на островот Сумбава во Индонезија највисока планина на островот Сумбава во Индонезија. Височина на Тамбора била околу 4,300 метри во 18 век, што го прави еден од највисоките врвови во индонезискиот архипелаг во тоа време.

Вулканот станал познат по ерупцијата во 1815 година, која предизвикала климатски аномалии во 1816 година, заради што годината била наречена „Година без лето“. Тоа било една од најголемите вулкански ерупции во историјата налик на онаа на островот Санторини во Грција, во 1610 п.н.е и онаа на вулканот Таупо, Нов Зеланд, во 230.

Опис[уреди | уреди извор]

Кратерот на вулканот е висок 2,722 метри. Висината на вулканот во минатото достигнала и до 4.300 метри, што го прави еден од најголемите врвови во Малајскиот архипелаг. Големи слоеви магма биле акумулирани во вулканот, така што бил исполнет долго време се додека вулканската активност не го достигнала својот врв и прераснала во колосална ерупција во април 1815 година.[3] Ерупцијата во 1815 се слушала на далечина до 2000 километри, додека столбот на вулканската пепел бил видлив до островите Борнео, Сулавеси, Јава и Молучките острови. Поради тоа што дошло до исфрлање на вулканската пепел, настапилa глад и дошло до појава на разни болести. Според проценките, вкупниот број на жртви бил околу 70.000 луѓе, додека бројот на настрадани директно од ерупцијата изнесува околу 11,000-12,000.[4] Во август 2011 година нивото на ризик од ерупција на вулканот се подигнало со ниво I (нормално ниво на ризик) на ниво II (поголем ризик), поради зголемување на вулканската активност. Во септември 2011 нивото на ризик е повторно подигнато и достигнало ниво III (можност за ерупција).

Географска поставеност[уреди | уреди извор]

Топографска мапа на Тамбора и Сумбава
Тамбора видена од вселената

Тамбора се наоѓа на полуостровот Сангар на островот Сумбава, кој е дел од Малите Сундски Острови. Тие се сегмент од Сундскиот Лак, низа на вулкански острови во јужниот дел на синџирот на индонезискиот архипелаг.[5] На северниот дел од полуостровот е Флореското Море и на југ е заливот Салех, долг 86 километри и широк 36 километри. Планината Тамбора е интересна на сеизмолозите, вулканолозите, археолозите и биолозите. Таа исто така привлекува туристи за пешачење и набљудување на дивиот свет.[6][7] Најблиски градови се Домпу и Бима. Околу падината на планината сконцентрирани се неколку села. На исток е селото Сангар, на северозапад се Доро Пети и Песанграхан, и на запад е селото Калабај. Во заливот е 30.000 хектарско островче наречено Моџо (или Пулау Моџо во Индонезија), кое има луксузно одморалиште.[8]

Пристапност до вулканот[уреди | уреди извор]

Три правци на искачување се користат за да се стигне до купата на вулканот. Првиот почнува од селото Доро Мбоха, јужно од планината, и го следи патот низ една плантажа за кешу до 1,150 метри висина. На крајот на овој пат е јужниот дел на купата на 1,950 метри, каде се стигнува низ планинарска патека. Оваа локација обично се користи како базен камп за следење на вулканска активност, бидејќи потребно е само еден час за да стигне до купата. Втората патека е на југозападниот дел на планината, почнувајќи од селото Доро Пети, локација на вулканската набљудувачка станица. Третата патека започнува од селото Панкасила на северозападниот дел на планината и поминува низ плантажа за кафе. На третата патека, до купата се стигнува само пеш.[9]

Геолошка историја[уреди | уреди извор]

Поглед кон вуланот.

Формирање[уреди | уреди извор]

Планината Тамбора е формирана пред околу 57.000 години. Таа е 340 километри северно од Јаванската бразда и 180–190 километри над горната површина на северната субдукциска зона. Островот Сумбава е потиснат на север и на југ од двете плочи на океанската кора.[10] Тие конвергираат просечно по 7.8 сантиметри годишно.[11] Слоеви таложење исцедиле голема магматска комора под планината. Островчето Моџо е формирано како дел од геолошки процес во кој Салехскиот Залив, пропаѓајќи во купата на исцедената магматска комора, прво се појавил како морски басен пред околу 25.000 години.

Според геолошко истражување, пред ерупцијата во 1815 ерупција, Тамбора имала облик на типичен стратовулкан, со симетричен вулкански конус кој се издигал на 4,300 метри и имал само еден централен вентил.[12] Дијаметарот на основата бил 60 километри.

Врвот на купата на вулканот

Еруптивна историја[уреди | уреди извор]

Пред 1815[уреди | уреди извор]

Со радиојаглеродно датирање биле утврдени датуми на три ерупции на Тамбора пред ерупцијата во 1815, иако нивните магнитуди се непознати.[13] Датумите се проценуваат меѓу 4110 и 3700 п.н.е., околу 3050 п.н.е., и некаде помеѓу 590 и 890 година.

Ерупција на Тамбора во 1815 и приказ на густина на паднатиот вулкански пепел

Ерупцијата во 1815 и потоа[уреди | уреди извор]

Кратерот на Тамбора

Во 1812, вулканот Тамбора покажал голема активна која кулминирала со катастрофална и експлозивна ерупција (VEI-7) во април 1815 година. Оваа ерупција исфрлила 160 км3 тефра од централниот вулкански вентил. Тоа предизвикало пирокластични текови, пропаднала купата а ерупцијата предизвикала цунами кое направило огромни штети. Иако оваа активност престанала на 15 јули 1815 година, ерупцијата имала долготраен ефект врз глобалната клима. Ова било меѓу најголемите и најпознатите силни ерупции во последните 5000 години, заедно со Хатепе ерупцијата на езерото Таупо околу 180 година и Тианчи ерупција на Бајту Шан околу 1000 година.

Дополнителна активност се случила во август 1819, која се состоела од мала ерупција (VEI-2) со пламен и потреси. Се смета дека е дел од секвенцата на ерупцијата од 1815 ерупција.

Тамбора останала активна и по завршување на ерупцијата во 1815 година. Помали лавински текови биле исфрлени во текот на 19 и 20 век.[14] Некаде помеѓу 1850 и 1910 година, Тамбора избила уште еднаш, но само во внатрешноста на купата.[15] Многу мала (VEI-0) и неексплозивна ерупција се случила во 1967 година; Уште една многу мала ерупција била објавена во 2011 година. Во август 2011 година[16] нивото на опасност од ерупција на вулканот се зголемило од ниво I на ниво II по зголемената активност во купата, вклучувајќи земјотреси и чад[17]

Археологија[уреди | уреди извор]

Дното на купата на Тамбора со поглед накај северната страна

Археолошки докази покажуваат дека при ерупцијата во 1815 на планината Тамбора била збришана културата на островот Сумбава.[18] Во тек на археолошките ископувања во 2004, археолозите откриле културни остатоци закопани од ерупцијата во 1815.[19] Артефактите на локацијата биле зачувани во нивната позиција во 1815.[20]

Екосистем[уреди | уреди извор]

Научниот тим предводен од швајцарскиот ботаничар Хајнрих Цолингер пристигнал на Сумбава во 1847[21] и се искачил на источниот раб на купата со помош на локалните жители[22]. Мисијата на Цолингер била да ја проучи зоната на ерупција и ефектите врз локалниот екосистем. Тој беше првиот човек кој се искачил до врвот по ерупцијата. Местото уште било покриено со чад. Некоја вегетација веќе почнувала да се обновува и тој видел неколку дрвја на долната падина и казуаринска шума на 2.200-2.550 метри и пронајдени биле и неколку тревни површини.

Кратерот на вулканот Тамбора

Обновата на вегетацијата на планината започнала во 1907. Плантажа за кафе била посадена во 1930-тите на северозападната падина на планината во селото Пекат.[23] Густа дождовна шума пораснала на 1000 до 2800 метри надморска височина.[23] Шумата покрива 80.000 хектари површина. Дождовните шуми и вегетација на повисоките надморски височини биле истражени во 1933 година од страна на холандскиот тим, предводен од Костер и Де Вугд. Според нивните белешки, тие го започнале своето патување во една "прилично јалова, сува и жешка земја" пред да влезат во "моќната џунглата" со "огромна величествена шума". Во 1896 година, 56 видови на птици биле пронајдени,[24] Дванаесет дополнителни видови биле пронајдени во 1981 година. Неконтролираниот лов на птиците допринел нивниот број да биде денес во опаѓање а на некои од видовите им се заканува и исчезнување.

Од 1972 година, дрвната индустрија имала подем. Компанијата која се занимава со оваа гранка добила концесија за сечење дрва за 25% од областа односно 20 хектари покриеност.[23] Друг дел од шумите се користи како ловиште. Во резерватот за лов на дивиот свет има елени, биволи, диви свињи, лилјаци како и различни видови на влекачи и птици.

Во 2015 година, заради заштита на екосистемот областа била прогласена за национален парк.[25][26]

Набљудување на Тамбора[уреди | уреди извор]

Инфрацрвена слика на планината тамбора (северот е лево)

Населението на Индонезија рапидно се зголемува после ерупцијата во 1815, достигнувајќи 222 милиони во 2006 година[27], од кои 130 милиони живеат на Јава. Нова вулканска ерупција голема како онаа во 1815 година би предизвикала фатални последици. Сеизмичка активност во Индонезија се следи од страна на Дирекцијата за вулканологија и геолошките опасности која се наоѓа со селото Доро Пети. Тие користат сеизмографско мерење на сеизмичките и тектонските активности. По ерупцијата во 1880 ерупција не се случила некаква поголема зголемување на сеизмичка активност.[28] Набљудувањето се врши континуирано во внатрешноста на купата, особено околу Доро Апи Тои паразитскиот конус.

Опасни и зони[уреди | уреди извор]

Дирекцијата прогласила две опасни зони кои би биле директно засегнати од пирокластичен тек, лавински проток, и други пирокластични паѓања при евентуална силна ерупција. Оваа област ја вклучува купата и нејзината околина и покрива до 58.7 км2. Забрането е да се живее во опасната зона. Претпазливите зони вклучуваат области кои би можеле да бидат индиректно засегнати од лахарски текови и други ерупциски камења. Големината на оваа област опфаќа 185 км2 и опфаќа неколку села. Реката Гуву исто така е вклучена во претпазливата зона.[29]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Mountains of the Indonesian Archipelago“. PeakList. архивирано од изворникот на 17 јули 2012 г.. https://web.archive.org/web/20120717063930/http://www.peaklist.org/WWlists/ultras/indonesia.html. посет. 20 јуни 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 „Gunung Tambora“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=11008. посет. 1 мај 2009 г.  (англиски)
  3. Degens, E. T.; Buch, B.. Sedimentological events in Saleh Bay, off Mount Tambora. „Netherlands Journal of Sea Research“ том  24 (4): 399–404. doi:10.1016/0077-7579(89)90117-8. 
  4. Jane J. Lee. „Volcanic Eruption That Changed World Marks 200th Anniversary“, National Geographic, 10 април 2015 (посет. 21 јануари 2017 г).
  5. Foden, J.. The petrology of Tambora volcano, Indonesia: A model for the 1815 eruption. „Journal of Volcanology and Geothermal Research“ том  27 (1–2): 1–41. doi:10.1016/0377-0273(86)90079-X. Bibcode1986JVGR...27....1F. 
  6. Hobi Mendaki Gunung – Menyambangi Kawah Raksasa Gunung Tambora“, Sinar Harapan (посет. 14 ноември 2006 г). (на Indonesian)
  7. West and East Nusa Tenggara Local Governments. "Potential Tourism as Factor of Economic Development in the Districts of Bima and Dompu" (PDF). Соопштение за печат.  посет. 14 ноември 2006 г
  8. „Sumbawa“. архивирано од изворникот на 15 ноември 2011 г.. https://web.archive.org/web/20111115200648/http://www.asita-ntb.com/places-to-visit/sumbawa. посет. 23 април 2012 г. 
  9. Aswanir Nasution. „Tambora, Nusa Tenggara Barat“ (на indonesian). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation, Indonesia. архивирано од изворникот на 29 септември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070929120305/http://merapi.vsi.esdm.go.id/?static%2Fvolcano%2Ftambora%2Fmain.html. посет. 13 ноември 2006 г. 
  10. Foden, J.; Varne, R.. The petrology and tectonic setting of Quaternary—Recent volcanic centres of Lombok and Sumbawa, Sunda arc. „Chemical Geology“ том  30 (3): 201–206. doi:10.1016/0009-2541(80)90106-0. 
  11. Sigurdsson, H.; S. Carey. Plinian and co-ignimbrite tephra fall from the 1815 eruption of Tambora volcano. „Bulletin of Volcanology“ том  51 (4 I): 243–270. doi:10.1007/BF01073515. Bibcode1989BVol...51..243S. 
  12. „Geology of Tambora Volcano“. Vulcanological Survey of Indonesia. архивирано од изворникот на 16 ноември 2006 г.. https://web.archive.org/web/20061116040311/http://www.vsi.esdm.go.id/volcanoes/tambora/geology.html. посет. 10 октомври 2006 г. 
  13. „Tambora – Eruptive History“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. архивирано од изворникот на 26 август 2014 г.. https://web.archive.org/web/20140826151420/http://www.volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=264040&vtab=Eruptions. посет. 13 ноември 2006 г. 
  14. „Tambora“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. архивирано од изворникот на 30 септември 2017 г.. https://web.archive.org/web/20170930131227/http://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=264040. 
  15. „Tambora Historic Eruptions and Recent Activities“. Vulcanological Survey of Indonesia. архивирано од изворникот на 27 септември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070927043444/http://www.vsi.esdm.go.id/volcanoes/tambora/history.html. посет. 13 ноември 2006 г. 
  16. D'Arcy Wood, Gillen:Tambora: The Eruption That Changed the World; Princeton University Press, 2014
  17. Peningkatan Status G. Tambora dari Normal ke Waspada. Portal.vsi.esdm.go.id (30 August 2011). Retrieved 26 April 2012.
  18. 'Pompeii of the East' discovered“, BBC News, 28 февруари 2006.
  19. University of Rhode Island (27 февруари 2006). "URI volcanologist discovers lost kingdom of Tambora". Соопштение за печат.  посет. 6 октомври 2006 г
  20. Wirakusumah, Achmad Djumarma; Rachmat, Heryadi (2017 г). Impact of the 1815 Tambora Eruption to global climate change (на en). „IOP Conference Series: Earth and Environmental Science“ том  71 (1): 6. doi:10.1088/1755-1315/71/1/012007. ISSN 1755-1315. https://iopscience.iop.org/article/10.1088/1755-1315/71/1/012007/pdf. 
  21. „Heinrich Zollinger“. Zollinger Family History Research. http://www.zollinger-genealogy.com/FamousZollingers/heinrichzollinger.php. посет. 14 ноември 2006 г. 
  22. Heinrich Zollinger: Besteigung des Vulkans Tambora auf der Insel Sumbawa und Schilderung der Erupzion desselben im Jahr 1815. Winterthur 1855.
  23. 23,0 23,1 23,2 de Jong Boers, Bernice. Mount Tambora in 1815: A Volcanic Eruption in Indonesia and its Aftermath. „Indonesia“ том  60: 37–59. doi:10.2307/3351140. 
  24. Trainor, C. R.. Birds of Gunung Tambora, Sumbawa, Indonesia: effects of altitude, the 1815 cataclysmic volcanic eruption and trade (PDF). „Forktail“ том  18: 49–61. https://orientalbirdclub.org/wp-content/uploads/2012/09/Trainor-Tambora.pdf. 
  25. "Mount Tambora National Park Transformed Into New Ecotourism Destination", in Antara News, 15 April 2015
  26. Rahmad, Rahmadi: "Geckos, moths and spider-scorpions: Six new species on Mount Tambora, say Indonesian researchers", in Mongabay, 14 May 2015
  27. Indonesian Central Statistics Bureau (1 септември 2006). "Tingkat Kemiskinan di Indonesia Tahun 2005–2006" (PDF) (на Indonesian). Соопштение за печат.  посет. 26 септември 2006 г
  28. „Tambora Geophysics“ (на indonesian). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation, Indonesia. архивирано од изворникот на 29 септември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070929120113/http://merapi.vsi.esdm.go.id/?static%2Fvolcano%2Ftambora%2Fgeofisika.html. посет. 13 ноември 2006 г. 
  29. „Tambora Hazard Mitigation“ (на indonesian). Directorate of Volcanology and Geological Hazard Mitigation. архивирано од изворникот на 29 септември 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070929120048/http://merapi.vsi.esdm.go.id/?static%2Fvolcano%2Ftambora%2Fbahaya.html. посет. 13 ноември 2006 г. 

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • C. R. Harrington, уред (1992). The year without a summer? World climate in 1816. Ottawa: Canadian Museum of Nature. 
  • Henry and Elizabeth Stommel, Volcano Weather: The Story of 1816, the Year without a Summer, Newport, Rhode Island, 1983. ISBN. 0-915160-71-4
  • Gillen D'Arcy Wood, Tambora: The Eruption That Changed the World (Princeton, NJ: Princeton University Press, 2014). ISBN.978-0-691-15054-3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]