Прејди на содржината

Symphodus tinca

Од Википедија — слободната енциклопедија
Symphodus tinca
Научна класификација
Нерангирано: Chordata
Ред: Perciformes
(Linnaeus, 1758)
Род: Symphodus
Вид: S. tinca

Symphodus tinca е вид на морски гргеч, по потекло е од Атлантскиот океан од Шпанија до Мароко и приморските води на Средоземното и Црното море. Живее на длабочина до 50 метри околу карпи, но може да се најде и во солени води и лагуни. Може да порасне до 44 см, но повеќето не растат повеќе од 25 см. Телото е овално и сплескано и има голема уста. На грбот се наоѓа перка која достигнува речиси до опашката. Мажјаците и женките се разликуваат. Мажјаците се поголеми од женките, пошарени (особено за време на сезоната на парење) и се со посветли бои, додека женките се со потемни бои како сиво-зелена и кафеава, со сива на стомакот. Речиси и да нема разлика во бојата помеѓу незрелите мажјаци и возрасните женки.

Телото е овално и странично сплескано. Устата е релативно мала, со прилично силни заби кои наликуваат на кучешки. Усните се со 6-9 набори. И двата пола имаат мала темна дамка веднаш над градната перка. Исто така, многу потемни дамки на телото се во форма на 3 или 4 надолжни ленти. Бојата вообичаено го одразува диморфизмот. Женките и младите се сиво-зеленикави или кафеави по боја, додека бојата на стомакот им е сребренеста. Помеѓу незрелите мажјаци и зрелите женки скоро и да нема разлики во бојата. Мажјаците се со посилни бои, особено во сезоната на парење. Нивното тело е светло зелено, зеленикаво-сино или зелено-жолтеникаво по боја, додека главата им е темно сина на врвот. По должината на телото им се наоѓаат препознатливи црвени точки.

На грбот се истакнува долга перка која достигнува речиси до самата опашка. Опашката е триаголна и незасечена. Расте до 44 см во должина и околу 0,75 кг во тежина. Поради релативно малите димензии, овој вид ретко се бара како риба за храна, но понекогаш се продава локално како храна кога ќе се улови во рибник. Може да се најде во продавници во аквариуми. Symphodus tinca се храни со морски ежови, школки и ракови. Мрестењето се случува напролет, кога мажјакот изгради и чува гнездо направено од алги, а една или повеќе женки ги положуваат своите лепливи јајца.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Потекнува од Источниот Атлантик од Шпанија до Мароко и може да се најде во крајбрежните области на Средоземното и Црното море. Оваа дружељубива риба се наоѓа на карпести гребени покриени со алги. Се јавува на длабочина од 1 до 50 метри.

Оваа риба не е од значајна улога во риболовот и нема комерцијална вредност.