Suaeda maritima
| Suaeda maritima | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Suaeda |
| Вид: | Suaeda maritima |
| Научен назив | |
| Suaeda maritima (L.) Dumort. | |
| Синоними[1] | |
|
Список
| |
Suaeda maritima е вид цветно растение од семејството Amaranthaceae.
Опис
[уреди | уреди извор]Едногодишно растение до 50 цм високо, сино-зелено и голо. Стеблото разгрането и со вертикални или прилегнати гранчиња. Листовите во основата наспрамни, а погорните последователни, приседнати, месести, обично линејни, полуцилиндрични, кон основата проширени, на врвот тапи или зашилени, а кај некои врвот е со долго кончесто продолжение. Цветовите хермафродитни, поединечни или до 5 во топчести групи во пазувите на листовите, а тие заедно формираат класовидно или класовидно-метличесто соцветие. Брактеолите 2, мали, ципести. Перијантните ливчиња 5, месести, до половината сраснати помеѓу себе, зелени или црвени, формирајќи еден скоро топчест цвет. Перијантните ливчиња на грбната страна без крилеста грба или само едното ливче е со мала грба. Прашниците 5. Плодот со 2 или 3 кончести жига. Плодникот полутопчест или малку сплеснат. Семките обично хоризонтални, 1-1,5 мм долги, 0,8-1 мм широки, темнокафеави, светликави, мазни, со едвај забележлива мрежеста структура.[2]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Ова растение на територијата на Македонија расте по засолените почви и тоа само на солончаци. Позната за солените почви на Овче Поле.[2]
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Ова растение живее во водни, копнени и мочуришни живеалишта.[3] Сепак главно расте во солени мочуришта и морски брегови, обично под ознаката за највисока вода. Дополнително, Suaeda maritima е способна да собира кал и помага во создавање на мочуришта.[4]
Животен циклус
[уреди | уреди извор]Животниот циклус на Suaeda maritima главно е годишен. Растението го завршува целиот развоен циклус, од ртење на семето, преку цветање, до создавање нови семиња, во рамките на една вегетациска сезона. По завршувањето на циклусот, корењата, стеблото и листовите изумираат, додека преживувањето и преминот во следната генерација се обезбедуваат преку неактивните семиња.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Suaeda maritima (L.) Dumort“. Plants of the World Online. Board of Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. 2017. Посетено на 12 July 2020.
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 431.
- ↑ „Plants Profile for Suaeda maritima (herbaceous seepweed)“. plants.usda.gov. Посетено на 2020-12-17.
- ↑ „Suaeda maritima : Annual Sea-blite | NBN Atlas“. species.nbnatlas.org. Посетено на 2020-12-17.