Staphylococcus xylosus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Staphylococcus xylosus
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Bacillales
Семејство: Staphylococcaceae
Род: Staphylococcus
Вид: S. xylosus
Биномен назив
Staphylococcus xylosus
Schleifer & Kloos 1975

Staphylococcus xylosus е бактериски вид кој припаѓа на родот Staphylococcus. Станува збор за Грам-позитивна бактерија која формира кластери на клетки. Како и повеќето стафилококни видови, и овој вид е коагулаза-негативен и живее како коменсал на кожата на луѓето и животните.[1]

Staphylococcus xylosus може да се користи како CNC (коагулаза-негативни коки) во ферментацијата на салама.[2]

Се чини дека е многу повеќе чест кај животните отколку кај луѓето. Многу ретко се може да биде идентификуван како причинител на човечка инфекција.

Идентификација[уреди | уреди извор]

Овој вид нормално е чувствителен на флероксацин, метицилин, пеницилин, теикопланин, еритромицин и тетрациклин, а резистентен е на новобиоцин. Биохемиски е многу активен, создавајќи органски киселини од разни јаглехидрати.

Способен е да продуцира киселина и гас од D-(+)-галактоза, D-(+)-маноза, D-(+)-манитол, малтоза и лактоза.

Може да продуцира слузи, но не и клеточни капсули. Оваа способност ја губи после субкултивирање. Пептидогликанот на клеточниот ѕид е сличен на L-Lys-Gly3-5 L-Ser0.6-1.5 типот кој се среќава воглавно кај човечките стафилококни видови.

Клиничко значење[уреди | уреди извор]

Staphylococcus xylosus е член на кожната микрофлора на човекот и другите животни. Понекогаш е поврзан со:

  • Носен дерматитис кај некои видови на глодачи
  • Пиелонефрит кај луѓето
  • Птичји стафилококни инфекции
  • Инфекции кај говедата

Најден е во млекото, сирењето, и колбасите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Karl H. Schleifer and Wesley E. Kloos: Isolation and Characterization of Staphylococci from Human Skin I. Amended Descriptions of Staphylococcus epidermidis and Staphylococcus saprophyticus and Descriptions of Three New Species: Staphylococcus cohnii, Staphylococcus haemolyticus, and Staphylococcus xylosus. Int J Syst Bacteriol January 1975 25:50-61; doi:10.1099/00207713-25-1-50.
  2. Aquilanti, L., Garofalo, C., Osimani, A. and Clementi, F.: Ecology of lactic acid bacteria and coagulase negative cocci in fermented dry sausages manufactured in Italy and other Mediterranean countries: an overview, in: International Food Research Journal 23(2): 429-445 (2016)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Vela, Javier; Hildebrandt, Kelsie; Metcalfe, Andrew; Rempel, Heidi; Bittman, Shabtai; Topp, Edward; Diara, Moussa (December 2012). „Characterization of Staphylococcus xylosus isolated from broiler chicken barn bioaerosol“. Poultry Science. 91 (12): 3003–3012. doi:10.3382/ps.2012-02302.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]