Spiraea media
| Spiraea media | |
|---|---|
| Spiraea media | |
| Ботаничка илустрацијаillustration | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Spiraea |
| Вид: | Spiraea media |
| Научен назив | |
| Spiraea media Schmidt | |
| Синоними | |
|
Список
| |
Spiraea media, е вид цветно растение од семејството рози.[1][2] Потекнува од ладноумерена Евроазија, од Австрија до Камчатка, а е воведена и во Велика Британија, Германија, балтичките држави, Белорусија и централноевропска Русија.
Опис
[уреди | уреди извор]Грмушка, до 1,5 м висока, со вертикални, округли, црвеникаво-кафеави гранчиња.
Младите гранчиња влакнести, а постарите голи.
Листовите јајцевидни, елиптично-копјести до широко-елиптични, до 5 цм долги, 2 цм широки, на врвот тапи или кусо заострени, во основата обично клиновидни, во долната половина по работ целокрајни, а во горната назабени. Листовите во близина на соцветието обично целокрајни, младите листови со ретки влакна, или сицо влакнести на долната страна, додека старите листови се голи.
Соцветијата речиси топчести, и од голем број цветови, на куси гранчиња со мал број листови. Цветовите хермафродитни на голи до 2 цм долги дршки. Најдолните на подолги дршки а погорните покуси.
Чашкините ливчиња триаглесто-јајцевидни, 1-1,2 мм долги, на горната страна и по работ влакнести, а на долната голи. Венечните ливчиња бели, скоро круглести, 4-6 мм долги. Кај прецветаните цветови чашкините ливчиња свиткани надолу. Венечните ливчиња бели, широко-обратно-јајцевидни до скоро круглести, околу 3 мм долги. Прашничките листови во голем број, долги колку венечните ливчиња или малку подолги, антерите црвени. Столпчињата 5 околу 1,5 мм долги. Мешунчињата голиили со ретки влакна а поретко на врвот погусто влакнести, на стомачната страна подуени. Семките околу 2 мм светлокафеави.[3]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Spiraea media во Македонија расте по каменливи и карпести места во субалпскиот појас.
Се посочува за Дренска Планина (Прилепско), Добра Вода (Кичевско), Липковска Река - браната „Глажња“ (Кумановско) и Кавадарци - с. Кесендре (Вишешница).[3]
Подтаксони
[уреди | уреди извор]Прифатени се следните подвидови:
- Spiraea media subsp. media – цела низа
- Spiraea media subsp. Polonica (Błocki) Dostál – Украина
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Spiraea media (SPVME)“. EPPO Global Database. European and Mediterranean Plant Protection Organization. 2026. Посетено на 11 June 2026.
English; oriental spirea, Russian spiraea
- ↑ „欧亚绣线菊 ou ya xiu xian ju“. Flora of China. Missouri Botanical Garden & Harvard University Herbaria. 2026. Посетено на 11 June 2026.
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 4. Скопје: МАНУ. стр. 885.