Spergularia rubra
| Spergularia rubra | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Spergularia |
| Вид: | Spergularia rubra |
| Научен назив | |
| Spergularia rubra (L.) C. Presl | |
Spergularia rubra[1] — растителен вид од семејството Caryophyllaceae. Потекнува од Европа, Азија и Северна Африка, а е присутна и на други континенти, вклучувајќи ги Северна и Јужна Америка и Австралија, како доведен вид, а во многу области се смета како чест плевел. Расте во широк спектар на типови живеалишта.
Опис
[уреди | уреди извор]Станува збор за едногодишна или повеќегодишна билка која има тенко, жлездесто стебло долго до околу 25 сантиметри. Обложена е со малку месести линеарни или кончести листови, секој со помала должина од 2 сантиметри. Листовите може да бидат на врвот со тврди врвови или боцки, а се придружени со сјајни бели стипули во копјест облик. Цветовите се наоѓаат во лисните оски и на врвовите на стеблата. Имаат влакнести, жлездести чашки и пет кружно-овални розови ливчиња.
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Широко распространето растение по брдските и планинските пасишта, по песокливи места, покрај патишта, на надморска височина од низините до 2200 метри.
Вирее на Шар Планина, Бистра, Огражден, Пелистер, околината на Скопје, Жеденска Клисура, Маврови Анови, селото Врбен, Демир Хисар, Преспа, Отешево, Кочани, Радовиш, Колешино и на други места.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Spergularia rubra“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 25 November 2015.
- ↑ Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 296-297
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Spergularia rubra“ на Ризницата ? |