Прејди на содржината

Spergularia

Од Википедија — слободната енциклопедија

Spergulariaрод во семејството Caryophyllaceae, кој содржи растенија отпорни на сол.[1]

Едногодишни и повеќегодишни тревести растенија, кои имаат линејни листови, со една жила, на врвот зашилени и со прилисници. Прилисниците секогаш по две на еден листен пар, ципесто кожести, бели, во долниот дел сраснати меѓу себе. Цветовите се со дршки, чашката со пет слободни чашкини ливчиња, внатрешните ливчиња со широк ципест бел раб, а надворешните со тесен раб. Прашниците се на број пет или десет, ретко се помалку, столпчињата се три, а семките кај некои видови се широко кружно крило.[2]

Постојат околу 60 видови.[3]

Во Македонија виреат два вида, Spergularia media и Spergularia rubra.[2]

Ботаничарот Славниќ го наведува видот Spergularia marina за Скопската Котлина, но овој податок никогаш не бил потврден на терен, и се смета дека тој вид го нема во Македонија.[4]

Избрани видови

[уреди | уреди извор]
  1. „Spergularia“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 25 November 2015.
  2. 1 2 Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 295
  3. Flora of North America
  4. Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 297