Друштвено означување

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Social bookmarking)

Друштвено означување (Social bookmarking) е метод со којшто интернет корисниците складираат, организираат, пребаруваат, и управуваат ознаки (bookmarks) на мрежни места на интернет со помош на мета податоци, типично во формата на тагови (tags) коишто колективно и/или колаборативно стануваат фолксономи. Фолксономијата е уште наречена и социјално тагирање “процес со којшто многу корисници додаваат мета податоци на содржината која што ја делат, во форма на клучни зборови”. [1] Архивирано на 10 мај 2011 г.

Во системот на социјално означување, корисниците ги зачувуваат врските до мрежните места коишто тие сакаат да ги запомнат и/или да ги споделат. Овие ознаки обично се јавни, и можат да бидат зачувани приватно, споделени само со одредени луѓе или групи, споделени само во одредени внатрешни мрежи, или друга комбинација на јавни и приватни домени. Луѓeто на коишто им е дозволен пристап обично можат да ги видат овие ознаки по хронолошки ред, по категорија или тагови или преку пребарувачка платформа.

Поголемиот број на сервиси за социјално означување ги охрабруваат своите корисници, да ги организираат нивните ознаки со неформални тагови наместо традиционалниот систем на нивно складирање во папки во самата пребарувачка платформа, иако некои од услугите имаат категории/папки или комбинација на папки и тагови. Тие исто така овозможуваат преглед на одбележувачите (bookmarks) поврзани со избраниот таг, и вклучуваат информации за бројот на корисници коишто ги имаат означено истите. Некои сервиси за социјално означување исто така извлекуваат заклучоци од врските на самите тагови за да создаваат групи на ознаки (tags или bookmarks).

Мнгоу од сервисите за друштвено вмрежување обезбедуваат веб новости (web feeds) за нивната список на ознаки, вклучувајќи листа организирана според тагови. Ова овозможува претплатниците да бидат свесни за постоењето на нови ознаки во моментот кога тие се зачувани, споделени и тагирани од други корисници.

Со самото созревање на овие сервиси и пораст на нивната популарност, тие додадоа нови екстра опции како што се рејтинзи и коментари на самите ознаки, можност за внесување и изнесување на ознаки од пребарувачите, препраќање на ознаките преку електронска пошта, веб забележување и групи или други опции на друштвени мрежи. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

1. Golder, Scott; Huberman, Bernardo A. (2006),"Usage Patterns of Collaborative Tagging Systems" Архивирано на 10 мај 2011 г., Journal of Information Science 32 (2): 198-208 Преземено, 18-03-2009

2. Ben Lund, Tony Hammond, Martin Flack and Timo Hannay: Social Bookmarking Tools (II): A Case Study – Connotea In: D-Lib Magazine 11, Nr. 4, 2005 Преземено, 18-03-2009