Smaky

Од Википедија — слободната енциклопедија

Smaky е линија од претежно 8-битни лични сметачи со придружен оперативен систем проф. Жан-Даниел Нику и неговите колеги од Федералната политехничка школа во Лозана, Швајцарија започнувајќи од 1974 г. Овие сметачи се користеле во техничката школа и во швајцарските улилишта. Името е кратенка од зборовите „SMArt KeYboard“, бидејќи матичната плоча и другите делови се сместени во едно исто куќиште заедно со тастатурата.

Првите три модели, Smaky 1, Smaky 2 и Smaky 4, се засноваат на микрообработувачот Intel 8080 (Smaky 3 е недовршен прототип). Во 1978 Smaky почнал да го користи 8-битниот обработувач Zilog Z80. Во овој период Smaky произведувале и преносен сметач сличен на Osborne.

Во 1981 подлогата е сменета на 32-битниот обработувач Motorola 68000. За овој сметач е изработен и нов оперативен систем наречен „Psosз“, кој се користел во сите наредни модели.

Развојната дејност на Smaky завршила во 1995 г. Во 2000 г. е направен емулатор на Smaky за Microsoft Windows.

Модели[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]