Skid Row

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Skid Row
Skid Row на South Texas Rockfest во 2008
Биографски податоци
Потекло Томс Ривер (Њу Џерси), САД
Жанрови хеви метал, глам метал
Период на активност
  • 1986–1996
  • 1999–сѐ уште
Издавачи Atlantic, SPV, Megaforce
Соработници The Last Hard Men, Frameshift, TNT
Мреж. место skidrow.com
Членови
Рејчел Болан
Дејв Сабо
Скоти Хил
Роб Хамерсмит
ЗП Тарт
Поранешни членови
Види поранешни членови

Skid Row — американска хеви метал музичка група, основана 1986 година во Томс Ривер (Њу Џерси). Групата била комерцијално успешна во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, а нивните први два студиски албуми Skid Row (1989) и Slave to the Grind (1991) достигнале повеќе платинест тираж во САД, од кои вториот бил и број еден на америоканската Билборд 200 за најпродавани албуми.[1] Нивниот трет студиски албум Subhuman Race (1995) добил позитивни оценки од музичкиот печат, но не достигнал тираж како претходните два албуми. Во овој период, поставата на бендот ја сочинувале басистот Рејчел Болан, гитаристите Дејв Сабо и Скоти Хил, фронтменот Себастијан Бах, и тапанарот Роб Афусо. Групата имала продадено 20 милиони албуми во светот до крајот на 1996.[2]

Откако ги замениле Бах со Џони Солинџер и Афусо со Фил Вароне во 1999, Skid Row ги издале Thickskin (2003) и Revolutions per Minute (2006), кои добиле главно негативни реакции од публиката. Во 2015 Skid Row се разделиле со фронтменот Солинџер по 16 годишна соработка, и го поставиле Тони Харнел како негова замена.[3] По само осум месеци Харнел си заминал, а на негово место дошол ЗП Тарт. Во периодот 2013–2014 групата го издала албумот United World Rebellion како два мини албуми.

Членови[уреди | уреди извор]

Актуелни[уреди | уреди извор]

Поранешни[уреди | уреди извор]

  • Мет Фалон – вокали (1986–1987)
  • Коди Хоувел – бас гитара (1986)
  • Стив Бродертон – гитара (1986, 2005)
  • Куртис Џексон – гитара (1986, 2005)
  • Џон Ратковски – тапани (1986–1987)
  • Џим Јухаш – гитара (1986–1987)
  • Чарли Милс – тапани (1986–1987, 1999–2000)
  • Роб Афусо – тапани (1987–1998, 2002)
  • Себастијан Бах – вокали (1987–1996)
  • Шон Мекејб – вокали (1997–1998)
  • Џони Солинџер – вокали (1999–2015)
  • Фил Вароне – тапани (1999–2004)
  • Тимоти Дидуро – тапани (2004)
  • Дејв Гара – тапани (2004–2010)
  • Тони Харнел – вокали (2015)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • Skid Row (1989)
  • Slave to the Grind (1991)
  • Subhuman Race (1995)
  • Thickskin (2003)
  • Revolutions per Minute (2006)

Други изданија[уреди | уреди извор]

  • B-Side Ourselves (1992)
  • 40 Seasons: The Best of Skid Row (1998)
  • United World Rebellion: Chapter One (2013)
  • Rise of the Damnation Army (2014)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]