Прејди на содржината

Sigur Rós

Од Википедија — слободната енциклопедија
Sigur Rós
Sigur Rós на настап во 2013. Од лево на десно: Кеорк, Јонси и Ори
Животописни податоци
ПотеклоРејкјавик, Исланд
Жанрови
Период на активност1994–денес
Издавачи
Мреж. местоhttps://sigurros.com

Sigur Rós (транскрипција: Сигурос)[6] ― исландска пост-рок музичка група основана во 1994 година во Рејкјавик. Составена е од: пејачот и гитарист Јон Тор Пиркисон - Јонси (исландски: Jón Þór "Jónsi" Birgisson), басистот Кеорк Холм (Georg Hólm) и клавијатуристот Кјартан Свеинсон (Kjartan Sveinsson). Познати се по уникатниот амбиентален и етеричен звук, фалсето гласот на фронтменот Јонси и нивната употреба на гитара со гудало.[7] Музиката на Sigur Rós е комбинација на класични и минималистички естетски елементи.[8][9] Групата е именувана по сестрата на фронтменот Јонси и во превод значи „Роза на победата“.

Историја

[уреди | уреди извор]

1997–1999: Почетоци и први успеси

[уреди | уреди извор]

Јон Тор Пиркисон - Јонси (гитара и пејач), Кеорк Холм (бас) и Агуст Гунарсон (тапани) ја основале групата Sigur Rós во Рејкјавик во јануари 1994 година.[10] Името на групата, што се преведува како „Роза на победата“, е преземено од името на помладата сестра од Јонси, Сигурос, родена неколку дена пред основањето на групата.[10][11]

Во 1997 година, го објавиле албумот Von, а во 1998 година ремикс-колекцијата, Von brigði. Во 1998 година на групата ѝ се придружил Кјартан Свенсон на клавијатури.

Меѓународна популарност стекнале со нивниот втор албум, Ágætis byrjun од 1999 година. Албумот бил пофален од критичари од цел свет, а групата била пофалена и од познати музчари како што се: Radiohead, Coldplay и Дејвид Боуви.[12] Најпознати песни од овој албум биле: „Svefn-g-englar“ и „Viðrar vel til loftárása“.

2000–2007: Издавање на албумите: ( ), Takk... и Hvarf/Heim

[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, Sigur Rós го издале нивниот трет студиски албум, под наслов „( )“. Овој албум содржел осум песни поделени на два дела, каде првиот дел е посветен на позитивни чувства, а вториот на темни и мрачни емоции. Албумот е карактеристичен и по тоа што сите песни се без наслов и се пеат на измислен јазик наречен „хоупландски“, што додава на етеричниот и мистичен квалитет на музиката на групата.

Sigur Rós на настап во Барселона, 2005 година

Нивниот четврти албум, Takk... го користел препознатливиот звук од нивниот втор албум, но со повеќе рок елементи и со поголема употреба на гитара. Бил издаден во септември 2005 година. „Hoppipolla“, вториот официјален сингл од Takk... , била користена во: трејлерите на Би-би-си во серијата Планетата Земја од 2006 година, одјавната шпица од финалето на ФА Купот во 2006 година, веслачката трка на Оксфорд и Кембриџ во 2006 година, рекламите на Би-би-си за натпреварите на Англија за време на Светското првенство на ФИФА во 2006 година, на телевизиски реклами за галските игри на RTÉ во Ирска и на реклама за Оксфам. Искористена е и во последната сцена од филмот Пенелопа, за трејлерот од филмот Деца на човештвото и за трејлерот од филмот Милионер од гетото.

На UCLA во 2008 година, свирење на акустичен сет пред прикажувањето на Heima

Во август 2007 година, било објавено ограничено ДВД+ЦД издание на саундтракот од 2002 година за документарниот филм Хлеммур. На 5 ноември групата го издала Hvarf/Heim, двоен компилациски албум кој содржел студиски верзии на претходно необјавени песни и акустични студиски верзии на нивни постари песни.

2008–Денес: Подоцнежни изданија и турнеи

[уреди | уреди извор]

Петтиот студиски албум на Sigur Rós, Með suð í eyrum við spilum endalaust (во превод на македонски: Со зуење во ушите свириме бескрајно), бил издаден во јуни 2008 година и добил претежно позитивни критики. Стилски се разликувал од нивните претходни изданија; имало повеќе гитара и помалку други жичани инструменти,[13] и содржел повеќе песни ориентирани на поп-музика.[14] Последната песна „All Alright“ била прва песна од групата испеана на англиски јазик, но текстовите на сите други песни се на исландски.

Sigur Rós настапува во Борнмаут, Обединето Кралство, 2008 година

Во 2009 година Јонси започнал соло-кариера, а неговиот прв соло-албум Go, бил објавен следната година.[15]

По четиригодишна пауза, на 23 мај 2012 година групата го издала албумот Valtari.[16][17] на 26 март 2012 година, групата го издала првиот официјален сингл од албумот, „Ekki múkk“.[18][19] На 10 мај 2012 година, новата песна од Sigur Rós „Dauðalogn“ била премиерно прикажана на „The Departed“, последната епизода од третата сезона на Вампирски дневници.[20]

Групата се појавила во ТВ-серијата Игра на тронови во епизодата „Лавот и розата“ на 13 април 2014 година.[21] [22] Тие, исто така, ја обработиле песната „The Rains of Castamere“, која прво била снимена од групата National за претходната епизода, „Blackwater“.[23]

На 16 јуни 2023 година, Sigur Rós го издале „Blóðberg“, прв сингл од нивниот осми студиски албум, Átta.[24][25] Самопродуцираниот албум бил снимен во студиото Sundlaugin, во руралните предградија на Рејкјавик.[26]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Von (1997)
  • Ágætis byrjun (1999)
  • ( ) (2002)
  • Takk... (2005)
  • Með suð í eyrum við spilum endalaust (2008)
  • Valtari (2012)
  • Kveikur (2013)
  • Átta (2023)
  1. „Explosions In The Sky, Mogwai And Sigur Rós Have Post-Rock Euphoria“. Grammy.com. Архивирано од изворникот на 9 July 2016.
  2. „The 30 best post-rock albums of all time“. Fact. 20 April 2016. Архивирано од изворникот 17 August 2019.
  3. „Sigur Rós featured article“. Архивирано од изворникот на 26 June 2019.
  4. Ezell, Brice (30 May 2012). „Sigur Rós: Valtari“. PopMatters. Архивирано од изворникот 27 October 2016. Посетено на 26 November 2012.
  5. „Sigur Rós“. Архивирано од изворникот 18 May 2019.
  6. „pronunciation“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 24 March 2014.
  7. Brown, Helen (28 June 2008). „The Gods play games with Sigur Rós“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 12 January 2022. Посетено на 3 November 2012.
  8. „Sigur Ros Build Dramatic and Ethereal Soundscapes in Austin (SHOW REVIEW)“. Glide Magazine (англиски). 12 June 2017. Посетено на 20 June 2017.
  9. Durchholz, Daniel (1 June 2017). „Experimentation is still paying off for Icelandic post-rockers Sigur Ros“. St. Louis Post-Dispatch (англиски). Посетено на 20 June 2017.
  10. 10,0 10,1 „sigur rós – frequently asked questions“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 15 December 2013.
  11. „sigur rós – frequently asked questions“. sigur-ros.co.uk. Посетено на 18 July 2007.
  12. Lynskey, Dorian (2023-06-16). 'I felt violated. It was a dark period for all of us': Sigur Rós on their nightmarish recent years“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-06-16.
  13. „Sigur Rós to play Roskilde Festival“. Indie Laundry — danish/icelandic musicblog mp3. 28 February 2008. Посетено на 29 March 2008.
  14. Chapin, Bill (1 November 2009). „Albums of the Aughts No. 44: "Med sud i eyrum vid spilum endalaust" by Sigur Ros“. Jackson Citizen Patriot. Посетено на 23 November 2009.
  15. Gershuny, Diane.
  16. Medsker, David (26 March 2012). „Sigur Ros Announce New Album 'Valtari,' Unleash Track 'Ekki Mukk'. Diffuser.fm. Посетено на 23 March 2015.
  17. Michaels, Sean (27 March 2012). „Sigur Rós announce sixth studio album“. The Guardian. Посетено на 23 March 2015.
  18. Medsker, David (26 March 2012). „Sigur Ros Announce New Album 'Valtari,' Unleash Track 'Ekki Mukk'. Diffuser.fm. Посетено на 23 March 2015.
  19. Grishkoff, Jason (26 March 2012). „Sigur Rós — Ekki Múkk“. Indie Shuffle. Посетено на 18 April 2012.
  20. Празен навод (help)
  21. „Sigur Rós to Appear on "Game of Thrones" | News“. Pitchfork. 10 September 2013. Посетено на 13 May 2014.
  22. Празен навод (help)
  23. „Sigur Rós Will Cover "The Rains of Castamere" for "Game of Thrones" Soundtrack | News“. Pitchfork. 3 April 2014. Посетено на 13 May 2014.
  24. „Sigur Rós Unveil "Blóðberg", First New Song in Seven Years“. consequence.net. 12 June 2023.
  25. „Sigur Rós Releasing New Album Átta Tomorrow“. Pitchfork. 15 June 2023.
  26. Sumerel, Ashley Bissette (June 23, 2023). „Sigur Rós Announce First New Album in 10 Years: Átta“. Eulalie Magazine.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]