Секс Пистолс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Sex Pistols)

Секс Пистолс (англиски: Sex Pistols) - англиска панк-рок група, формирана во Лондон во 1975 година. Таа е најзначајна за воведувањето на панк-движењето во Велика Британија, а подоцна и за инспирацијата на многу музичари од панк-рокот и алтернативниот рок. Нејзината кариера траела само две и пол години во кои групата снимила само четири синглови и еден студиски албум, Never mind the bollocks: Here’s the Sex Pistols, кои се сметаат за едни од највлијателните во историјата на популарната музика. Групата ја сочинувале: вокалистот Џони Ротен, гитаристот Стив Џонс, тапанарот Пол Кук и басистот Глен Метлок кого во 1977 година го заменил Сид Вишус. Нивниот сингл од 1977 година „Господе, чувај ја кралицата“ (God Save the Queen) го нападнало британското општоприфатено социјално однесување и почитта кон кралството.

Во јануари, 1978та година, на крајот на нивната брза турнеја во САД, Ротен замина и го најави своето раскинување со бендот. Во следните неколку месеци, другите три члена на бендот снимија песни за Меклареновата филмска верзија за приказната на Секс Пистолс, The Great Rock’n’Roll Swindle (Големата рокенрол кражба). Вишус починал од хероинско предозирање во февруари 1979 година. Во 1996 година, Ротен, Џонс, Кук и Метлок повторно се обединиле за Гнасната лукреанска турнеја, а од 2002 година тие организираа понатамошни обединувачки настапи и турнеи. Во 2006 година, групата добила покана да стане дел од Рокенрол салата на славните (Rock and Roll Hall of Fame), но членовите го одбиле тоа, а пејачот Џони Ротен напишал писмо до гласачите, порачувајќи им дека не обрнале доволно внимание на нивните песни.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоците и раните денови[уреди | уреди извор]

Секс Пистолс произлегоа од „Swindle (Нишката) “,рок-бенд формиран во 1972та година од работничко-тинејџерска класа со вокалот Стив Џонс, тапанарот Пол Кук и гитаристот Воли Најтингел.Според податоците на Џонс, двајцата, и тој и Кук,свиреле на инструменти кои ги украле. Раните почетоци на„Нишките“-понекогаш познати и како„Фалбаџии“-исто така ги вклучувале и фронтменот Џим Мекин и Стивен Хајес(а подоцна Дел Нунс)на бас.Членовите на бендот често пазарувале во двата познатите дуќани за облека на„Kings Road“,во Лондонското соседство,Челзи: “Acme Attractions” на Џон Кривин и Стив Рејнор (каде што Дон Летс работел како менаџер) и во Меклареновите и Вивиен Вествуновите дуќани „Пребрз да живее,премлад да умре“ . Продавницата на Мекларен и Вествуд се отворила во 1971та година како,,Нека се ниша“со темата „Слатко дете“од 1950-тите години. Се преименувала во 1972 година за да се фокусира на друг повторно навлезен тренд’рокерски’ изглед придружен со Марлон Брандо. Како што Џон Лидон подоцна објави„Малколм и Вивиен се навистина како пар корумпирани шарлатани-тие ќе продадат било што на било кој тренд што ќе можат повторно да го грабнат. Продавницата требаше да биде централна точка на панк-рок сцената, соединувајќи ги учесниците подоцна како што се Сид Вишус, Марко Пирони, Ген Октобер и Марк Стјуарт помеѓу многуте други. Џордан, дивиот, стилски продавач е кредитизиран како„добро познатиот сингл работејќи на воведувањето на панк-изгледот.“

Во почетокот на 1974 година Џонс го убеди Мекларенс да им помогне на „Нишките“. Како менаџер на групата Мекларен им платил за нивниот прв официјален простор за проби. Глен Метлок, студент на уметност која наводно работел во продавницата „Пребрз да живее,премлад да умре“ бил прифатен како официјален басист на групата. Во Ноември, Мекларен привремено се префрлил во Њујорк. Пред неговото заминување Мекларен и Вествуд смислија нов идентитет на нивната продавница, преименувана во “Sex (Секс)“ која го смени својот поглед од ретро стил во инспирирана С и М „немодерна“ продавница со главна улога на „Специјалисти во гумената, гламурозната и сценската облека.По неформалното менаџирање и промовирање на “New York Dolls (Њујоршките кукли)“ за време од неколку месеци, Мекларен се вратил во Лондон,1975 година. Инспириран од панк-сцената,која почнуваше да се појавува како фаворит во “Low Menhetan (Нискиот Менхетан)“-од голема значајност за радикално визуелниот став на Ричард Хел, потоа и со телевизијата-Мекларен почнал да зема поголем интерес за „Нишките“. Групата вежбала регуларно,надгледувана од Меклареновиот пријател Бернард Родс,и настапила јавно за првпат. Набргу по враќањето на Мекларен,Најтингел бил избркан од бендот и Џонс ги преземал гитарските должности. Според новинарот и поранешниот работник на Мекларен, Фил Стронгман, во ова време бендот го присвоил името на КТ Џонс и на Секс Пистолс. (или КТ Џонс и неговите Секс Пистолс, како една дизајнирана маица на Род) Мекларен зборувал со една ’Њујоршка кукла’,Силвијан,за нејзино доаѓање во Англија и приклучување на групата. Кога тие планови пропаднаа, Мекларен, Род и бендот почнаа да трагаат по нов член да ги исполни водечките вокални способности. Како што Метлок објаснува,“тогаш сите имаа долга коса,дури и млекарот,па кога ќе забележевме некои со кратка ги сопиравме и ги прашувавме дали себеси се доживуваат како пејачи. Помеѓу сите нив, назначениот беше Миџ Ур,кој беше вклучен во сопствениот бенд,Слик. Кевин Роланд-кој ќе го пронајдат Дексис Миднајт Ранерс три години подоцна-аудитиран,но освен Метлок,никој друг не бил импресиониран.Со потрагата која не водела никаде,Мекларен го повикал неколкупати Ричард Хол,кој ја откажал поканата.

Приклучувањето на Џон Лидон во бендот[уреди | уреди извор]

Во август 1975 година, Род’с забележа деветнаесет годишен Кингс Роад член,Џон Лидон носејќи маица на Пинк Флојд со зборовите „Јас Мразам“ рачно напишано врз името на бендот и издлабени дупки низ нивните очи. Извештаите објаснуваат дека: истиот ден или набргу потоа, Родс или Мекларен го замолиле Лидон да дојде во блискиот бар да се сретне со Џонс и Кук. Според Џонс „Тој влезе со зелена коса.Помислив дека има многу интересно лице. Ми се допадна неговиот поглед. Ја имаше на себе својата „Јас ги мразам Пинк Флојд“маица , и беше сошиена со безопасни игли. Џон имаше нешто посебно,но кога почна да зборува беше вистински гомнар-ама паметен. Кога барот затвори,групата се пресели во Секс,каде Лидон,кој даваше мало значење на пеењето,беше убеден да ја изведе„I’m 18 (Јас сум 18)“на Алис Купер. Иако изведбата ги доведе до смеа членовите на бендот,Мекларен ги убеди да почнат проби со Лидон. Лидон подоцна го објаснил овој социјален контекст во кој бендот пристигнал заедно: Во раните седумдесетти Британија беше многу деприсирачко место. Беше потполно празно, имаше ѓубре на улиците, невработеност-како сите да штрајкуваа. Сите беа израснати со образовен систем што не ти покажува ништо, ако доаѓаш од погрешната страна на улицата...така што немаш никаква надеж за пеколот ниту идеи за твојата кариера.Од таму произлезе вообразеното мое и Секс Пистолс а подоцна и цела група од имитирачки дркаџии после нас. Ник Кент-писател за списанието “Нов Музички Експрес’ (НМЕ) -којшто запаѓал во неприлика со бендот,но отстапил под барањето на Лидон.“Кога дојдов,го погледнав и реков, “Не, тоа мора да помине.’’подоцна објасни Лидон.“Од тогаш,тој никогаш повеќе не напиша добар збор за мене.“Во Септември,Мекларен повторно помогна во изнајмувањето простор за проби на групата,кои се одржуваа во барови.Кук,кој имаше работа и беше одлучен да се откаже,прозборуваше за откажување.Според објаснувањето на Метлок,Кук„создаде параван“обвинувајќи го Џонс како не доволно спремен да биде соло-гитарист на групата.Една реклама беше сместена во „Создавач на звукот“за „Мал генијален гитарист“. Но постар од 20 години. Што не изгледа полошо од Џони Тандерс.“(однесувајќи се на водачкиот член од панк-сцената во Њујорк.)Повеќето од оние коишто се пријавија на аудицијата очигледно беа несоодветни,но од погледот на Мекларен,самиот процес создаде смисла за солидарност меѓу членовите на групата.Беше избран најталентираниот гитарист,Стив Њу.Како и да е,Џонс напредуваше брзо и развиениот звук на бендот немаше простор за таков вид на техничка работа во која Њу беше експерт.Тој замина после еден месец. Лидон го прекрсти Џонс во„Џони Ротен“,најверојатно поради неговата лоша забна хигиена.Бендот исто така измисли и име.По разгледувањето на повеќето опции,како,„Бомбата“„Проклетите“, „Под“, „Тинејџерска приказна“, „Горделивата детска љубов“и„Кремот на кремовите“,тие се одлучија за Секс Пистолс,скратена форма од името под кое работеа неформално.Мекларен подоцна објавил дека името дошло од„од идејата на пиштолот, девојка, нешто младо, убиец кој изгледа добро“.Непристојно, од друга страна лажно,тој додаде дека„лансирање на идејата е во форма на бенд од деца кој може да си именува како лош.“Групата почна да пишува оригинален материјал.Ротен беше авторот,а Метлок главниот автор на музиката(нивната прва соработка„Pretty Vacant (Убавиот слободен простор)“со текст на Метлок и мала помош на Ротен) официјалниот кредит беше поделен на четири еднакви дела. Првата свирка на новата четворка беше организирана од Метлок,кој студираше на колеџот во Св.Мартин.Бендот свиреше во школото на 6 Ноември 1975 година,со поддршка на рок-групата„Bazooka Joe (Базуката Џо)“употребувајќи ги нивните тапани и други инструменти.Секс Пистолс изведоа неколку веќе постоечки песни како:„Substitute (Резервата)“ на „TheWho“, „Whatcha Gonna do about it (Што ќе сториш во врска со тоа)“на „The Small Faces“, „ (I’m not Your) Stepping Stone (Јас не сум твојата)одлична можност“на познатите„The Monkeys“кои според набљудувањата се неслучајно именувани како екстремно гласни. Пред Пистолс да отсвират некои нивни оригинални песни,еден од членовите на “Bayooka Joe“ ги повлече каблите кога виде дека нивната опрема е уништена.Физичка пресметка меѓу членовите на двата бенда,настапи на сцена.

Градејќи го континуитетот[уреди | уреди извор]

Свирката во Св.Мартин беше проследена од други изведби во колеџот и уметничките школи покрај Лондон.Сржта на следбениците на групата,вклучувајќи ги-Siouxsie Sioux (Сокси Сокс),Steve Severin(Стив Северин) и Billy Idol(Били Ајдол),кои би продолжиле да формираат бендови на нивна сметка, се познати како„Broomley Contingent“ (Банален контингент)од кои неколку се од соседството.Нивниот добро познат стил,копиран од “Sex (Секс)“,воспостави тренд кој беше прифатен од обожавателите на бендот.Мекларен и Вествуд го гледаа новото лондонско панк-движење како возило со многу повеќе од само еден обичен занает.И двајцата беа маѓепсани од радикалното воздигнување во Париз (Мај 1968 година), особено од идеологијата и агитаиите на “Situationists“, како и мислењето на анархистот за Буенавнтура Дурути и останатите. Вакви интереси делеше и Џејми Рид, стар пријател на Мекларен кој почна да изготвува материјал за Секс Пистолс пролетта 1976 година.Скратените,вметнати букви за класичното лого на Секс Пистолс и моделите за бендот вцушност ги претставил пријателот на Мекларен,Хелен Велингтон-Лојд.„Имавме обичај да зборуваме многу со Лојд за “Situationists,“подоцна изјави Рајд.“Се чинеше дека Секс Пистолс е најсовршениот трансфер за директен пренос на идеи до луѓето кои не ја добиваа пораката од лево ориентираните.Мекларен исто така вршеше аранжмани за првите фотосесии на бендот.Како што опишуваше музичкиот историчар Џон Севич,“Со неговата зелена коса,поднаветнатиот став и неуредниот изглед(Лајден) изгледаше како мешавина од Јурија Хип и Ричард Хел. Првата свирка на Секс Пистолс која привлече внимание беше како споредна група на “Eddie and the Hot Rots“,водечка паб рок група,во Маркју,12 Февруари 1976 година. Ротен“беше на работ на границата на својата изведба,заминуваше од сцената,седеше со публиката,го фрлаше Џордан на подиумот,трескајќи ги столовите наоколу, пред да искрши дел од опремата на “Eddie and the Hot Rots“.Првиот прилог на бендот се појави во НМЕ, придружен од кратко интервју на Стив Џонс објавувајќи, „ Всушност ние не сме навлезени во музиката.Ние сме навлезени во хаосот.“ Меѓу многуте кои го прочитаа прилогот беа и двајца студенти од Институтот за технологија во Болтон, Хауард Девото и Пит Шели,кои тргнаа во Лондон, во потрага по Секс Пистолс.По разговорот со Мекларен во кафе барот Секс, тие конечно го стигнаа бендот после неколку свирки, доцна во февруари. Двајцата пријатели веднаш почнаа со организирање на нивна сопствена група во стилот на Секс Пистол, наречена “Buzzcocks“. Како што подоцна Девото изјави, “Животот ми се промени во моментот кога ги видов Секс Пистолс.“ Пистолс набргу потоа свиреа на други значајни места,како Клубот 100 на улицата „Оксфорд“ на 30 март.На 3 Април за првпат свиреа во Нешвил,поддржувајќи ги „100те“. Водачот на барскиот рок бенд,Џо Струмер, ги виде Пистолс за првпат таа вечер-и го препозна панк-рокот, како иднината.Повратната свирка во Нешвил,на 23 Април, го покажа зголемениот успех на бендот,но според сите докази остави силен впечаток.Тоа го овозможи Вествуд преку тепачка со друг член од сцената. Набргу потоа Мекларен и Ротен се вмешаа во тепачката.Подоцна Кук изјави, “Тепачката во Нешвил е нешто што кога на јавноста и е преку глава и насилството настапува...Јас мислам дека сите беа решени да тргнат,а ние претставувавме водичи.“ Набргу потоа,Пистолс беа забранети во Нешвил и Маркју. На 23 Април, исто така, албумот на водечката панк-рок група,“Ramones“,беше пуштен во продажба.Тој се смета за доста значителен во историјата на панк-рокот во Англија и насекаде, Лидон одби секакви забелешки, влијателни за Секс Пистолс: “(Рамонс) се долгокоси и не ме интересираат. Не ми се допаѓа нивната слика, што поддржуваат и ништо друго во врска со нив.“ Тие се смешни, но само до толку далеку можеш да отидеш со ’ду-дур-ду-дур’ .Ги слушнав. Следни. Продолжете. На 11ти Мај Пистолс започнаа четири-неделна свирка во четврток вечер во Клубот 100. Остатокот од месецот го посветија на тури низ помалите градови во Западна Англија и снимија демо албуми во Лондон со продуцерот Крис Спединг.Следниот месец свиреа за првпат во Манчестер,организирани од Девото и Шели. Изведбата на Секс Пистолс на 4 јуни во “Lesser Free Trade Hall“ постави нова панк рок експлозија во градот. Од 4 до 6 Јули,со почит,двата ново формирани лондонски панк-рок групи,“The Clash“- со водечкиот вокал на Струмер – ги отворија нивните дебати за Секс Пистолс. Во нивната слободна вечер,Пистолс(освен Лидон) се појавија за свирката на Рамонс во Дингсвал, исто како и сите други во срцето на лондонската панк сцена. За време на враќањето од венчавката во Манчестер, на 20 јули, Пистолс објавија нова песна, “Anarchy in UK (Анархија во ВБ)“, вклучувајќи елементи од брзите идеи на кои Ротен беше подложен. Според Џон Савич, “постои сомнеж дека Лидон беше информативен материјал од Вивиен Вествуд и Џејми Рид,кој тогаш тој го превртел во свој текст.“Анархија во ВБ“ беше меѓу седумте оригинално снимени и други демо снимања овој месец, овој пат видени од звук мајсторот, Дејв Гудман. Мекларен организира главен настан за 29 Август во ’Screen on the green’ во лондонската област Ислингтон: „The Buzzcocks“ и „The Clash“ ја отворија за Секс Пистолс во панк верзија “првиот тест за сила“. Три дена подоцна,бендот замина во Манчестер да го снима нивното прво телевизиско појавување, за Тони Вилсон- So it goes. Со дозвола да изведат само една песна, „Анархија во ВБ“ , бендот се стрчал право кон други двајца и во собата настанал вистински хаос. Секс Пистолс го одржаа својот прв концерт надвор од Велика Британија на 3 Септември,на отворањето на дискотеката„Chalet du Lac“ во Париз. Нив ги придружија „The Bromley Contingent“ кои со нивниот бенд предизвикаа сензација. Следниот ден, „So it goes“ изведбата ечеше, публиката ја слушаше „Анархија во ВБ“ испеана со викотници од „Подигнете го вашиот задник!“ Пистолс започнаа турнеја во Велика Британија на 13 Септември. Недела подоцна, назад во Лондон, тие настапија први на отворањето на Инзвонредниот Панк-клуб 100. Организирано од Мекларен ( на кому зборот ’фестивал’ имаше повеќе хипичко значење), настанот „се сметаше за момент кој беше катализатор за годините што следуваа. И покрај очигледната вистина дека панк-бендовите не можат да свират на нивните интсрументи,секојдневниот музички печат открива дека подоцна критичките проценки на снимките од концертите и сведочењата од неколку музичари придонесоа Пистолси да се развијат во цврст, брутален бенд. Како што Ротен ги испробуваше своите вокалски способности, инструментите експериментираа “со преоптовареност,возвратен удар и дисторзија.... ја туркаа својата опрема до крај.“

ЕМИ и инцидентот Грунди[уреди | уреди извор]

На 8 Октомври 1976 година, главниот издавач ЕМИ потпиша со Секс Пистолс договор од две години.По кратка проба,бендот се најде во студио снимајќи ја својата целосно опремена изведба со Дејв Гудман.Како што подоцна објаснил Метлок, “Идејата беше да се пренесе духот на изведбата во живо. Бевме под притисок да ја направиме се побрза.“ Насилничките реакции беа одбиени. Крис Томас, кој ја продуцираше музиката Рокси и го преработи „The dark side of the moon(Темната страна на месечината)“ на Pink Floyd, беше поканет да снима. Првиот сингл на бендот „Анархија во ВБ“ беше пуштен на 26 Ноември 1976 година. Џон Роб- издавачот на „The Membrans“а подоцна и музички новинар- го објасни влијанието на ЦД-то: Од големиот првичен аплауз на снижените ноти, до фантастичните вокални способности на Џони Ротен, оваа песна е совршена изјава.....силен дел на панк-политиката...избор на живеење, дело што навестува нова ера. Колин Њуман, кој само што ја откри групата “Wire“, ги опиша како “јасниот глас на генерацијата.“ „Анархија во ВБ“, не беше првата одсвирена британска песна, од „New Rose“ на The Damned.“Ние вибрираме“ исто така се појави од “Vibrators“, рокерски банд формиран во почетокот на 1976 година кој стана придружен од панк- кој, според Џон Савиџ “со нивната долга коса,и валканото мрсно име, „Vibrators“претставуваа следбеници- од кои панк-обожавателите беа загрижени.“Не како тие песни, чија содржина беше во рамките на рок-н-рол традицијата, „Анархијата во ВБ“ го однесе панкот на нова политичка позиција-во која гледиштето на Пистолс во исто време беше заострено и еуфорично. Завивањето на Ротен,“Јас сум антихрист!“ и “Уништувај“ го искористија рокот како идеално оружје.Составувањето на песни и нивната визуелна изведба исто така ја сруши новата земја. Рејд и Мекларен имаа идеја да го продадат албумот со ненапишана,безсодржинска црна корица. Првата слика беше песната со постерот на Рејд “анархистичкото знаме“: искинато, и повторно составено, заедно со песната и имињата на бендот на краевита од широко отворена дупка во средината. Оваа и други слики направени од Рејд за Секс Пистолс набргу станаа панк икони. Однесувањето на Секс Пистолс, како и нивната музика, им донесе внимание од страна на јавноста. На 1 Декември 1976 година, бендот и членовите на „The Bromley Contingent“ создадоа бура од публицитет со тоа што се заколнаа за време на вечерното издание во живо, „Дневната програма“ на телевизијата „Thames“. Појавувајќи се во последните минути како замена на ЕМИ-артистите „Queen“, на бендот им беа понудени пијалаци додека да настапат на сцена. За време на интервјуто,Џонс изјави дека бендот се „исцрпил“ и Ротен честопати го употребувал зборот“срање“. Гостинот Бил Гранди, кој уште од порано тврдеше дека е пијан, се сврши со Сокси Сокс,изјавувајќи дека таа “отсекогаш сакала да го запознае“. Грунди одговорил, “Навистина? Ќе се сретнеме подоцна, важи?“ Набргу следуваше размена меѓу Џонс и гостинот: Џонс: Ти валкано гомно.Ти валкан старецу. Грунди: Добро шефе,продолжи.Само продолжи напред. Имаш и повеќе од 5 секунди. Кажи нешто навредливо. Џонс: Ти валкано копиле. Грунди: Продолжи,повторно. Џонс: Ти валкан ебачу! Грунди: Какво храбро момче. Џонс: Каков зафркнат никаквец. Иако програмата се емитуваше само во Лондон,бесот кој следуваше беше присутен во весниците со денови. Весникот „Дневно огледало“ имаше наслов ’Нечистотијата и Гневот!’ други весници како што се „Дневен весник“(“Нечист и гневен телевизиски разговор“) и „Дневниот телеграф“(„Четири зборна рок телевизија“) го следеа нивниот пример. Телевизијата „Thames“ го суспендира Грунди,но и покрај тоа што подоцна беше вратен, ова интервју ја уништи неговата кариера. Епизодата на имињата на бендот,им претставуваше засолниште низ земјата и го претвори панкот во конвенционална свест. Пистолс поставија Анархистичка Тура во Велика Британија,поддржани од „The Clash“ и бендот на Џони Тандер „The Heartbrakers“, сè до Њујорк. „The Damned“беа дел од турата сè додека не беа исфрлени од Мекларен.Медиумското покритие беше силно и многу од концертите беа откажаа организаторите од локалните власти така што од дваесет просечни свирки,се одржаа само седум. Платена програма во западно-велшкиот весник пишуваше дека група црковни пејачи и поп од Пентекостал, протестираа против групата надвор,за време на шоуто во Каерфили.Издавачите во ЕМИ одбија да го поддржат синглот на групата. Лондонскиот советник Бернард Брук Патриџ изјави,“повеќето од групите ќе бидат значително опфатени од ненадејна смрт. Најлошо од панк рок групите претоставувам во моментов се Секс Пистолс. Тие се неверојатно одвратни. Тие се антитезата на човечкиот вид. Би сакал да видам некојшто копа голема, длабока дупка и така раскрвавени ги фрла надолу.

За време на крајот на турата доцна во декември, три концерти беа закажани во Холандија за Јануари 1977та година. Бендот, така преживеан, се качил во авион на аеродромот „London Heathrow“ рано на 4 Јануари. Неколку часа подоцна, вечерните весни јавија дека членовите ,повраќале и плувале` во текот на нивниот лет. Наспроти категорично одбивање од страна на претставниците на ЕМИ кои ја придружуваа групата, назначените, врз политички притисок, го ослободија бендот од договор. Како што Мекларен ги пополнуваше понудите од други издавачи,бендот наврати во студио за неколку снимки со Гудман, последното заедничко снимање или со него или со Метлок.

Приклучувањето на Сид Вишус на групата[уреди | уреди извор]

Во Февруари 1977та година,се слушаа гласини дека Метлок ги напушта Секс Пистолс. На 28 февруари, Мекларен испрати телеграма до НМЕ потврдувајќи го раскинувањето. Тој тврдеше дека Метлок беше “исфрлен....затоа што го поддржуваше многу Пол Макартни...“The Beatles“, тоа беше премногу. Во едно интервју неколку месеци подоцна Стив Џонс прозбори дека Метлок бил исфрлен затоа што ги ’сакал Битлси’.Години подоцна, врз основа на успехот на бендот со Метлок,Џон изјави: “Тој беше добар автор но не изгледаше како Секс Пистол и секогаш ги миеше своите нозе. На неговата мајка не и се допаѓаа песните.“ Метлок им кажа на НМЕ дека доброволно го напушта бендот со “меѓусебен договор“. Подоцна, во неговата автобиографија, тој ќе го објасни неговиот првичен замав, а како најголем се издвојува и посебниот однос со Ротен,загрозен по заслуга на Метлок, од бесното влијание на егото на Ротен “кога го виде своето име во весниците“. Лидон подоцна изјавил дека „God save the Queen“, популарната,невкусна песна отсвирена како втора песна на бендот беше последниот предзнак “ (Метлок) не можеше да го поднесе тој текст. Тој не смета за фашисти.“ Па така пејачот тешко може да го забележи изедначувањето меѓу анти-ројализмот и фашизмот, тврдеше тој. “Не го пореков тоа,само за да се ослободам од него.“ Џон Савиџ предлагаше Ротен да го протера Метлок, за да ја покаже неговата моќ и самостојност од Мекларен. Веднаш потоа Метлок ја формира неговата група, „Rich kids“ со Мич Ур, Стив Њу и Расти Еган. Метлок го замени пријателот на Ротен и себе-именуваниот “фан на Секс Пистолс“Сид Вишус. Роден како Сајмон Џон Ричи, подоцна познат како Џон Беверли, Вишус претходно беше тапанар на две други панк групи, „Siouxsie and the Banshees“ и „The Flowers of Romance“. Тој исто така беше забележан и со воведувањето на ’пого’танцувањето во Клубот 100. Џон Роб тврди дека присуствувал на првата свирка на Секс Пистолс, 11ти Мај 1976 година. Метлок е убеден дека тоа се случило за време на втората вечер во Специјалниот панк клуб 100, во септември, кога Пистолс не свиреа во Велс.Според описот на Метлок,Ротен го сакаше Вишус во бендот затоа што“ наместо тој против Стив и Пол, ќе бидат тој и Сид против Стив и Пол. Секогаш ги гледаше тие спротивни страни. Џулиен Темпл, која студираше филм и Мекларен ја вметна во паролата на Секс Пистолс да создаде разбирлива аудио-визуелна снимка на групата изјави “Сид навистина им беше поддршка на групата. Другите двајца мислеа само дека тој е луд.“ Мекларен подоцна изјави дека многу порано во кариерата на бендот, Вивиен Вествуд му рекла дека тој треба “да го пронајде момчето наречено Џон кој доаѓал во продавницата неколкупати“за тој да биде пејач во групата. Кога Џони Ротен беше примен во бендот, Вествуд изјави дека Мекларен разбрал погрешно “ тој го имаше погрешниот Џон.“ Џон Беверли,идниот Вишус беше оној кој таа го препорача. Мекларен го одобри вклучувањето на Вишус во групата подоцна, кој немаше искуствто на својот нов инструмент, за сметка на неговиот изглед и популарност на панк сцената.

Вишус беше вмешан во познатиот скандал за време на втората вечер за паметење во специјалниот панк-клуб 100. Уапсен за мавање со чаша по „The Damned“ кои лудуваа и го раскрварија окото на едно девојче, тој одлежа извесно време во поправен дом и соработуваше со клубот 100 за забранување на сите панк бендови. Во претходната свирка во клубот 100, го нападна Ник Кент со велосипедски оклоп. Навистина, во телеграмата на Мекларен до НМЕ пишуваше дека Вишус му го дал на Ник Кент она што тој одамна го заслужувал. Подоцна,според описот на Мекларен, „Кога Сид се придружи тој не знаеше да свири на гитара, но неговата луда природа веднаш се вклопи во бендот. Тој беше витез со златен оклоп и огромна тупаница. Сите се согласуваа дека тој го имаше вистинскиот изглед“ -  подоцна најави Лидон дека музичката вештина беше од друга важност. „Првите проби со Сид беа пеколни...Сид навистина се трудеше и вежбаше многу.“ Марко Пирони, кој настапуваше со Вишус во „Souix-си“ и „The Banshees“ рече, „После тоа не требаше да се направи ништо повеќе со музиката. Ќе биде создадена само за да произлезат скандал и сензација. И така настана приказната на Малколм Мекларен.“

Член на групата имаше силно и штетно влијание врз Вишус. Како што Лидон подоцна изјави, “Доттогаш Сид беше дете.Се беше смешно и забавно. Одеднаш стана голема поп ѕвезда. Статусот на поп ѕвезда му значеше на печатот, одлична можност да се најде на добра позиција, обожување. Сето тоа му беше наменето на Сид.“ Вествуд го поддржуваше материјално, како големата книга на Чарлс Менсон, за да ги охрабри неговите најлоши инстинкти. На почетокот на 1977та година, тој ја запозна Ненси Спунген, емоционално растроена зависничка на дрога и некогашна проститутка од Њујорк. Постојат тврдења дека Спунген е делумно одговарна за запознавањето на Сид со хероинот,и нивната емоционална поврзаност го оддалечи Вишус од другите членови на бендот. Лидон подоцна напиша, “Направивме се за да се ослободиме од Ненси...Таа го убиваше. Бев сигурен дека оваа девојка е на пат да изврши самоубиство...Само што не сакаше да оди сама. Сакаше да го понесе Сид со себе...Таа беше толку зафркната и беше одраз на вистински ѓавол.

“Господе,чувај ја кралицата“[уреди | уреди извор]

На 10 март 1977 година, на церемонијата одржана пред Бакингамската палата, Секс Пистолс јавно потпишаа договор со АиМ издавачката куќа (вистинскиот договор бил склучен ден претходно). Потоа, мртви пијани, се упатиле кон канцелариите на АиМ. Вишус паднал во тоалетното казанче и го пресекол стапалото (постојат неколку несогласувања за тоа што се случило прво). Додека Вишус ги валкал канцелариите со крв, Ротен вербално ја навредувал управата и Џонс влегол во женската гардероба. Неколку дена подоцна, Пистолс паднаа во невоља со друг бенд во клубот, една од палките на Ротен му се закануваше на добар пријател на директорот на издавачката куќа АиМ. На 16 Март, АиМ го раскинаа договорот со Пистолс. Дваесет и пет илјади копии од планираниот сингл„ Да ја чува Бог кралицата“,во соработка со Крис Томас, веќе беа издадени, но замислено сите уништени. Вишус со својот бенд дебитираше во лондонскиот “Notre Dame“ на 28 Март. Во Мај, бендот потпиша договор со Вирџин Рекордс, нивниот трет издавач за помалку од половина година. Вирџин беа повеќе од подготвени да ја објават “Господе, чувај ја кралицата“, но се појавија нови пречки. Работниците кои ги одржуваа растенијата ги ставија нивните алати на земја,во знак на протест. Познатиот постер на Џејми Рејд, на чело со кралицата Елизабета Втора и нејзината појава покрај песната и имињата на членовите на бендот во пресечени букви, ги навреди градинарите. После доста преговори, песната беше конечно објавена на 27 Мај. Неморалниот текст- “ Господе чувај ја кралицата, Таа не е човечко суштество, И нема иднина,Во англискиот сон“ ечеше надалеку. Неколку издавачи не ја вреднуваа песната. Беше забранета не само на ББС туку и на сите други независни радио станици поставувајќи ја како “најбруталната издадена снимка во британската историја.“ Ротен изјави, „Ние сме најискрениот бенд кој ја шокира оваа планета и во текот на наредните две милиони години.“ Џонс го објаснуваше сето она што беше испеано во песната- или го кажа нај соодветното“ Не гледам како може некој да не опишува како политички бенд. Јас дури не го знам ни името на премиерот.“ Оваа песна, и нејзиното влијание во јавноста, денес се познати како “крунисаната гордост на панкот“. Појавата на продукцијата ’Вирџн’ се поклопува со времетраењето на церемониите „Silver Jubilee“ на кралицата Елизабета. Од почетокот на викендот ’Jubilee’, недела и половина по издавањето на цд-то, се продадоа повеќе од 150 000 копии- огромен успех. На 7 Јуни, Мекларен заедно со издавачката куќа изнајми брод и ги сними Секс Пистолс додека пловат по реката Темза, минувајќи покрај ’Вестминистер Пир’ и Парламентот. Настанот проследен со исмејување на колоната која ја поддржуваше кралицата, планиран два дена подоцна, заврши во хаос. Полицијата го присили бродот да сопре, и го заобиколија пристаништето. Додека членовите на бендот и нивните инструменти се повлекуваа, Мекларен, Вествуд и поголем дел од екипата на бендот беа уапсени.

Со официјалната топ листа во ВБ, која требаше да се објави за време на викендот, весникот “Daily Mirror“ предвиде дека песната “Господе чувај ја кралицата“ ќе го достигне врвот. Излезе дека песната беше на второ место, по песната на Род Стјуарт која се наоѓаше на врвот веќе четири недели. Многумина веруваа дека изданието беше наменето за првото место, но топ листата беше спречена да го овозможи тоа. Мекларен подоцна изјави дека ЦБС-издавачката куќа, која ги вознемируваше и двете песни, го известила дека всушност продажбата на изданието на Секс Пистолс била двапати поголема од онаа на Стјуарт. Постои доказ дека посебна директива од Британскиот графички институт, која го надгледуваше студиото во кое се снимаше топ листата, за да ја спречи продажбата од една издавачка куќа, поткупуваше продавници, како што беше продавницата Вирџин, таа недела.

Напади проследени со насилство се ширеа насекаде од панк обожавателите. Во средината на Јуни, самиот Ротен беше повреден со нож пред Илсингтон Пегасус барот, нанесувајќи си огромна штета на левата рака. Џејми Рид и Пол Кук беа претепани во други несреќи, три дена по нападот пред барот, Ротен повторно беше нападнат. Скандинавската тура која што требаше да започне на крајот од месецот, беше одложена до средината на Јули. За време на турата, шведски новинар му се обратил на Џонс со ставот дека ’многу луѓе’ го третирале бендот како ’креација’на Мекларен. Џонс одговорил, “Тој ни е само менаџер, тое е се. Тој нема никаков врска со нашата слика и музика...тој е само еден добар менаџер.“ Во друго интервју, Ротен пристапи со насилен говор кон толпата “Не можам да разберам. Она што сакаме да го направиме,е да уништиме се.“ На крајот на Август се појавија како ’СПОТС’- Секс Пистолс На Тајна Тура, низ Британија, кои свиреа под псевдоним за да го избегнат откажувањето. Извесно време, Мекларен сакаше да сними филм со Секс Пистолс. Првата задача на Џулиен Темпл беше да го сними Секс Пистолс број 1, дваесет и пет минутна снимка од различни извори, многу од преземени од телевизиските снимки. ’Број 1’ честопати се пушташе на концерти пред бендот да настапи на сцена. Употребувајќи ја медиумската снимка од инцидентот на реката Темза, ’Темпл’ направија нова, кратка снимка, „Jubilee Riverboat“ ( Како Секс Пистолс број 2). За време на летото во 1977та година, Мекларен правеше подготовки за снимање на филмот од неговите соништа, ’Who Killed Bambi (Кој ја уби Бамби)?’ со режија на Рус Мејер и текст на Роџер Еберт. По еден ден од снимањето, на 11ти Септември, продукцијата се распадна кога стана очигледно дека Мекларен не може повеќе да ги поддржува финансиски.

“Never mind the Bollocks“[уреди | уреди извор]

Главна содржина „Never mind the (bollocks- вулгарен израз за тестиси“, „Here’s the Sex Pistols (Еве ги Секс Пистолс)“

Од пролетта, 1977та година, тројцата сениори на Секс Пистолс се враќаа во студиото повремено со Крис Томас, за да ги снимат песните и да го формулираат албумот на групата.Создаден под името „God save the Sex Pistols (Да ги чува Бог Секс Пистолс)“, за време на летото стана познат како „Never mind the bolocks“. Според Џонс, “Сид сакаше цело време да дојде и да се придружи во снимањето на албумот и ние дадовме се од себе да не му дозволиме да се приближи до студиото. Среќа што во тоа време боледуваше од жолтица.“ Кук подоцна објаснуваше колку многу инстриментални песни се спојуваа од делови на тапанот и гитарата, отколку од вообичаениот тапан и бас. Прогласувајќи го Сид за неспособен, Метлок беше повикан да снима како студиски музичар. Во неговата автобиографија, тој објаснува дека се согласува да помогне, но за да се оствари тоа предлага да бидат отстранети сите клевети објавени на 28 Февруари во телеграмот до НМЕ, кој гласи дека Метлок е избркан затоа што имал симпатии кон Битлси. Всушност Метлок сепак свиреше на 3 Март иако беше отпуштен, па затоа Џон Савиџ го опишува овој настан како ’аудиција’. Во неговата автобиографија, Лидон тврди дека најмената работа на Метлок за продолжувавање на неговиот стар бенд е многу повеќе значајна од било кои други извори-направена со цел да ја повлече изјавата “Мислам дека порадо би умрел отколку да сторам такво нешто“. Историскиот музичар Дејвид Хауард тврди дека Метлок не бил присутен за време на снимањето на албумот. Џонс бил оној кој свирел во деловите на бас гитарата за време на снимањето, Хауард го нарекува неговиот безобразен говор “гласниот дел кој недостасува“ во музиката на Секс Пистолс. Басот на Вишус е присутен на една песна од албумот ’Тела’. Џонс изјави, “Тој го отсвире неговиот дел во стар бас стил затоа што ние му дозволивме да го стори тоа. Кога тој замина вклопив друг дел на местото на неговиот, снижувајќи го басот на Сид. Мислам дека не е воопшто приметливо во песната.“ Следбеници на песната “Господе, чувај ја кралицата“ беа други две снимени песни од истиот албум, „Убав одмор“ ( со поголем дел од текстот напишан од Метлок) на 1 Јули и „Прзници во сонцето“на 14 Октомври. Секој од нив се најде меѓу десетте најслушани песни. „Не грижете се за (bollocks-вулгарен израз за тестиси)“, „Here’s the Sex Pistols (Еве ги Секс Пистолс)“ (која ги вклучува „Анархијата во ВБ“ и друга поранешна снимка, „No feelings“ (Без навреда) беше пуштена во етерот на 28 Октомври 1977та година. Ролинг Стоунс го карактеризираа албумот како “највозбудливиот рок-н-рол албум на седумдесеттите“, аплаудирајќи му на бендот “ за енергијата и која се претолчува во треска и лудило“. Некои критичари, разочарани од фактот што албумот содржи четири веќе објавени песни, го вреднуваа како нешто помалку од “најголемите хитови“. Во содржината на албумот се најдоа и двете песни “Bodies (Тела)“- во која Ротен извикува четири пати “fuck“- претходно цензурираната “Гсподе,чувај ја кралицата“ во продолжение со зборовите bollocks (популарен сленг за тестиси), албумот беше забранет од ’Boots’, В.Х.Смитс и Вулворт. Министерот за образование од Конзервативната партија ги оцени како “начин на кој општеството се жали“ a Здружението на независни телевизиски компании и Здружението на независни радио емитувачи го забранија емитувањето на нивните реклами. Како и да е зголемената продажба беше доволна да го смести на врвот на албумската топ листа. Насловот на албумот придонесе легален процес кој привлече значително внимание: Продавницата на ’Virgin’ издавачката куќа,која го стави албумот на нејзиниот прозорец беше затворена за “ непристојно испечатен материјал“. Случајот беше затворен кога бранителот Џон Мортимер донесе сведок на судењето кој објави дека bollocks е стар англиски збор за мала топка, кој се појавуваше на места без да предизвика еротски непријатности и дека во деветнаесеттиот век бил употребуван како прекар за свештеник“ Свештениците се познати по зборувањето напразнно и затоа зборот подоцна доби бессмислено значење.“ Во склоп на името на албумот на Секс Пистолс, терминот првично и има бессмислено значење. На Стив Џонс од ракав му дојде идејата за насловот додека бендот дискутираше на истата тема. Во тој момент разбеснатот Џон ја изусти познатата пцовка „ Never mind the bllocks“ по која и го нарекоа албумот. По неколку свирки во Холандија- почетокот на повеќенародна тура- бендот тргна на „Never mind the bans“тура во декември 1977та година во Британија. Од осумте закажани дати, четири беа откажани поради болест или политичкиот притисок. На Божиќ, Секс Пистолс свиреа двапати на Иванхус во Хидерсфилд. Пред очекуваниот вечерен концерт, бендот одржа добротворна снимка за децата на кои “родителите им се без работа и оние со еден родител.“ Овие изведби се изгледа последните во Велика Британија.

Турнејата низ САД и крајот на бендот[уреди | уреди извор]

Во јануари, 1978та година, започнаа тура во САД, најмногу во американскиот запад. Иако договорени да започнат неколку дена пред Нова Година, нивните настапи се одложени од страна на американските власти затоа што забележале истекување на визите на членовите од бендот. Како резултат, неколку свирки на Западот биле откажани. Како и да е, предводена од медиумите и обожавателите, турнејата била придружена од тепачки и физички несоодветно однесување на публиката. Мекларен подоцна призна дека тој намерно резервирал јужни барови за да предизвика непријателски ситуации.За време на курсот од две недели, Вишус, кој досега веќе стана зависник од хероин, почна да живее на висока нога благодарение на неговото сценско име. “Тој конечно имаше публика која се однесуваше страшно и шокантно“, подоцна напиша Лидон. „Сид живееше со кренат нос.“ На почетокот на турата, Вишус се повлече од неговиот хотел „Holiday Inn“ во Мемфис, Тенаси, за да бара дрога. Беше пронајден во болница, со натписот „Дај ми шприц“, изрезбан на градите со помош на брич. За време на концерт во Сан Антонио, Тексас, Вишус ја нарече публиката „група педери“, пред да погоди еден човек од публиката по главата со неговата бас гитара. Во Батон Руж, Луизијана, симулираше секс на сцената, изјавувајќки дека „посакува таков вид на девојка“. Под дејство на хероин за време на свирка во Далас, Тексас, исплука крв врз жена која се качи на сцената и го удри со тупаница по лицето. Истата вечер беше примен во болница да закрепне од неколку претрпени повреди. Надвор од сцената, ударил една жена фотограф, нападнал член на обезбедувањето и најверојатно предизвикувал некој од своите телохранители и така претепан тој е снимен како изјавува, “Ми се допаѓаш. Сега можеме да бидеме пријатели. Во меѓувреме, Ротен, подложен на грип и искашлувајќи крв, се почувствувал изолиран од Кук и Џонс и згрозен од Вишус. На 14 Јануари 1978та година, за време на последната свирка од турата во Винтерланд Балрум во Сан Франциско, бессвесниот Ротен го претстави бисот на бендот велејќи, “Ќе добиете еден број и само еден број ’затоа што јас сум мрзеливо копиле’ “Тој,еден број беше преработката на Стуџис, „Нема забава“. На крајот на песната, Ротен клекнат на коленици,пеејќи и нејасно изјавил, “Ова не е забава. Нема забава. Ова не е никаква забава.Нема забава.“И кога престанал и последниот звук од кршењето на чинелите, Ротен директно се упатил кон публиката- “ А-ха-ха. Сте го имале ли некогаш чувството дека некој ве измамил? Добра ноќ“- пред да го фрли микрофонот и да си замине од сцена. Подоцна објаснил, “Бев измамен, и не можев да продолжам така, тоа беше смешна лага. Сид беше надвор од неговиот ум- напразно го окупираше просторот. Целата работа беше шега во тој момент....( Малколм) не сакаше да зборува со мене... Не сакаше да дискутира за ништо со мене. Но во тие моменти ќе се свртеше и ќе им речеше на Пол и Стив дека напнатоста е моја вина затоа што не се согласувам со ништо.“ На 17ти Јануари бендот се распадна и кон Лос Анџелес членовите од групата патуваа одделно. Мекларен, Кук и Џонс се подготвуваа да отпатуваат на работен одмор во Рио Де Жанеиро. Вишус, кој беше во многу лоша состојба, беше однесен воЛос Анџелес со помош на еден пријател, кој тогаш го беше донел од Њујорк, каде што беше хоспитализиран веднаш. Ротен подоцна ја објасни ситуацијата, “Секс Пистолс ме оставија сам во Лос Анџелес без билет и хотелска соба со порака до Варнер Брос, која вели дека ако некој се пријави и тврди дека е Џони Ротен да не му веруваат, тоа е лага. На тој начин завршив со Малколм- но не и со остатокот од бендот, Секогаш ќе ги сакам.“ Ротен одлета за Њујорк каде што на 18ти Јануари го објави распаѓањето на бендот во едно интервју за еден весник. Емотивно растроен, телефонирал на главниот уредник на ’Вирџин Рекордс’Ричард Бенсон, кој се согласил да плати за својот лет назад кон Лондон, преку Јамајка. Во Јамајка, Брентон се сретнал со членови од групата Дево и пробал да го вметне Ротен во групата како пејач. Дево ја одбил понудата. Кук,Џонс и Вишус никогаш повторно не свиреле заедно по заминувањето на Ротен од групата. За време на следните неколку месеци, Мекларен договорил снимања во Бразил ( заедно со Џон и Кук), во Париз (со Вишус) и во Лондон, секој од тројцата ги покажа своите гласовни способности што звучеше многу различно од начинот на кој панкот требаше да звучи. Овие снимања беа наменети за музичкиот тонски запис за идниот филмскиот Секс Пистолс проект, со режија на Џулиен Темпл, кој Мекларен го посветуваше на себеси. На 30 јуни, песна посветена на Секс Пистолс беше пуштена во етерот, од едната страна криминалецот Рони Бигс пееше“ Никој не е невин“ придружуван од Џонс и Кук, а од друга страна Вишус ја отпеа „На мој начин“, над музичкиот запис на Џонс и Кук и дувачки оркестар. Песната се искачи на седмото место на топ листите, најверојатно надминувајќи ги сите други песни во кој Ротен присуствуваше. Мекларен бараше реконструирање на бендот со нов фронтмен, но на Вишус- првиот избор на Мекларен-му беше смачено од него.Наместо согласување да ја сними „На мој начин“,Вишус побара потпис од Мекларен на парче хартија во која тој изјавува дека тој повеќе не е негов менаџер. Во Август, Вишус се вратил во Лондон, пренесувајќи ги своите последни настапи како Секс Пистол, снимајќи преработени верзии на двете песни на Еди Кохран. Враќањето на басистот во Њујорк во септември се иплатило за остварување на сонот на Мекларен.

По распаѓањето[уреди | уреди извор]

По заминувањето од Пистолс, Џони Ротен го повратил своето родено име Лидон,и ја формирал ’Јавната слика Лтд.’ Заедно со поранешен член на Клеш, Кејт Левен и училиштен пријател Вобли. Бендот тргна во напад пласирајќи го својот деби сингл„ Јавна слика“ на британската топ 10 листа, во 1978та година. Лидон поднел тужби против Мекларен и менаџерот на компанијата на Секс Пистолс, Глитербест, кого го контролираше Мекларен. Меѓу тужбите се најдоа и оние за неплаќање даноци, несоодветно употребување на прекарот “Џони Ротен“, неисполнети потпишани договори, и штети за “сите криминални дела“. Во 1979 година, ПиЛ ја снимија пост панк класиката Метална Кутија. Лидон свиреше и во други бендови во текот на 1992 година, а воедно и беше вклучен во други проекти како што се Зона на времето со Африка Бамбата и Бил Ласвел. Вишус, префрлен во Њујорк, почна да настапува како соло изведувач, заедно со Ненси Спунген како негов менаџер. Снимаше албум во живо, назад кон ’Идолите’ заедно со Артур Кен и Џери Нолан од Куклите на Њујорк наречен Сид пее, кој беше пуштен во продажба 1979 година. На 12ти Октомври 1978та година Спунген беше пронајдена мртва во хотелот ’Челзи’, во соба која ја делеше со Сид, со рани од убоди во нејзиниот стомак, облечена само во нејзината долна облека. Полицијата откри прибор за дрогирање од самиот настан и Вишус беше уапсен и осуден за убиство. Во интервју од тоа време, Мекларен изјави,“ Не можам да верувам дека тој е дел од нешто такво. Сид беше решен да се ожени со Ненси во Њујорк. Тој беше многу близок со неа и имаа страстна врска.“ (Доказите посочуваа кон дилерот на дрога и некогашниот актор Рокетс Редглар познат како убиецот Спунген). Додека беше пуштен на условно, Вишус мавна со кригла директно во лицето на Тод Смит, братот на Пети Смит и беше повторно уапсен и осуден. На 9 Декември 1978та година Вишус беше префрлен во затворот на островот ’Рикер’,каде што поминал 55 дена на принудена детоксикација. Беше пуштен на 1 Февруари 1979 година, Некаде после полноќ, присуствувајќи на мала забава за да го прослави своето ослободување, Вишус починал од предозираност со хероин. Имаше само дваесет и една година. Погоден од настанот, Лидон коментираше, “Јадниот Сид. Единствениот начин на кој можеше да го доживее она што го посакува,се состоеше во убедувањето на другите да веруваат дека тој самиот посакува да умре. Тоа беше трагично, но не за другите туку за Сид. Навистина ја купи својата јавна слика.“

На 7 Февруари 1979 година, само 5 дена по смртта на Вишус, почнаа да се шират гласини околу судењето на Лидон. Кук и Џонс беа блиски со Мекларен, но за да докажат дека нивниот менаџер го ставил целиот успех на бендот во неговиот филмски проект ,тие ги смениле позициите. На 14 Февруари, судот го стави филмот и музичката трака за филмот под стечај- Мекларен повеќе немаше контрола над нив, кои требаше да бидат декларирани како искористливо богатство за финансирање на членовите од бендот. Мекларен со свои материјални средства и платени даноци, заминал за Париз да потпише договор за снимање албум со ’ЛП’, вклучувајќи ја “Не, јас не жалам“. Месец подоцна, назад воЛондон, се откажа од филм на кој му имаше посветено многу пари и време. Мекларен продолжи да работи за ’Адам и мравките’ и ’Бау уау уау’. Во средината на 1980-тите издаде голем број на успешни албуми како соло изведувач. ’ Големата рок-н-рол нишка’, музичката трака снимена за албумот на сè уште неснимениот филм, ја сними ’Вирин Рекордс’на 24 Февруари 1979 година.Составен е од песни посветени на Секс Пистолс. Еве ги новите снимки со вокалите на Џонс, Вишус, Кук и Рони Бигс како и Едвард Тудор- Пол, кои се сметаат за одлична замена на Ротен. И самиот Мекларен ја презеде одговорноста за неколку бројки. Неколку песни проследени од вокалот на Ротен од порано,необјавените снимки во некои случаи се преснимани со поддршка од Џонс и Кук. Постои снимка во живо, од последниот концерт на бендот во Сан Франциско.Албумот е комплетиран со неколку снимки од други артисти кои ги имаат преработено класиците на Секс Пистолс. Четири топ тен песни беа избрани од снимањето на ’Свиндл’, една повеќе од оние кои се појавиле во албумот „Never mind the bollocks“. Од 1978 година,по хитовите “Некој не е невин“/“На мој начин“ следувала преработката на Вишус “Нешто друго“во 1979 година ( број три и најпродаваниот сингл досега под името на Секс Пистолс), во изведба на Џонс и оригиналот, “Смешна работа“ (број шест) и втората преработка на Вишус, “Ајде сите“ (број три). Две други песни од музичката трака се најдоа под прекарот на Пистолс – Тудор Пол, меѓу другите изведувајќи ја “Големата рок-н-ролнишка“ и вокалот на Ротен од 1976 година“ Јас не сум твојот предмет за потценување“(I’m not your stepping stone) и двајцата се засрамија од топ дваесет. На 21 Ноември 1980 година, завршетоците на новите студиски албуми посветени на Секс Пистолс се пуштија во продажба под редакција на Вирџин “Црн пердуф“ и “Еве не,одиме повторно“,кои ги снимија Џонс и Кук за време на средината на 1978та година, снимањата Свиндл, се групираа како еден од оние албуми од седум инчи ( а другите пет содржеа експлицитен материјал ) се продадоа заедно како Секс Пак. Филмот на Секс Пистолс го комплетираа Темпл, кој доби издавачки кредит за текстот откако Мекларен се повлече од продукцијата. Конечно издаден во 1980 година ’Големата рок-н-рол нишка’ сè уште ја покажува идејата на Мекларен. Тоа е измислена, фантастична прераскажана приказна на историјата на Секс Пистолс со Мекларен во главната улога, Џонс како втор водич и учество на Вишус ( вклучувајќи ја неговата запаметена изведба на “На мој начин“ ) како и Кук. Содржи промотивни видео записи од “Да ја чува Бог кралицата“ и “Убав одмор“ и продолжена документарна снимка, најмногу фокусирана на Ротен. Во описот на Темпл, тој и Мекларен ја сметале за “стилски богата...полемична“. Тие реагираа на фактот кој покажуваше дека Пистолс станале “постер на ѕидот од спалната соба каде што клекнуваш на колена и се молиш на твојот рокерски Бог секоја вечер. И тоа не беше се...Митот требаше да се пренесе на друг начин. Моравме да го направиме овој филм за да ги разлутиме обожавателите.“ Во филмот, Мекларен тврди дека го создал бендот од присобран и зготвен материјал врз основа на нивната лоша репутација, повеќе од структурата на ослободените раскази во која серијата ’часови’ на Мекларен требало да биде преземена од ’неговото откритие кои тие го нарекуваат панк-рок“. Кук и Џонс продолжиле да работат како гости на настапувањата и како студиски музичари. Во 1980 година, ја формирале групата ’Професионалисти’ која траеше две години. Џонс почна да свири со групата ’Chequerd Past’ и ’Neurotic Outsiders’. Исто така сними два соло албуми, ’Милост’ и ’Оган и гасолина’. Сега, како граѓанин на Лос Анџелес, тој води дневна радио програма наречена ’Џубоксот на Џонеси’.Имајќи свирено со бендот ’Шефови на олеснувањето’ при крајот на 1980 година и со Едвин Колинс во 1990 година, Кук сега е член на ’Машки брич’. По распаѓањето на бендот ’Богатите деца’ во 1979 година, Метлок свирел во различни бенда, одел низ турнеја со Иги Поп, и снимил неколку соло албуми. Моментално е член на Слинки Вагабонд. Во текот на 1979 година судот остави многу нерешени случаи меѓу Лидон и Мекларен. Пет години подоцна, Лидон преземал друга акција. Конечно, на 16 јануари 1986 година, Лидон, Џонс, Кук и поменот на Сид Вишус, им беше дозволено пристап до наследството на бендот, вклучувајќи го правото на ’Голематат рок-н-рол нишка’ и сите видео записи поврзани со него- повеќе од 250 часа. Таа истата година, излезе филмски роман за врската на Вишус и Ненси ’Сид и Ненси’ во режија на Алекс Кокс. Во неговата автобиографија, Лидон го омаловажува филмот велејќи дека “ја слави зависноста од хероин“, надвор од своите граници “понижувајќи го животот на Вишус“, и целосно го сруши угледот на Секс Пистолс на панк рок сцената во Лондон.

Повторно обединување и подоцнежните активности на групата[уреди | уреди извор]

Повторното обединување на Секс Пистолс се случи во 1996 година за шестмесечната ’Исполнета Лукреанска Тура“, која вклучува датуми во Европа,Северна и Западна Америка, Австралија и Јапонија. Пристапот на членовите до архивите на ’Големата рок-рол нишка’ резултираа со продукцијата на документарниот филм ’The Filth and the fury“,во 2000 година. Филмот, режиран од Темпл- беше составен со намера да ја раскаже приказната од страна на членовите на бендот, спротивно од погледот на ’Нишката’ како и медиумите и Мекларен. Во 2002та година- година на златниот јубилеј на кралицата- Секс Пистолс се обединија повторно да свират во меѓународниот спортски центар „Кристална Палата“ во Лондон. Во 2003 година, нивната тура ’Piss off’ ги однесе низ Северна Америка во периодод три недели. На 9 Март 2006 година, бендот ги продаде своите авторски права од нивниот каталог (Universal Music Group) на универзална музичка група. Продажбата беше критикувана како “распродадена“. Во Ноември 2006 година, Секс Пистолс беа поканети во музејот за славни рокенрол звезди чиј натпис го даде Вишус како и останатите четири члена. Бендот ја одби оваа чест со вулгарен јазик на нивната вебстрана. На едно телевизиско интервју, Лидон даде вулгарен коментар наменет за Музејот на славните велејќи „бакни го ова“ придружено со непристоен гест. Според Џонс, еднаш штом влезеш во музеј, рокенролот е готов, не и изгласан од обожавателите, туку од луѓето што те предложиле или од оние кои се веќе внатре. Секс Пистолс повторно се настапија заедно на пет свирки на Академијата Брикстон и по една во Манчестер и Глазгов во ноември 2007. Во 2008 тие настапуваа во серија Европск фестивали, именувани како Кобинирана Жетварска тура. Во Август тие настапуваа на Будапежтанскиот Ѕигет Фесивал и на Холандскиот Фастивал. Директорот на Холандскиот фестивал Ерик Ван Ерденбург ја нарече изведбата на Пистолс „патетична“. Користејќи ја домашната слава, без труд сакале да соберат пари. Подоцна тие настапуваат на Хамерсмит Аполо. Истата година го издаваат ДВД „ Секогаш ќе биде Англија“, снимен за време на нивниот настп во Академијата во Брикстон на 10 ноември 2007. Во 2010, Компанијта за Парфем и убавина го објави појавувањето на авторизиран Секс Пистолс Парфем. Според изјава од козметичката фирма, „мирисот лачи чиста енергија, сведен на минимум и ослободен од кожа, исфрлен од хелиотроп и вратен долу на земјата од растението пачули.

Наследство[уреди | уреди извор]

Културно влијание[уреди | уреди извор]

Списанието „Џебно издание на музички водич“ изјави дека важноста на Секс Пистолс- како и во правец на модерната музика така и генерално на поп културата-тешко може да се одреди“. Ролинг Стонси за бендот изјавиле дека се во директна опозиција со моќта и задоволството што ја носи славата од средината на седумдесеттите дојде до блескање и персонификација на еден од вистинските клучни моменти во поп културата-раѓањето на панкот. Во 2004, списанието го рангираше Секс Пистолс на 58мо место од списокот на 100 најдобри изведувачи на сите времиња. Водечкиот музички критичар Дејв Марш ги нарече “ без сомнение, најрадикалниот нов рок бенд на седумдесеттите.“ Иако Секс Пистолс не се првата рок група, неколкуте снимки што беа објавени за време на краткото нивно постоење беа единствено каталитичко изразување на движењето на панкот. Издавањето на албумот “Анархија во ВБ“, “Господе чувај ја кралицата“ и “Never mind the bollocks (вулгарен израз за тестиси)“ се сметаат за еден од најважните моменти во историјата на популарната музика. “Never mind the bollocks“ припаѓа во групата на албуми на сите времиња, Во 2006 година, се најде на 28мо место во 100те најдобри албуми според списанието ’Ку’, додека Ролинг Стонс во 1987та година на второто место на 100те албуми во последните 20 години“. Почна да се распознава меѓу највлијателните албуми во рок историјата. Една критика на ’All music’ го објаснува како еден од најдобрите, најпродавани рок албуми на сите времиња.“ Секс Пистолс го воведоа стилот,како и појавувањето на многу пост-панк бендови за време на нивната прва и две и пол годишна турнеја.The Clash,Siouxsie and the Banshees, The Adverts, Vic Godard from Subway Sect, Ari Up from The Slits се помеѓу оние лондонски “внатрешни кругови“ на првите панк бендови инспирирани од Пистолс. Полин Муреј од панк бендот на’Дурхам’- Пенетрација, ја виде изведбата на Пистолс за првпат во Норталертон во мај 1976 година. Таа подоцна го објасни нивното значење, Ништо немаше да се случи ако не се појавеа Пистолс. Беше како, “Леле, јас верувам во ова.“Тие рекоа, “Преполно е со лајна. Ќе го правам она што го правам и не ми е гајле што луѓето мислат.“Тоа беше клучот на успехот. Луѓето го забораваа тоа, но беше вистинската идеологија за мене, Нам не ни е гајле што мислите вие- и така сте лајна. Тоа беше ставот коги крена луѓето како и музиката. Концертот на Секс Пистолс во Manchester’s Lesser Free Trade Hall на 4 Јуни 1976 година беше на пат да стане најзначајниот настан во историјата на рок-музиката.Меѓу публиката од околу 40 луѓе се најдоа важни личности во панк и пост панк движењето, Пит Шели и Ховард Девото, кои ја организираа свирката и вршеапроцес на примање на нови членови во ’Базкокс, Бернард Сумнер, Ијан Куртис и Питер Хук,подоцна член на Џој Дивижн, Марк И. Смит, подоцна член на ’Тхе Фол’, и Морисеј, подоцна во ’Тхе Смитс’, Антони Х. Вилсон, основач на Фактори Рекордс, го видоа бендот за првпат на нивниот концерт на 20 јули. Помеѓу многуте музичари кои ги сменија своите мислења за Секс Пистолс се ’НОФХ’, ’Камените рози’, ’Пиштоли и рози’, ’Нирвана’, ’Зелениот ден’ и ’Оазис’. Опишувајќи го бендот како влијателен, истражувањето од Лондонскиот музички колеџ покажа дека многу стилови на славната музика, како што се грунџ,инди, треш метал па дури и рапот поседуваат легалност за разлика од панк бендовите – од кои Секс Пистолс се најпопуларни. Според “Џебното издание на музичкиот водич“, “Пистолс и менаџерот Малколм Мекларен го предизвикуваа секој поглед на создавањето на модерната музика, воедно и инспирираа други групи да ги следат нивните цели на сцената ширум светот. Спротивна, нихилистичка јавна слика и нихилистичкиот социо-политички текст го поставија звукот кој беше приситен во сите панк бендови. Критичарот Тоби Кресвел го оцени почетниот извор на инспирација поинаку. Тврдејќи дека “гледајќи од друга страна, Пистолс се многу сериозни кога станува збор за музиката“ и додаде, “ Вистинскиот бунтовнички звук се појави од гитара на Џонс, масивен звук кој доаѓаше од најпростите ретро звуци на гитарата. Всушност, Секс Пистолс го претставија она што бендовите од гаражите во шеесеттите го поставија- не ви треба некоја посебна техника да свирите рок-н-рол. Во времето кога музиката комплицирана, генерацијата на Секс Пистолс предизвика вистинска револуција. Заедно со нивното изобилно музичко влијание, одекнувањето на културата на Секс Пистолс е присутна насекаде. Делата на Џејми Рид за бендот се сметаат за едни од најважните графички дизајни во седумдесеттите и сè уште имаат влијание, во текот на 21 век. До својата 21 година Вишус стана најпродавана икона. (207-208) Британската панк мода, која е сè уште влијателна, во денешно време е препишана на Вествуд и Мекларен, како Џони Ротен, Лидон исто така го имаше последниот придонес, посебно преку неговиот бескруполозен говор во негов стил,тој “би носел искината кожена јакна зашиена со заштитни игли (Џеки Куртис преку Њујоршката панк сцена), масивна пругаста облека, ремен со нитни од марката Вемблекс во комбинација со Анархистичка панкерска кошула и борделски обувки. Кристофер Нолан, режисер на филмот Бетмен-“The Dark knight“,кажа дека Ротен претставувал инспирација за одликите на ’Џокер’, со улогата на Хед Леџер. Според Нолан, “Ако продреме длабоко во карактерот на Џокер ќе забележиме дека во него се крие идејата за анархијата. Ова е признание за анархијата, признание за хаосот.“ Соработникот на Леџер Кристиан Бел тврдеше дека Леџер црпел идеи гледајќи видео записи од Вишус.

Концептуални основи и прашање на кредитација[уреди | уреди извор]

Секс Пистолс се дефинираат како музички амцициозни- наспроти Мекларен кој некогаш гледаше со презир на музиката на бендот и панк-рокот воопшто. “Фала му на Бога, што луѓето ги купуваат овие албуми инаку оваа музика ќе изумреше уште многу одамна,“ изјави тој во 1977та година.Признанието за необјавеното гледиште на Пистолс, од членовите на бендот и спонтаните ставови кои Мекларен не ги признава, отвора дебата- како што налага и самата природа. Меклареновиот поучен запис за кој земал целосна кредитација резултирал со девалвирање на музиката. Тој тврдел дека Секс Пистолс се неговиот личен, во стилот на ’Ситуационистите’ уметнички проект, “Одличив да ги употребам луѓето како што скулптуристот ја употребува глината.“ Но, што всушност сторил? Секс Пистолс се квалитетни колку што и поп културата може да добие, “Панкот стана најзначајниот културен феномен при крајот на дваесеттиот век“ изјавил Мекларен подоцна. Неговата автентичност стои надвор од денешните културни караоке забави, каде што се и сешто е на продажба...Панкот не е и никогаш не се продавал.“ Или тие се биле една цинична измама, нешто со што ќе ги продадеш твоите панталони, како што изјави Мекларен во 1989 година “внимателно испланирана вежба со која можат да се соберат колку што можат повеќе пари од музичката индустрија“како што Џон Савич ја карактеризираше главната тема на Мекларен во “The gret rock’n’roll swindle“ “парите од хаосот“каде што постојано се повторуваше во филмот. Лидон, во спротивно, би го негирал влијанието на Мекларен,“ Ние го направивме нашиот скандал со тоа што бевме свои. Можеби причината беше тоа што знаеше дека е отпуштен, па затоа сакаше да ни врати. Целиот разговор за Француските Ситуационисти поврзани со панкот се глупости.“ Кук додаде, “ Ситуционизмот нема никаква врска со нас. Џејми Ридс и Малком беа возбудени затоа што ние бевме вистинските за оваа работа. Претпоставувам дека ние бевме она за што сонуваа долго време.“ Според Лидон, “Ако имавме цел, тоа беше да дадеме се од себе, мислењата на работничката класа како главна струја,кои дотогаш не беа слушнати во поп-музиката.“ Тоби Кресвел коментираше дека агендата на Секс Пистолс е недоразвиена, со други зборови последна. Тоа е бунтовничкиот повик кој почна да се разгледува внимателно.“ Критичарот Ијан Бирих, кој пишувал во 1981 година, ја нарекол “глупава“ изјавата дека Секс Пистолс “имаат некакво политичко значење...И ако некогаш направиле нешто тоа било чувството кое го пробудиле кај луѓето дека се никој и ништо. Тие сигурно не ја инспирирале работничката класа.“ Додека Конервативниот триумф претставуваше доказ за таа позиција, Џулиен Темпл забележал дека повеќето од сцената инспирирана од Секс Пистолс “не била вид на преголема и премала работничка класа. Била надвор од работ од бездната во социјални рамки. Тие всушност биле гласот на работничката класа која била речиси во истребување.“ Во годината кога се појавила “Анархијата во ВБ“ тој глас се слушал надалеку, се формирале повеќе од сто панк бенда низ државата- групи формирани главно од работничките и средните класи кои ги одбивале нивните вредности и покажувале солидарност кон работничката класа. Во 1980 година, критичарот Грил Маркус реагирал на контрадикторниот став на Мекларен

Можеби е тоа што во умот на нивните славни Свенгали...Секс Пистолс никогаш не беа создадени да бидат повеќе од деветнеделно чудо, евтино возило за ситни и брзи пари, неколку смешки, допир на старото epater la bourgeoisie. Или можеби е тоа што во умот на нивниот пропагандистички и терористички шеф, анархистички ветеран....и Ситуционалистички глумец Мекларен, дека Секс Пистолс се создадени да бидат сила која ќе допре до увото на светот...и конечно ќе ја спои музиката со политиката. Секс Пистолс се дел од сите овие работи.

Неколку години порано, Маркус идентификувал различни индикатори за спојување на музиката на бендот со политиката, расправајќи се дека тие “ настанале од реге и дека идејата на Растас за култура вовела расправии на моќните кои ниедна влада нема да можела да ги задоволи, посебна култура, речиси сепаратистичка и апокалиптична и дека ќе ја игнорира или смачка било која контраиндикација во таква сложена околност.“ Критичарот Шон Кембел дискутираше колку, католичкото,ирско наследство му пречеше во пристапувањето на реге сцената во Лондон и ја искомплицира неговата позиција во повеќе етничката англиска работна класа. Критичарот Бил Вајман открива дека Лидонската“ лажна интелигенција и зачудувачката харизма на сцената“ се важни показатели, но најважно е дека го открил вистинското значење на лагите на Мекларен и неговите провокативни медиумски провокации. Додека некои од навредите кон Секс Пистолс потекнуваа од Мекларен, Вествуд, компанијата и другите очигледно не беа вклучени-како што и самиот Мекларен го нарекува овој момент како главен кој сменил се“, во програмата на ’Дневното шоу’ на Бил Гранди. “ Малколм ги исцеди ситуациите“, изјави Кук, “тој не ги воведуваше, тоа отсекогаш беше наша работа“, Исто така е тешко да се опише ефектот на Секс Пистолс од првите емисии во Манчестер на градските надлуничави панк сцени кон било коидруги музичари. Метлок напиша подоцна дека во моментот кога го напуштил бендот, му се појавила идејата дека Мекларен“ дека тој не сметаше нам за негови кукли... Како и да е, од друга страна, уште оттогаш забележав декани самиот Малколм не е свесен затоа што сакаше да ни го стори, како што го беше и сторил.“ Од почетокот на неговото отсуство, Метлок покажа колку тој бил суров кон креативноста на бендот, во единаесетте месеци од неговото пристигнување и крајот на Секс Пистолс тие компонираа само две песни. Музичкиот историчар Сајмон Рејнолдс коментираше дека Мекларен го доби она што го посакуваше како аматер, по распаѓањето на групата со, The Great Rock’n’Roll Swindle (Големата Рок-н-рол нишка) и примањето на Рони Бигс како вокалист.Многу подоцнежни коментари за Секс Пистолс се појавија со јавното изјавување на Мекларен во филмот, за дали да им ја признае нивната кредитација или не. Како што новинарот Дејв Томпсон во 2000 година забележа, “ Во денешно време во’Нишката’ја гледаме вистината“ (наспроти фактот дека многу филмски снабдувања, помеѓу другите работи, и целосно необразованиот Стив Џонс, куче кое лае и Сид Вишус фрлајќи предмети кон публиката, вклучувајќи ја и неговата мајка во крајниот дел на (My way- “На мој начин“) Сигурни извори покажуваат дека карактеризирањето на Мекларен е објаснето како “голема шега- затоа што тој претставувал ’мајстор на куклите’ кој ги создал овие делчиња глина од пластични кутии кој моделирајќи го создал Џони Ротен и Сид Вишус. Беше шега дека тие биле ’преработени’.“ (Во последната сцена од неговиот филм, Мекларен признава дека тој ја зготвил аферата за Секс Пистолс, “Уште тогаш имав десет години! Уште тогаш Елвис Присли се придружи кон армијата!( со почит од 1956 година до 1958та година). Примери покажуваат дека Мекларен наводно “го прифатил ова со тешко срце“. Според организаторот на турите на Секс Пистолс, Ноел Монк и новинарот Џими Гутерман, Лидон бил многу повеќе од“гласот“ на бендот. Тој е нивниот мозок. На Мекларен или на неговиот пријател Џејми Рид, може да им излета збор како ’анархија’ или ’празен’ кој Ротен го претвора во големо значаен збор,но сепак Мекларен не е ’Свенгали’ на Ротен каков што тој очекува да биде. Мекларен мислеше дека работи со необразована раса, но набргу сфатидека и Ротен има свои идеи.“ Од друга страна постојат мали несогласувања околу талентот на Мекларен за рекламирање и неговиот суров обид да го направи бендот ’субкултурен’ феномен, набргу по неговата дебата. ’Темпл’ додаде дека “ ги анализирал умовите на многу луѓе. Имал толку многу несекојдневни идеи.“ Така како што Џон Савич изјави, “Всушност, Стив Џонс ја имаше првичната идеја за создавањето на групата, или било која група,заедно со Мекларен.???

Членови[уреди | уреди извор]

- Џони Ротен – водечки глас (од 1975 до 1978 година, од 1996 наваму) - Стив Џонс - бас гитарист( студиски), други вокали (од 1975 о 1978 година, од 1996 наваму) - Пол Кук - тапани (1975 до 1978 година, од 1996 година наваму) - Глен Метлок - бас, други вокали (од 1975 до 1977 година, од 1996 година наваму) - Сид Вишус – бас, други вокали (од 1977 година до 1978 година)

Пејачи на Секс Пистолс, следбеници на Ротен[уреди | уреди извор]

Водечки гласови, други освен на Џони Ротен, во песните од ( The great Rock’n’Roll Swindle) снимени за Секс Пистолс: - Рони Бигс, водечки гласови на “Никој не е невин“, “Белсен беше гас“ - Пол Кук- водечки глас на “ Смешна работа“ (албумска и филмска верзија) - Стив Џонс- водечки глас на “Friggin’ In the Riggin“, “Инструменталката на ЕМИ“, “Осамено момче“, “Смешна работа“ (единствена верзија) - Малколм Мекларен- вокал на “(Симфонијата)“ Господе, чувај ја кралицата“ и “Тебе ти требаат раце“ - Едвард Тудор- Пол- вокал на “The Great Rock’n’Roll Swindle“, “Кој ја уби Бамби?“, “Рок околу часовникот“ -Сид Вишус - вокал на “На мој начин“, “Нешто друго“, “Ајде сите“

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

- 1977 година, Never mind the Bollocks, “Here’s the Sex Pistols“, “Spunk“ (студиски албум) - 1979 година: The great Rock’n’Roll Swindle, “Some Product: Carri on Sex Pistols “( различни музички записи и интервјуа и радио снимки) - 1980 година: Flogging a dead horse, “Sex Pack“ (компилации) - 1985 година Anarchy in the U.K.- Live at the 76 Club b (снимки во живо) - 1992 година Kiss This (компилација) -1996 година Filthy Lucre Live ( снимка во живо) - 2002 година „Jubilee“, “Sex Pistols“ ( компилации) - 2005 година Raw and Live (снимка во живо) - 2007 година Agents of Anarchy (компилација) - 2008 година Live and Filthy (снимка во живо)

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.
  2. Discogs, The Exploited ‎– Troops Of Tomorrow (пристапено на 8.10.2020)
  3. IMDb, The Filth and the Fury (2000) (пристапено на 22.11.2017)