Бусенест жедник
| Бусенест жедник | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каменоломковидни |
| Семејство: | Дебелци |
| Род: | Жедник |
| Вид: | Бусенест жедник |
| Научен назив | |
| Sedum caespitosum (Cav.) DC. | |
| Синоними | |
|
Список
| |
Бусенест жедник (науч. Sedum caespitosum) — вид едногодишно цветно тревесто растение кое припаѓа на родот Жедник (Sedum) од семејството Дебелци (Crassulaceae). Видот за прв пат е опишан од шпанскиот ботаничар Антонио Хозе Каванилес.
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Ова е голо растение, неразгрането или разгрането од основата, најчесто со црвена боја. Стебленцето расте исправено, високо 2–5 см, со листови поставени во спирала. Листовите се широко јајцевидни, долги 3–6 мм, месести, полукружни, а во основата имаат торбесто шпоресто продолжение. Цветовите се собрани во кратки цимозни гранчиња, секое со 2–4 цветови. Цветовите имаат четири или пет члена и се речиси без дршка. Чашкините ливчиња се зелени, триаглести, долги околу 1 мм, со остар врв, а во долниот дел се споени меѓусебно. Венечните ливчиња се долги 3–4 мм, бели со розова средна жилка или светло розови, со остар врв. Цветот има четири или пет прашници со тенки, нишковидни филаменти. Мешунчињата (плодовите) се четири или пет, без влакненца, распоредени како ѕвезда, пурпурно-виолетови од горната страна и малку подолги од венечните ливчиња. Столпчињата се исклучително кратки.[1]
Во Македонија расте на брдски пасишта, песочни терени и плитки почви до 1000 метри надморска височина. Се среќава во Скопје – Матка; Жеденска Клисура; Таорска Клисура; Китка; Велес - клисура на р. Бабуна; Прилеп - околината на градот, Маркови Кули, кај манастирот Трескавец и Дервен; Битола - с. Лознени, с. Кукуречани, Црновршка Река; Штип - Исар; Овче Поле - с. Коселери; Кочани - околината на градот, с. Истибања; Македонска Каменица; Делчево - с. Луковица; Радовиш; Валандово; Гевгелија - с. Богданци, Смрдлива Вода; с. Николич и Асанли.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Бусенест жедник и други растенија
- Бусенест жедник
- Хербариумски примерок
- Хербариумски примерок
- Хербариумски примерок
- Хербариумски примерок
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Бусенест жедник на Ризницата ?- „Бусенест жедник“. — Енциклопедија на живиот свет.

- Граѓансконаучни набљудувања: Бусенест жедник на iNaturalist
| ||||||||||