Трипрстеста каменоломка
| Трипрстеста каменоломка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каменоломковидни |
| Семејство: | Каменоломки |
| Род: | Каменоломка |
| Вид: | Трипрстеста каменоломка |
| Научен назив | |
| Saxifraga tridactylites L. | |
Трипрстеста каменоломка (науч. Saxifraga tridactylites) — вид цветно тревесто растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae).
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Ова е едногодишно ситно и нежно растение високо 5–20 см. Стеблото е лепливо, покриено со жлездести влакна, разгрането во горниот дел, а секоја гранка завршува со цвет. Кај дел од примероците базалните листови се групирани во мала розета која се суши при цветање и формирањето на плодот, но најчесто тие не формираат розета. Листовите при основата се копјесто-лопатовидни, целосни или со по еден заб од двете страни на проширениот врв, што го прави триделен со три запчиња, а по површината и рабовите имаат ретки жлездести влакна. Листовите на стеблото се целосни или со 2–3 запчиња и ретки жлездести влакна. Цветовите се долги околу 4 мм, со дршки 2–4 пати подолги, а кај плодовите уште повеќе издолжени. Чашката е покриена со жлездести влакна; ливчињата долги 0,5–1 мм, а при цветање нивната должина се зголемува. Венечните ливчиња се бели, долги 2–3 мм, односно двојно подолги од чашкините. Плодникот е делумно потцветен. Плодната кутијка е обратно крушовидна или речиси топчеста, со заоблена или клиновидна основа.[1]
Расте на брдски и планински пасишта до 1700 метри надморска височина. Широко распространета билка низ Македонија.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- На варовнички изданок, Дербишир, Англија.
- Хербариумски примерок
- Хербариумски примерок
Наводи
[уреди | уреди извор]
|