Russula gracillima

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Russula|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Russula gracillima
Russula gracillima.jpg
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Russula
Вид: Russula gracillima
Биномен назив
Russula gracillima
Russula gracillima
Научна класификација edit
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Вид:
R. gracillima
Биномен назив
Russula gracillima

 

Russula gracillima, е габа од родот Гулапки попозната како витка кршливка. Таа е мала, бледа, кршлива габа со долга дршка поврзана главно со бреза и е повремена во Европа, Азија и Северна Америка.

Таксономија[уреди | уреди извор]

За прв пат е опишана од германскиот миколог Јакоб Кристијан Шефер во текот на 18 век. Специфичниот епитет доаѓа од латинската придавка gracilis, што значи тенок.

Опис[уреди | уреди извор]

Шапката е 2–6 cm во пречник. Обично во центарот е тапа зеленикава или маслинеста, и со розова маргина, иако може да биде само една од овие бои или понекогаш бледо виолетова. Отпрвин е конвексна, но подоцна се израмнува, а понекогаш има и мала централнавдлабнатина. Кожата на шапката се лупи од една третина до половина, а позрелите примероци често имаат избраздена маргина. Кревката, бела или бледо сиво-розова дршка е долга колку големината на шапката. Ливчињата се малку отпуштени, со бледо крем боја и дава отпечаток на спорите со иста боја. Тие немаат никаков рез или засеци на нивните слободни рабови. Месото е бело и има умерен вкус.[1]

Слични видови се Russula betularum, кои често се среќаваат во близина на брезите, и иако обично се побледи може да се помешаат со измиени примероци на R. racillima . Исто така, Russula fragilis е многу слична и расте на истите локации. Обично е потемно и повеќе виолетова, и има напки (назаби) на рабовите на ливчињата.

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Russula gracillima се појавува повремено во лето до доцна есен,[1] обично расте во мали групи со бреза, или понекогаш врба на влажни места.[2] Распространета е во северните умерени зони во Европа, Азија и Северна Америка.

Јадливост[уреди | уреди извор]

Јадливоста на Russula gracilis е непозната.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Phillips R. (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 25. ISBN 0-330-44237-6.
  2. Bon M. (1987). The Mushrooms and Toadstools of Britain and North Western Europe. Hodder and Stoughton. ISBN 0-340-39935-X.