Прејди на содржината

Russula alnetorum

Од Википедија — слободната енциклопедија
Russula alnetorum
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Russula alnetorum
Научен назив
Russula alnetorum
Russula alnetorum
Научна класификацијаedit
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Вид:
R. alnetorum
Биномен назив
Russula alnetorum

Romagn. 1956
Distribution of Russula alnetorum in Europe
Синоними

Russula pumila, Rouzeau & Massart

Russula alnetorum е вид на габа од родот Гулапка. Плодните тела се наоѓаат како растат на земја во близина на евла со кои оваа габа има симбиотска врска. Шапката е виолетова а ливчињата и дршката се бели, потемнуваат со возраста.

Шапката на оваа гулапка е со средна големина и обично помеѓу 2-6 см во пречник. Отпрвин е конвексно, потоа се израмнува и развива вдлабнатина во центарот, а месото е тенко и кревко. Маргината е тапа, на почетокот мазна, но подоцна станува назабена. Шапката е темно виолетова во центарот, понекогаш со сиво-кафени дамки и побледо виолетова во близина на рабовите. Ливчињата се бели, стануваат сивкави со возраста, делумно прицврстени за стеблото и се околу 3-7 мм широки. Отпечатокот на спорите е бел. Дршката е обично 3-5 см долга, но понекогаш може да достигне и до 8 см. Кршлива е, со сунѓересто месо и шуплива со две до четири прегради. Таа е цилиндрична, станува подебела во близина на основата, на почетокот бела, но станува жолтеникава и на крајот сива со возраста. Оваа габа е речиси без мирис или има малку овошен мирис.[1]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Russula alnetorum се јавува во поголемиот дел од Европа и северна Азија. Распространет е, но невообичаен и секогаш расте во асоцијација со евла во шумите, мочуриштата, грмушките и на речните брегови. Сака влажна земја, но не и почва со вода и се наоѓа на песочна почва и глина, но не и претерано кисели почви. Плодните тела се појавуваат од август до ноември.[1]

Екологија

[уреди | уреди извор]

Russula alnetorum е микоризална габа која има симбиотска асоцијација со обичната евла (Alnus glutinosa) и други видови на евла.[2]

  1. 1,0 1,1 Jahn, H. (1976). Russula pumila Rouzeau & Massart, ein Täubling unter Alnus glutinosa, in Norddeutschland und Westfalen gefunden“ (PDF). Westfälische Pilzbriefe. XI: 15–22.
  2. Featherstone, Alan Watson (2012-11-26). „Common or black alder“. Trees for life. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 2014-08-07.