Rumex patientia
| Rumex patientia | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Подворки |
| Род: | Штавеј |
| Вид: | Rumex patientia |
| Научен назив | |
| Rumex patientia L. | |
Rumex patientia ― тревно повеќегодишно цветно растение кое припаѓа на семејството подворки. Напролет често се консумира како лиснат зеленчук и како фил во пити во Јужна Европа, особено во Бугарија, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина и Србија. Исто така се користи и во Романија во пролетни чорби или сарма.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно растение со вретеновиден корен. Стеблото вертикално, 50-200 цм високо, јако, дебело, со надолжни бразди, честопати црвеникаво, разгрането во горниот дел. Базалните листови со долги дршки. Подолните стеблени листови издолжено-овални, 20-40 цм долги, месести, 4-6 цм широки, 3-4 пати подолги отколку широки, во основата закруглени или, срцевидни, понекогаш рамни или широко- клиновидни, по работ брановидно набрчкани и голи. Стеблените листови со многу покуси дршки, ламините во основата постепено стеснети, клиновидни, на врвот заострени; најгорните листови скоро линејни. Соцветието долга метличка. Страничните гранчиња вертикални и паралелни со главната оска. Цветните прешлени крупни и густи, со по 15-25 или повеќе цветови, во основата се без листови. Најдолните прешлени оддалечени, додека погорните се збиени и формираат густи соцветија. Цветовите хермафродитни. Надворешните ливчиња на перијантот налегнуваат на внатрешните (валвите). Валвите пошироки отколку долги, 4-8 мм долги и 6-10 мм широки, во горниот дел срцевидни, целокрајни или по работ неправилно ситно назабени, црвеникаво-кафеави. Само една валва е со брадавичка. Брадавичката е мала, 1,7 мм долга, издолжена, во долниот дел заострена, помала одвполовината на валвата. Валвите со јасно испакната мрежеста нерватура. Дршката на плодот до двапати подолга од валвите, со коленце во долната третина. Оревчето триаглесто, на врвот зашилено, а во основата потсечено, 2,5-3,5 мм долго, светлокафеаво, светликаво.[4]
Во Македонија расте по ливади, покрај шуми, карпи, железнички пруги и на други места. Овој вид претставува многу често растение, и се посочува за многу места.[4]
Употреба
[уреди | уреди извор]Неговите листовите може да се јадат сурови или варени, но содржат оксална киселина, па затоа не треба да се јадат прекумерно (на пример, секој ден). Листовите може да се користат за сурови во салати, варени во супи и чорби или слоевити во печени јадења како лазањи. Овие листовите се богати со минерали и можат да се собираат во секое време.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Семиња
- Rumex patientia - MHNT
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ UniProt. „Species Rumex patientia“. Посетено на 2008-07-02.
- ↑ „Rumex patientia“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 2 July 2008. (англиски)
- ↑ Меѓународна организација за растителни информации (IOPI). „Исход за Rumex patientia“ (HTML). Меѓународен индекс на растителни имиња. Посетено на 2008-07-02. (англиски)
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 465–466.
- ↑ Martin Crawford (2012). How to grow Perennial Vegetables. ISBN 978-1-900322-84-3.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Rumex patientia на Ризницата ?
Rumex patientia на Викивидовите ?- „Rumex patientia“. Plants for a Future. (англиски)
- Linnæi, Caroli (1753). „Trigynia“. Species Plantarum, Exhibentes Plantas Rite Cognitas, ad Genera Relatas, cum Differenentiis Specificis, Nominibus Trivialibus, Synonymis Selectis, Locis Natalibus, Secundum System Sexuale Digestas. Архивирано од изворникот на 2009-04-03. Посетено на 2008-07-02.
|