Rubus ulmifolius subsp. sanctus
| Rubus ulmifolius subsp. sanctus | |
|---|---|
| Flower with a bee (Hylaeus rubicola) | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Rubus |
| Вид: | Шаблон:Автотаксономија/RubusR. ulmifolius |
| Подвид: | Шаблон:Автотаксономија/RubusR. u. subsp. sanctus |
| Триномен назив | |
| Шаблон:Автотаксономија/RubusRubus ulmifolius subsp. sanctus (Schreb.) Sudre[1] | |
| Синоними[2][3] | |
Rubus ulmifolius subsp. sanctus,[4] е Rubus домороден во делови од Азија и Европа.
Ова растение е многу долговечно. Еден примерок од него може да се најде во капелата на горечката грмушка на Синајска Гора, каде што се почитува како оригинална несогорлива капина од Библијата. Оваа долговечност и локација довеле до неговото латинско име.[5][6]
Опис
[уреди | уреди извор]Грмушесто растение. Стеблата здрвенести, силно лачно издожени или полегнати, аглести, жлебовидни, со густ брашнест налеп (пруинози), повеќе или помалку пруинозни, препокриени со бројни, ѕвездести влакна со долги и куси краци, како и со јаки, прави или малку српесто свиткани, во основата проширени трња, распоредени по рабовите на стеблото.
Листовите на цветните гранчиња во горниот дел тројни во средниот и долен дел дланковидни со 5 ливчиња. Сите листови на горната страна темнозелени со поретки, прости влакна, како и со ретки ѕвездести влакна, обично кај работ на листот, на долната страна сивкасто-белузникави, густо препокриени со куси, прилегнати, кадифени, ѕвездести влакна и подолги, расперени, прости влакна. Терминалното ливче кругло, широко-јајцевидно, елиптично или обратно-траглесто, во основата срцевидно или заокруглено, на врвот постепено заострено или всечено, по рабовите назабено. Прилисниците линејни, влакнести. Цветовите собрани во издолжени, често пирамидални соцветија; оската на соцветијата влакнеста, со густи и куси влакненца, како и со поретки, расперени, долги влакна. Чашкините ливчиња јајцевидни, сивкасто-зелени, препокриени со густи влакненца, по краевите со бел раб, по прецветување свртени наназад. Венечните ливчиња обратно-јајцевидни, темноцрвени до бледорозови, подолги од столпчињата, антерите влакнести. Прашниците вертикални, бели, подолги од столпчињата. Карпелите голи. Плодовите црни.[7]

Хемија
[уреди | уреди извор]3,6-Ди-О-кафеоилглукоза, 1-О-кафеоилксилоза и 2,3-О-хексахидроксидифеноил-4,6-О-сангисорбој-(α/β)-глукоза (елагитанин конституиран со сангисорбинска киселина ), се наоѓаат во R. ulmifolius subsp. sanctus.
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте на суви места, покрај патишта, ниви, лозја, во појасот на брдските пасишта, на отворени места во појасот на дабови шуми, во клисури, покрај железнички пруги и др.
Варијабилност
[уреди | уреди извор]- Терминалното ливче пошироко отколку долго или пак со еднаква ширина и должина
- Терминалното ливче круглесто, на врвот всечено. Соцветијата најчесто збиени. Венечните ливчиња круглести - var. truncatus (познат за Таорска Клисура)
- Терминалното ливче широко, обратно-јајцевидно, на врвот всечено или пак остро и кусо зашилено, по рабовите нерамномерно назабено, соцветијата растресити, венечните ливчиња јајцевидни - var. alnifolius (Познат за Скопје - Водно, Матка; Кочани - с. Истибања; Гевгелија - Богданци; Струмица - с. Банско, с, Габрово; Ресен - с. Стење, с. Коњско, Отешево; Охрид - с. Пештани, с. Трпејца.
- Терминалното ливче подолго отколку широко
- Терминалното ливче обратно-триаглесто - var. obriangulatus (Дервенска Клисура - с. Рашче; Кочани - с. Истибања; Валандово)
- Терминалното ливче обратно-јајцевидно, во основата срцевидно - var. sanguineus (познат за Скопје - Водно, Матка; Дервенска Клисура - с. Рашче; Таорска Клисура, Куманово - с. Оризари, с. Лопаје; Велес - с. Градско, С. Уланци; Демир Капија - с. Клисура; Пробиштип; Кочани; Радовиш; Струмица - с. Банско; Прилеп; Битола - с. Скочивар; Демир Хисар -- с. Доленци, с. Железнец; Галичица - с. Пештани, с. Трпејца, с. Велгошти, Отешево; Јабланица - над с. Вевчани; Дебар - с. Баниште.)[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Tropicos“. www.tropicos.org.
- ↑ „Rubus sanctus“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земјоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 16 January 2018. (англиски)
- ↑ „Rubus ulmifolius subsp. sanctus (Schreb.) Sudre — The Plant List“. www.theplantlist.org.
- ↑ „Rubus sanguineus“. Wildflowers of Israel. Архивирано од изворникот на 2025-03-27. Посетено на 2026-07-10.
- ↑ „Places of Peace and Power“. Посетено на 15 October 2014.
- ↑ „Chapel of the Burning Bush“. Посетено на 15 October 2014.
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 4. Скопје: МАНУ. стр. 900–901.