Rubus saxatilis
| Rubus saxatilis | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Rubus |
| Вид: | Rubus saxatilis |
| Научен назив | |
| Rubus saxatilis L. 1753 not Michx. 1803 nor Bigelow 1824[1] | |
| Синоними[1] | |
| |
Rubus saxatilis,[2] е вид Rubus широко распространета низ поголемиот дел од Евроазија.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно тревесто растение кај кое надземните делови траат само една сезона, а потоа изумираат. Стебленцето 10-25 цм високо, вегетативно стебленце полегнато, влакнесто, кругло, препокриено со мали трнчиња, од кое следната година се образуваат цветните гранчиња. Листовите тројни. елиптично-јајцевидни, по рабовите неправилно назабени, на горната страна зелени, на долната бледозелени, од двете страни со ретки влакна.
Прилисниците копјести, до широко копјести. Цветовите3-10, собрани во лажно штитовидно соцветие. Чашкините ливчиња копјести, на врвот зашилени, со прилегнати влакненца, 5-6 мм долги, по цветањето расперени или свиткани наназад. Венечните ливчиња мали, тесно-елиптични, исправени, бели, скоро со еднаква должиба како и венечните ливчиња. Прашниците вертикални, бели, подолги од столпчињата. Плодовите образувани од 2-6 светло-сини костелковидни плодчиња.[3]
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Ова растение е распространето е низ Евроазија од Исланд и Шпанија на исток, па сè до Кина. Исто така, пронајден е и во Гренланд.[4]
Rubus saxatilis може да формира густи грутки, ширејќи се преку своите изданоци. Може да се шири и со семе, преку изметот на птици кои се хранат со плодот. Цвета во влажни шуми и груби места и може да расте во чистини создадени со сечење дрвја.[5]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте на карпести места, како и во појас на шума од црн бор. Познат за Караџица: Рада Планина - над с. Патишка Река, како и Капина, Јакупица, Сува Гора и Рудока.[3]
Употреба
[уреди | уреди извор]Кулинарски
[уреди | уреди извор]Бобинките се јадат сурови или варени,[4] и имаат кисел вкус,[4] но се вкусни.[4] Во руската кујна, тие се јадат обично со шеќер, мед или млеко и можат да се користат за подготовка на желе, компот, сок, сируп, џемови и квас.
Медицински
[уреди | уреди извор]Многу делови од растението се адстрингентни, главно поради присуството на танини. Декокт од коренот некогаш се користел во Индија за лекување на опуштени црева и дизентерија, а исто така и за лекување на спазматичната фаза на голема кашлица. Декокт од листовите се користел за лекување на дизентерија и некои видови крварење.
Друго
[уреди | уреди извор]Од плодот може да се добие виолетова до мат сина боја.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 The Plant List, search for Rubus saxatilis
- ↑ „Dictionaries of the Scots Language:: SND :: Roebuckberry“.
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 4. Скопје: МАНУ. стр. 891.
- 1 2 3 4 5 „Plants for a Future Plant Database: Rubus saxatilis (Stone Bramble)“. Посетено на 18 October 2012.
- ↑ „Stone bramble: Rubus saxatilis“. NatureGate. Посетено на 2013-12-29.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Ehrlén, Johan; Eriksson, Ove (1991). „Phenological variation in fruit characteristics in vertebrate-dispersed plants“. Oecologia. 86 (4): 463–470. Bibcode:1991Oecol..86..463E. doi:10.1007/BF00318311. ISSN 0029-8549. PMID 28313326.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Флора на Западните Хајлендс, цветни растенија и папрати што растат диво во Западните Хајлендс на Шкотска Архивирано на 24 септември 2015 г.
- Национални музеи на Северна Ирска, 2010, флора на Северна Ирска
- фотографија од примерок од хербариум во Ботаничката градина во Мисури
|