Броќови
| Броќови | |
|---|---|
| Бојаџиски броќ (Rubia tinctorum') | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Астериди |
| Ред: | Линцуровидни |
| Семејство: | Броќови Juss. |
| Типски род | |
| Броќ (Rubia) L. | |
| Потсемејства | |
| |
Броќови (науч. Rubiaceae), познати и како брошови и бросови — едно од најголемите семејства на цветни растенија, со околу 650 родови и повеќе од 13.000 видови. Името оваа семејство го носи по родот броќ (Rubia). Тука припаѓаат неколку економски важни растенија. Од Rubia cordifolia се добива боја, од видот Morinda angustifolia се користи кората, додека од родот Elaeagia се добива лак кој го користат уметниците. Меѓутоа, сепак најпознати растенија од ова семејство се: кафето (Coffea arabica и Coffea liberica) и Cinchona (од кое се добива лекот кинин). Има и неколку украсни растенија, како Ixora, Gardenia и Mussaeda.
Повеќето од видовите се среќаваат во тропските региони. Неколку видови се присутни и во умерените региони, каде се тревести. Овие растенија се јавуваат најчесто како дрвја и грмушки.
Морфологија
[уреди | уреди извор]Тоа се многугодишни хемикриптофитни растенија. Листовите се наспрамни, прости и целокрајни. Соцветијата се цимозни. Цветовите се хермафродитни и ретко зигоморфни. Околуцветникот е составен од 4 до 5 чашкини ливчиња и 4 до 5 венечни ливчиња. Столпчето е нежно, додека устенцата се капитатни или повеќеделни.
Машкиот дел од цветот (андрецеум) е изграден од 4 до 5 прашници. Женскиот дел (гинецеум) е претставен со 2 (ретко 1) споени плодни листови. Плодникот е потцветен, ретко натцветен или полупотцветен. Тој е билокуларен со 1 семенов зачеток во секоја локула (комора или окце). Присутни се нектарни дискови над плодникот. Плодот е бобинка, капсула, костелка или шизокарп.
Цветната формула на ова семејство е: или

Цветовите се протоандрични (прво се развива машкиот дел од цветот). Опрашувањето е со помош на инсекти, додека семињата се распространуваат епизоохорно (со животни).
Систематика
[уреди | уреди извор]


Родовите се распоредени во племиња кои од своја страна се сместени во три потсемејства:
Некои автори признаваат и четврто потсемејство - Antirheoideae.
Некои родови
[уреди | уреди извор]Следните родови на Броќовите се наведени од страна на Вотсон и Далвиц (од делта-класификацијата):
| „Броќови“ на Ризницата ? |