Кралски златен медал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Royal Gold Medal)

Кралскиот златен медал (англ. Royal Gold Medal) е награда за архитектура што секоја година ја доделува Кралскиот институт на британските архитекти во име на британскиот монарх за значајни придонеси во архитектурата на меѓународната сцена.

Наградата за првпат е доделена во 1848 г. на Чарлс Роберт Кокерел, а меѓу лауреатите спаѓаат некои од најзначајните архитекти на XIX и XX век, вклучувајќи ги Гајлс Гилберт Скот (1925), Френк Лојд Рајт (1941) и Ле Корбизје (1953). Освен архитекти, наградата ја имаат добиено и двајца инженери: Ове Аруп (1966) и Питер Рајс (1992). Во 1999 г. медалот е доделен на градот Барселона (Шпанија).

Медалот се доделува врз основа на целокупниот опус на архитектот наместо за поединечни дела.

Добитници[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Добитник за 2007 г. Архивирано на 11 октомври 2007 г. (англиски)
  2. Добитник за 2006 г. Архивирано на 29 септември 2006 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]