Прејди на содржината

Rhododendron myrtifolium

Од Википедија — слободната енциклопедија
Rhododendron myrtifolium
Научна класификација [ у ]
Вид: Rhododendron myrtifolium
Научен назив
Rhododendron myrtifolium
Schott & Kotschy, 1851[2]

Rhododendron myrtifolium (syn. Rhododendron kotschyi) — вид цветна зимзелена грмушка од семејството вресови (Ericaceae). Претставува честа појава на високите планински венци на Источна Европа, особено во Бугарија, Романија и Украина.[3][4]

Опис и распространетост

[уреди | уреди извор]

Rhododendron myrtifolium е ниска грмушка со висина до 50 см, која е карактеристично разгранета уште од основата. Старите стебла имаат набрана сиво-кафеава кора со бројни брадавичести остатоци од жлезди, а младите гранчиња се црвенкаво-кафеави и покриени со многу кратки влакненца. Листовите се поставени спирално, долги 1-2 см, широко-елипсовидни, кожести и голи; горната страна е темнозелена и сјајна, со спроводни жили вградени во ткивото што дава набран изглед; врвот е тап, рабовите благо свиткани надолу, основата се стеснува во кратка црвена дршка; долната страна е рѓесто-кафеава со виолетова нијанса и густо покриена со лушпести жлезди. Цветовите се групирани по 3-7 во завршни штитовидни гроздести соцветија; прицветните листови се издолжени, долги 7-8 мм, со тап врв, покриени со ситни влакненца и рабови со долги влакна; дршките се долги 10-20 мм, тенки, виолетово-црвени, со многу ситни влакненца и бројни лушпести жлезди. Чашката е во форма на чинија, поделена на 5 делови, со многу мали и кратки триаголни сегменти. Венчето е цилиндрично, долго 15-20 мм, со слободни делови околу 5 мм кои завршуваат заоблено; бојата е црвено-розова, површината има кратки бели влакненца и ретки жлезди, а внатрешноста на цевчестиот дел е густо влакнеста. Има десет прашници, покуси од венечната цевка; нивните филаменти се светлорозови, проширени во основата и по рабовите на долниот дел покриени со долги густи влакна. Антерите се отвораат на врвот преку кружни отвори. Плодникот е јајцевиден и густо покриен со жлезди, а столпчето е виолетово и еднакво долго со плодникот. Плодната кутијка е долга 4-6 мм.[5]

Во Македонија расте на тревести и каменливи терени со силикатна подлога во алпскиот појас. Ова растение се среќава единствено на планината Јакупица, над Салаковските Езера.[5]

Синоними

[уреди | уреди извор]
  • Rhododendron ferrugineum (Schott & Kotschy) Hayek 1928
  • Rhododendron kotschyi Simonk., 1887

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Rivers, M.C. (2017). „Rhododendron myrtifolium“. Црвен список на загрозени видови. 2017. doi:10.2305/IUCN.UK.2017-3.RLTS.T83772628A86136306.en. Посетено на 7 October 2024. Занемарен непознатиот параметар |article-number= (help)
  2. ↑ „Europe flora“. Royal Botanic Garden Edinburgh. Посетено на 23 July 2015.
  3. ↑ „Distribution and phytocoenotic characteristics of relict populations of Rhododendron myrtifolium (ericaceae) in the ukrainian carpathians“ (PDF). Consejo Superior de Investigaciones Científicas. Посетено на 23 July 2015.
  4. ↑ „Rhododendron myrtifolium“. Rosebay Massachusetts Chapter. Архивирано од изворникот на 2021-06-10. Посетено на 23 July 2015.
  5. 1 2 Мицевски, Кирил (1998). Флора на Република Македонија Том I, св. 4. Скопје: МАНУ. стр. 784–785.