Ретрансмисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Retransmission (data networks))
Прејди на: содржини, барај

Ретрансмисија е препраќање на пакети кои или биле оштетени или изгубени. Тоа е термин кој се однесува на еден од основните механизми користени од протоколите кои оперираат со преносот на пакети во сметачката мрежа за обезбедување сигурна комуникација ( таква која е овозможена од сигурен податочен поток, како TCP).

Таквите мрежи обично се 'несигурни', што значи дека не даваат гаранција дека нема да има застој, оштетување или губење на пакети или пренос со неправилен редослед.

Протоколите кои овозможуваат сигурна комуникација преку такви мрежи користат комбинации од потврди ( одредена потврда од дестинацијата на податокот), ретрансимисија на пакети кои недостигаат или се оштетени ( обично поради недостиг на време и контролен збир за да се овозможи сигурноста.

Има неколку форми на потврди кои може да се користат сами или заедно во мрежните протоколи:

  • Позитивна потврда – примачот експлицитно го информира праќачот кои пакети пораки или сегменти беа точно примени што може имплицитно да го информира испраќачот кои пакети не се примени иако биле пратени и мора да бидат препратени. Позитивната потврда со ретрансмисија ( анг. PAR ) е метод користен од TCP (RFC 793) за да верификува примање на пренесени податоци. PAR функционира со препраќање на податоци во утврден временски период се додека примателот не го потврди приемот на податоци.
  • Негативна потврда – анг. NAСК – примачот експлицитно го известува испраќачот кои пакети пораки или сегменти беа неточно примени и мора да бидат препратени (RFC 4077).
  • Селективна потврда - анг.SACK – примачот експлицитно набројува кои пакети, пораки или сегменти во протокот се потврдени ( негативно или позитивно ). Позитивна селективна потврда е опција во ТСР која се користи во сателитскиот интернет пристап (RFC 2488).
  • Кумулативна потврда – примачот потврдува дека точно го примил пакетот, пораката или сегментот што имплицитно може да го информира испраќачот дека претходните пакети се точно примени. ТСР користи кумулативна потврда во својот лизгачки прозорец.

Ретрансмисијата е многу едноставен концепт. Секогаш кога една страна испраќа информации на друга страна, страната која испраќа зачувува копија од материјалот се додека другата страна не потврди дека го примила. Во различни ситуации , на пр.:

  • Ако нема таква потврда во разумно време, тајмоут или
  • Ако испраќачот открите, па дури и со некои средства надвор од опсегот, дека преносот беше неуспешен, или
  • Ако примателот знае дека очекуваните податоци не се пристигнати и затоа го известува испраќачот, или
  • Ако примателот знае дека податоците се пристигнати , но во оштетена состојба и го информира за тоа испраќачот, па испраќачот автоматски ги препраќа податоците ( бидејки сеуште има копија од нив ).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]