Reseda lutea
| Reseda lutea | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Reseda |
| Вид: | Reseda lutea |
| Научен назив | |
| Reseda lutea L. | |

Reseda lutea — едногодишно или повеќегодишно миризливо тревесто цветно растение.[1] Нејзините лисја и цветови се користеле за добивање жолта боја уште од првиот милениум пред нашата ера.
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Растението е високо 30-70 см. Стеблото е вертикално, може да биде неразгрането или разгрането. Листовите имаат крилест дршковиден основен дел, а горниот дел е насечен на 1-2 пара странични сегменти, целокрајни или повторно насечени; базалните листови со линејно-копјеста плоча со два помали странични и еден поголем среден сегмент; горните листови потесни, со 1-3 пара странични сегменти, најдолните често со секундарни сегменти; по рабовите и долж средната жила на долната страна има брадавичести сплескани израстоци. Соцветието е густо, гроздовидно, со остар врв, по прецветување издолжено; прицветниците линејни, трипати подолги, паѓаат по прецветување; цветната дршка долга 4-5 мм. Чашкините ливчиња обично се 6, долгнавести, 2-3 мм долги, и остануваат и кај плодот. Венечните ливчиња се 6, жолтеникаво-зелени до жолти; горниот дел на горните венечни ливчиња е поделен на три дела. Прашници има 12-30, најчесто околу 20; филаментите се малку груби и брзо паѓаат. Кутијката е цилиндрична, понекогаш јајцевидна или елиптична, долга 7-15 (до 17) мм, широка 4,5-5,5 мм, гола, со 3 кратки запчиња и брадавичести израстоци по жилите. Семките се бројни, околу 1,75 мм долги, црни и сјајни.[1]
Потекнува од Евроазија и Северна Африка, а како вид на плевел е распространето и на други континенти. Во Австралија се смета за штетен плевел и непријател на земјоделските култури. Расте покрај ѓубришта, патишта, огради, на брдски пасишта и меѓи. Во Македонија е широко распространето до 780 m надморска височина.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Хербариумски примерок на Reseda lutea
- Хербариумски примерок на Reseda lutea
- Хербариумски примерок на Reseda lutea
- Хербариумски примерок на Reseda lutea
- Хербариумски примерок на Reseda lutea
- Хербариумски примерок на Reseda lutea
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|