Прејди на содржината

Ranunculus muricatus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ranunculus muricatus
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: Ranunculus muricatus
Научен назив
Ranunculus muricatus
L.

Ranunculus muricatus е вид на лутиче кое потекнува од Европа, но може да се најде и на многу други места во светот, вклучувајќи делови од Африка, Австралија и западните и источните Соединети Американски Држави, како воведен вид и земјоделски плевел.

Во Македонија расте по влажни тревести места, и претставува многу ретко растение, познато само за Струмичко и Битолско.[1]

Расте во влажни живеалишта, како што се канали за наводнување . Тоа е едногодишна или понекогаш двегодишна билка со стебло кое е претежно без влакна, долго до половина метар кое може да расте исправено или легнато по земјата. Листовите имаат лобуси долги неколку сантиметри кои се длабоко поделени на три лобуси или поделени на три ливчиња. Тие се безвлакнести до влакнести по текстура, и се наоѓаат на врвовите на долгите лисни дршки. Цветот има пет сјајни жолти ливчиња под 1 см долги, исполнет со многу прашници и толчници. Плодот е бодликава ахена сместена во сферична гроздова група од 10 до 20.

  1. ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 131, МАНУ, Скопје, 1985

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]