Луковичесто лутиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ranunculus bulbosus)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луковичесто лутиче
Ranunculus bulbosus.jpeg
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Ред: Лутиковидни
Семејство: Лутичиња
Род: Лутиче
Вид: Луковичесто лутиче
Биномен назив
Ranunculus bulbosus
L., 1753

Луковичесто лутиче (науч. Ranunculus bulbosus)[1]повеќегодишно растение од семејството на лутичињата. Тоа има привлечни жолти цветови, и три заоблени длабоко засечени основни ливчиња.

Раст[уреди | уреди извор]

Крушковидна луковица

Етимологија[уреди | уреди извор]

Растението го добило името по неговиот препознатлив корен во вид на грутчеста луковица, која се наоѓа веднаш под површината на почвата. По изумирањето на растението како резултат на високите температури во летниот период, луковицата преживува преку зима.[2][3] Присуството на луковица го разликува ова лутиче од некои други видови лутичиња на родот Ranunculus како што e полското лутиче (Ranunculus acris), вид кој исто така има карактеристични чашкини ливчиња.

Одгледување и употреба[уреди | уреди извор]

Просторна распостранетост[уреди | уреди извор]

Ranunculus bulbosus расте во тревници, пасишта и ниви, преферирајќи сиромашни почви. Иако тоа не е вообичаено, може да се сретне и на пасишта и честопати се сретнува во крајбрежни тревни површини [4]. Природен простор на распостранување на луковичестото лутиче е Западна Европа помеѓу 60° СГШ и северниот дел на средоземноморскиот брег. Тоа расте и во источните и западните делови на Северна Америка како плевел.[5]

Хемиски состојки[уреди | уреди извор]

Ова растение, како и други во семејството на лутичињата, содржи отровен секундарен метаболит ранункулицин - гликозид. Тоа е одбранбен механизам на растението за да се избегне да биде изедено од добитокот. Во сува состојба растението не е отровно.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  1. "Ranunculus bulbosa". Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 18 October 2015.
  2. S Coles (1973) Ranunculus bulbosus L in Europe. Watsonia 9: 207-228
  3. J Sarukhan (1974) Studies on plant demography: Ranunculus repens L., R. bulbosus L. and R. acris L.: II. Reproductive strategies and seed population dynamics. The Journal of Ecology: 151-177
  4. Bulbous Buttercup: Ranunculus bulbosus
  5. Weed management