Rabbit Heart (Raise It Up)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Rabbit Heart (Raise It Up)“
Rabbit Heart (Raise It Up).jpg
Сингл од Florence and the Machine
од албумот Lungs
Страна Б "Are You Hurting the One You Love?"
Издаден 21 јуни, 2009

[1]

Текстописец Флоренс Велч, Паул Епворт
Формат ЦД сингл, грамофонска плоча, музички доунлоуд
Снимен 2007-08
Жанр Инди-поп
Должина 3:30 (сингл верзија)
3:39 (видео верзија)
3:52 (албум верзија)
Издавачка куќа Universal Island, Moshi Moshi
Продуцент Паул Епворт
Хронологија на синглови на Florence and the Machine
"You've Got the Love"
(2009)
"Rabbit Heart (Raise It Up)"
(2009)
"Drumming Song"
(2009)

"Rabbit Heart (Raise It Up)" е сингл од 2009 година од британската инди поп група, Florence and the Machine. Синглот е издаден од издавачките куќи Universal Island Record Label и Moshi Moshi Records на 21 јуни, 2009 во EP формат, а потоа на 22 јуни, 2009 како дигитален доунлоуд, ЦД, Грамофонска плоча, (7 инчи и 5 инчи) формат во Обединетото Кралство. Песната исто така станала првиот сингл на бендот кој бил на А-листата на BBC Radio 1. Ова е нивниот втор најуспешен сингл, искачувајќи се на 5 место на UK Singles Chart, додека песната "You've Got the Love", се искачила на 5 место. Ремикс на песната направиле многу артисти, вклучувајќи го и Jamie T, чиј ремикс е вклучен на ЦД-то со синглови на бендот, заедно со "Are You Hurting the One You Love?" - Б страна на "Rabbit Heart (Raise It Up)". Инструменталната верзија на песната е користена за реклама на Sky Sports во септември, 2009 година.

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Флоренс Велч во музичкото видео за песната "Rabbit Heart (Raise It Up)".

Музичкото видео за "Rabbit Heart (Raise It Up)" е режирано од Том Бирд и Табита од Queens of Noize. Снимено е на 6 мај, 2009, а подоцна е издадено на 22 јуни, 2009 (кога синглот бил целосно издаден).[2]

Видеото започнува на земјиште со парче облека, префрлено на лицето на Флоренс, а потоа таа почнува да се врти во круг со уште две други девојки кои ја следат. Потоа девојите почнуваат да танцуваат околу земјиштето, а потоа се гледа харфа и Флоренс почнува да танцува со девојките. Потоа Флоренс седнува на маса на која е сервирано јадење, со уште 6 други луѓе.

Флоренс и другите шест луѓе почнуваат да ја фрлаат храната на тревата и повторно почнуваат да танцуваат. Флоренс потоа ќе легне на чаршафот од масата, а другите луѓе ќе го превиткуваат чаршафот за да го направат како гроб. Луѓето го земаат гробот со Флоренс и го спуштаат во река која се наоѓа во близината и на крајот гробот сè повеќе и повеќе ќе се оддалечува. Видеото е спуштено на Јутуб на 14 мај, 2009 и има повеќе од 5 000 000 гледања.


Наводи[уреди | уреди извор]