Прејди на содржината

RETScreen

Од Википедија — слободната енциклопедија
RETScreen
ПрограмериВладата на Канада | Повеќе субјекти
Првично изданиеаприл 30, 1998; пред 26 години (1998-04-30)
Стабилно изданиеRETScreen Expert / септември 19, 2016; пред 8 години (2016-09-19)
Опер. системМикрософт Виндоус
Мреж. местоretscreen.net

RETScreen софтверот за управување со чиста енергија (обично во скратена верзија RETScreen) е софтверски пакет развиен од страна на Владата на Канада. RETScreen Expert беше истакнат на Министерскиот состанок за чиста енергија во 2016 г. што се одржа во Сан Франциско.[1] Софтверот е достапен на 36 јазици, вклучувајќи и македонски.

RETScreen Expert е тековната верзија на софтверот и беше јавно претставена на 19 септември 2016 г. Софтверот овозможува сеопфатна идентификација, оценување и оптимизација на техничката и финансиската одржливост на потенцијалните проекти за одржлива енергија и енергетска ефикасност; како и мерење и потврдување на фактичката ефикасност на објектите и идентификација на можностите за заштеда на енергија/производство.[2] „Режимот на програма за приказ“ во RETScreen Expert е бесплатен и дозволува пристап до сите функции на софтверот. Меѓутоа, за разлика од минатите верзии на RETScreen, сега е достапен нов „Професионален режим“ (што им овозможува на корисниците да зачувуваат, печатат итн.) и за него се плаќа годишна претплата.

RETScreen Suite, што се состои од RETScreen 4 и RETScreen Plus, е претходната верзија на софтверот RETScreen. RETScreen Suite опфаќа можности за когенерирање и анализа на воненергетската мрежа.

За разлика од RETScreen Suite, RETScreen Expert е една интегрирана софтверска платформа; користи детални и сеопфатни архетипови за оценување проекти; и опфаќа можност за анализа на портфолио. RETScreen Expert содржи голем број бази на податоци за да му помогне на корисникот, вклучувајќи глобална база на податоци за климатските услови добиена од 6.700 станици што се наоѓаат на земјата и сателитски податоци од НАСА; база на референтни податоци; база на податоци во врска со трошоците; база на податоци од проекти; хидролошка база на податоци и база на податоци од производи.[3] Софтверот содржи обемен материјал за обука, вклучувајќи и електронски учебник.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првата верзија на RETScreen беше објавена на 30 април 1998 година. RETScreen Version 4 беше објавена на 11 декември 2007 г. во Бали, Индонезија од страна на Министерот за животна средина на Канада.[5] RETScreen Plus беше објавена во 2011 г.[6] RETScreen Suite (интегрирајќи ги RETScreen 4 и RETScreen Plus со бројни дополнителни надградби), беше објавена во 2012 г.[7] RETScreen Expert беше претставена пред јавноста на 19 септември 2016 г.[8]

Програмски барања

[уреди | уреди извор]

Услови што треба да бидат исполнети за функционирање на програмата се Microsoft® Windows 7 SP1, Windows 8.1 или Windows 10; и Microsoft .NET Framework 4.7 или понова верзија.[9] Програмата може да работи на Apple Macintosh компјутери со употреба на Parallels или VirtualBox за Mac.[10]

Партнери

[уреди | уреди извор]

RETScreen работи под раководство и постојана финансиска поддршка на Истражувачкиот центар за природни извори на Канада, CanmetENERGY во Варенес, оддел на Владата на Канада. Главниот тим[11] ја користи максимално соработката со голем број владини и мултилатерални организации, со техничка поддршка од голема мрежа на експерти од индустрискиот, владиниот и академскиот сектор.[12] Најважни партнери се Истражувачкиот центар на НАСА во Ленгли,[13] Партнерството за обновлива енергија и енергетска ефикасност (REEEP),[14] Независниот оператор за системи за електрична енергија (IESO) на Онтарио,[15] УНЕП-овиот сектор за енергетика при Одделот за технологија, индустрија и економија,[16] Глобалната служба за животна средина (GEF),[17] Фондот за јаглероден прототип на Светската банка[18] и Иницијативата за одржлива енергија на Јоршкиот универзитет.[19]

Примери за употреба

[уреди | уреди извор]

Од февруари 2018 г., софтверот RETScreen имаше повеќе од 575.000 корисници во секоја земја и територија.[20]

Со независно истражување за влијанието[21] проценето е дека до 2013 година, употребата на софтверот RETScreen резултирала, на светско ниво, со заштеда поголема од 8 милијарди долари од трошоците за трансакции меѓу корисниците, намалување на емисијата на стакленички гасови за 20 MT годишно и имала придонес за најмалку 24 GW во вид на инсталирани капацитети за чиста енергија.

RETScreen се користи во целиот свет за олеснување и спроведување на проектите за чиста енергија. На пример, RETScreen се користел:

  • за модифицирање на Емпаер Стејт Билдинг со мерки за енергетска ефикасност[22]
  • на производните капацитети на 3M Canada[23]
  • во голема мера од страна на ирската индустрија за генерирање енергија од ветер за анализа на потенцијални нови проекти[24]
  • за следење на ефикасноста на стотици училишта во Онтарио[25]
  • од страна на програмата на Mанитоба Хидро за комбинирање на топлината и енергијата (биоенергетска оптимизација) за тестирање на примената на проектите[26][27]
  • за управување со енергијата во кампусите на универзитетите и колеџите[28]
  • во повеќегодишна проценка и евалуација на фотоволтаичната ефикасност во Торонто, Канада[29][30]
  • за анализа на сончевото воздушно греење во инсталациите на Воздухопловството на САД[31]
  • за општински објекти, вклучувајќи утврдување на можностите за модификации од аспект на енергетска ефикасност во разни општини во Онтарио.[32][33]

Обемна колекција на статии со детали за тоа како се користи RETScreen во различни контексти е достапна на LinkedIn страницата на RETScreen.[34]

RETScreen исто така се користи како наставна и истражувачка алатка од страна на повеќе од 1.100 универзитети и колеџи низ целиот свет и често се цитира во академската литература.[35] Примери за употребата на RETScreen во академскиот свет може да се најдат во деловите „Публикации и извештаи“ и „Курсеви на универзитети и колеџи“ од билтенот на RETScreen, достапен преку Прирачникот за корисникот во преземениот софтвер.

Употребата на RETScreen е задолжителна или препорачана во рамките на стимулирачките програми за чиста енергија на сите владини нивоа во целиот свет, вклучувајќи ги UNFCCC и ЕУ; Канада, Нов Зеланд и Обединетото Кралство; бројни држави во САД и канадски провинции; градови и општини; и комунални претпријатија.[36] Националните и регионалните работилници за обука на RETScreen се спроведуваат со официјално барање на Владите на Чиле,[37] Саудиска Арабија[38] и 15 земји во Западна и Централна Африка,[39] како и Организацијата за енергетика на Јужна Америка (OLADE).

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Во 2010 г., RETScreen International ја доби Наградата за извонредност во доменот на јавните услуги,[40] највисоката награда што ја доделува владата на Канада на јавните службеници. Тимовите на RETScreen и RETScreen се номинирани за и добиваат бројни други престижни награди вклучувајќи ги Глобалната награда за обновлива енергија на Еrnst & Young/Euromoney, Енергетски свет (национална награда за Канада) и Медалот за одликувањето на GTEC.[41]

Прегледот на Меѓународната агенција за енергетика на бета изданието на делот за хидроенергетика на софтверот го опиша како „многу импресивен“.[42] Европската агенција за животна средина потврдува дека RETScreen е „исклучително корисна алатка.“[43] RETScreen исто така е наречен „една од неколкуте софтверски алатки, и убедливо најдобра, достапни за оценување на економијата на инсталациите за обновлива енергија“ и „алатка за подобрување... на пазарната кохерентност“ на чистата енергија во целиот свет.[21]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Canada, Mexico and the United States Show Progress on North American Energy Collaboration“. News.gc.ca. 2016-06-03. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 2016-10-20.
  2. Clean Energy Solutions Center. „Financial Analysis with RETScreen“ (Video). Youtube.com. Посетено на 2016-10-20.
  3. „NASA - NASA Collaboration Benefits International Priorities of Energy Management“. Nasa.gov. 2010-02-24. Архивирано од изворникот на 2017-06-07. Посетено на 2016-07-15.
  4. „Clean Energy Project Analysis, RETScreen® Engineering & Cases Textbook: M154-13/2005E-PDF - Government of Canada Publications“ (PDF). Publications.gc.ca. Посетено на 2016-02-24.
  5. „Archived - CANADA LAUNCHES CLEAN ENERGY SOFTWARE - Canada News Centre“. News.gc.ca. 2007-12-11. Архивирано од изворникот на 2012-03-12. Посетено на 2016-07-15.
  6. „RETScreen adds energy performance analysis module“. REEEP.org. Архивирано од изворникот на 2018-06-23. Посетено на 2016-07-15.
  7. „Archived - RETScreen International Newsletter - 2012-06-05: Major Upgrade to RETScreen Software“. Web.archive.org. 2012-06-05. Архивирано од изворникот на 2015-07-15. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Archived - RETScreen International Newsletter - Coming Soon: RETScreen Expert Software“. Web.archive.org. 2015-01-30. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „RETScreen, Natural Resources Canada“. Nrcan.gc.ca. Посетено на 2016-07-15.
  10. „Archived - RETScreen International - FAQ - Windows/Excel & other“. Web.archive.org. 2015-04-24. Архивирано од изворникот на 2015-07-14. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Archived - RETScreen International Core Team“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 2018-02-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. „Archived - RETScreen International Network of experts“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 2018-02-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  13. „NASA - POWER“. Nasa.gov. Посетено на 2018-02-13.
  14. „Renewable Energy and Energy Efficiency Partnership (REEEP)“. REEP.org. Посетено на 2018-02-13.
  15. „IESO“. IESO.ca. Посетено на 2018-02-13.
  16. „About DTIE“. Uneptie.org. Архивирано од изворникот на 2018-04-08. Посетено на 2018-02-13.
  17. „Global Environment Facility“. Thegef.org. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 2018-02-13.
  18. „Carbon Finance at the World Bank: Prototype Carbon Fund“. Wbcarbonfinance.org. Архивирано од изворникот на 2017-04-15. Посетено на 2018-02-13.
  19. „Sustainable Energy Initiative“. Yorku.ca. Посетено на 2018-02-13.
  20. „Archived - RETScreen International - RETScreen Software: Cumulative Growth of User Base“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-20. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. 21,0 21,1 „Archived - RETScreen International: Results & impacts 1996-2012“ (PDF). Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-09-26. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Archived - RETScreen International - Energy Performance Contracting“ (PDF). Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „3M Canada Deploys RETScreen Software“.
  24. „Archived - RETScreen International - Wind Power and Biomass Heating Projects Seamus Hoyne, TEA and Tipperary Institute“ (PDF). Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2014-08-06. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „School Board Energy Managers Lead Way“.
  26. „Bioenergy Optimization Program“. Hydro.mb.ca. Посетено на 2016-07-15.
  27. „Archived - RETScreen International - Power Smart Bioenergy Optimization Program“ (PDF). Web.archive.org. June 2011. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 2016-10-24.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  28. „Universities and Colleges Reduce Carbon“.
  29. „Solarcity Technology Assessment Partnership“. Explace.on.ca. June 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-25. Посетено на 2016-07-15.
  30. „Horse Palace Photovoltaic Pilot Project: Update Report“ (PDF). Solarcitypartnership.ca. January 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-02. Посетено на 2016-07-15.
  31. „AN EVALUATION OF SOLAR AIR HEATING AT UNITED STATES AIR FORCE INSTALLATIONS“. Dtic.mil. Архивирано од изворникот на 2013-09-09. Посетено на 2016-07-15.
  32. „Katelyn McFadyen and Cristina Guido - Municipal Energy Champions“. Архивирано од изворникот на 2018-04-08. Посетено на 2018-03-27.
  33. „Internet Archive Wayback Machine“. Web.archive.org. 2014-08-08. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. „Archived - RETScreen International Newsletter“. Web.archive.org. 2015-12-22. Архивирано од изворникот на 2016-01-12. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  35. На пример, пребарувањето на Google Scholar за RETScreen на 7 февруари 2018 даде над 5.500 резултати.
  36. „Archived - RETScreen International - Clean Energy Policy Toolkit“. Web.archive.org. 2012-09-21. Архивирано од изворникот на 2015-10-05. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  37. „Archived - RETScreen International - CER Chile Implements RETScreen Training Program“. Web.archive.org. 2014-10-24. Архивирано од изворникот на 2015-07-14. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  38. „Archived - RETScreen International - Saudi Arabia Builds Clean Energy Capacity“. Web.archive.org. 2014-05-02. Архивирано од изворникот на 2015-07-14. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  39. „Archived - RETScreen International - Strengthening the Foundations of Clean Energy in West Africa“. Web.archive.org. 2014-05-02. Архивирано од изворникот на 2015-07-14. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  40. „Public Service Award of Excellence 2010“ (PDF). Ottawacitizen.com. Посетено на 2016-07-15.
  41. „Archived - RETScreen International - Awards“. Web.archive.org. 2011-02-03. Архивирано од изворникот на 2015-05-09. Посетено на 2016-07-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  42. „Assessment Methods for Small-hydro Projects“ (PDF). Ieahydro.org. Посетено на 2016-10-24.
  43. „RETScreen Clean Energy Project Analysis Software | Environmental software tools for accounting, carbon footprinting & sustainability performance“. Environmenttools.co.uk. Посетено на 2016-07-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]