Сан Франциско де Кито, често именуван и како Кито е главен град на Еквадор во северозападниот дел на Јужна Америка. Тој се наоѓа во северниот и централниот дел од Еквадор во речениот слив Гуајлабамба, на падините на вулканот Пичинча. Со население од 1.978.376, според последниот попис (2019), и, како што е пресметан од страна на општината со околу 1.504.991 во 2005, Кито е вториот најнаселен град во Еквадор, по Гвајакил. Исто така тој е главен град на провинцијата Пичинча и седиште на митрополитскиот округ Кито. Кантонот имал население од 1.842.201 жител во 2001 според националниот попис. Во 2008 градот е прогласена како седиште на Унијата на јужноамериканските нации.
Кито датира од првиот век, кога племето Киту ја населила таа област и формирало еден трговски центар. Според Жан де Веласко и неговата книга од 1767 „Historia del Reino de Quito“ (Историја на Кралството Кито), Киту било освоено од племето Карас и со тоа било основано Кралството Кито во 980.
Индијанскиот отпор против шпанската инвазија продолжила во текот на 1534 година, за време на основањето на Сантјаго де Кито од страна на Диего де Алмагро15 август истата година,а потоа се преименувал во Сан Франциско де Кито на 28 август. Градот бил подоцна префрлен на денешната локација и повторно основан на 6 декември 1534 со 204 жители.
Ова се податоци за населението во градот на соодветен начин утврдени со последниот попис спроведен во 2001 година. Бројот не се одразува на населението на целата регија, која, исто така, вклучува и околните рурални парохиите (парохија места и нивната околина), кои се одвоени од градот.
Население: 1.397.698
Број на домаќинства: 419.845
Неписменост стапка: 3,6%
Стапка на невработеност: 8,9%
Стапка на невработеност: 43,8%