Pyrola chlorantha
| Pyrola chlorantha | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Pyrola |
| Вид: | Pyrola chlorantha |
| Научен назив | |
| Pyrola chlorantha Sw. | |
| Синоними | |
|
Pyrola virens | |
Pyrola chlorantha — растителен вид од родот Pyrola. Се одликува со циркумбореална распространетост и се среќава низ северните географски широчини на Евроазија и Северна Америка.
Pyrola chlorantha е распространета во североисточниот дел на САД и западниот дел на САД, вклучувајќи ја и планината Сиера Невада во Калифорнија.
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Pyrola chlorantha е повеќегодишно голо тревесто растение со тенки и долги ризоми. Надземните стебла достигнуваат височина од 10 до 30 см, растат вертикално и обично се поединечни. Тие имаат четириаголна форма со остри рабови кои при врвот се крилести, со црвеникаво-кафеава боја и носат едно или неколку лушпести ливчиња со триаголен изглед. Листовите презимуваат и се распоредени во приземна розета; имаат речиси тркалезна или обратно-јајцевидна форма со пречник до 2 см. Горната лисна страна им е зелена, додека долната е посветла. На врвот се заоблени, со речиси мазен раб, а при основата нагло се стеснуваат во дршка која е значително подолга од самата лисна плочка. Цветовите имаат широко-ѕвонест облик со дијаметар од 8 до 12 мм и се поставени на дршки кои се пократки од нив самите. Прицветниците имаат линејно-копјеста форма и се подолги од цветните дршки. Чашката е составена од куси и широко-триаголни делови со тесни бели рабови, кои се притиснати до венчето и се за три до четири пати помали од него. Венечните ливчиња имаат јајцевидна форма и должина од 6 до 8 мм; тие се со жолтеникаво-зелена боја и широк белузлав раб, со фино назабени врвови, меѓусебно се преклопуваат и лесно паѓаат. Прашниците се кратки, при што филаментите се шират кон основата, додека во горниот дел се свиткуваат навнатре во цветот. Антерите се долги од 2,3 до 2,7 мм и имаат два портокалови роговидни израстоци кои завршуваат со отвори на врвовите. Столпчето е долго меѓу 6 и 7 мм, со проширен врв, свиткано е надолу и е подолго од венечните ливчиња, додека самиот жиг има брадавичеста текстура. Плодната кутијка има тркалезна форма и заедно со столпчето виси наведната надолу.[1]
Во Македонија населува сеновити и влажни шумски екосистеми на надморска височина над 1300 м. Познато е дека расте на планините Караџица - Рада Планина и Ниџе.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Pyrola chlorantha
- Растението во неговото природно живеалиште Pyrola chlorantha
- Pyrola chlorantha
- Pyrola chlorantha
- Илустрација на Pyrola chlorantha
- Отворен цвет на Pyrola chlorantha
- Плодовите на Pyrola chlorantha набргу по прецутувањето.
- Pyrola chlorantha
- Pyrola chlorantha
- Листови на Pyrola chlorantha
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|