Прејди на содржината

Puck (магазин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Puck
border
Насловна страна на Puck (6 април 1901): Колумбија која носи воен брод со натписот „Светска сила“ како нејзина „велигденска капа“
УредникHenry Cuyler Bunner (1877–1896)
Harry Leon Wilson (1896–1902)
Joseph Keppler Jr. (1902–1918)
КатегорииHumor
Честотанеделно
ИздавачWilliam Randolph Hearst (1916–1918)
ОсновачЏозеф Кеплер (1876–1894)
Адолф Шварцман (1876–1904)
Прв бројна германски јазик (1876; пред 149 години (1876))
на англиски јазик (1877; пред 148 години (1877))
Последен број5 септември 1918; пред 107 години (1918-09-05)
ЗемјаСАД
СедиштеSt. Louis, later New York City
Јазикгермански
англиски

Puck беше првото успешно хумористично-сатирично списание во Соединетите Американски Држави, кое во своите изданија содржеше цртежи во боја, карикатури и силна политичка сатира. Списанието е основано во 1876 година како публикација на германски јазик од Џозеф Кеплер, карикатурист роден во Австрија.

Пукиш (Puckish) значи „детски палав“. Имено, во детската искреност и искажувањето на вистината низ палавост, хумор и сатира настанало и името на списанието. Инспирација за името на списанието бил Шекспировиот лик Пук (од „Сонот на летната ноќ“). Списанието „Пук“ е првo што успешно го усвои печатењето литографија целосно во боја за неделно објавување.

Првото издание на „Пук“ на англиски јазик беше објавено во 1877 година, покривајќи прашања како што се американската претседателска политика и социјалните прашања од крајот на 19 век до почетокот на 20 век.

„Пук“ се објавуваше од 1876 до 1918 година.